Василица (планина)
Василица (грчки: Βασιλίτσα) — планина во состав на венецот Пинд, на границата меѓу Егејска Македонија на исток и Епир на запад,[1] поточно општините Гребен (Македонија) и Коница (Епир).[2] Има и скијалиште со 18 патеки и 7 жичарници.[3]
Василица Βασιλίτσα | |
---|---|
Поглед на Василица | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.249 м |
Географија | |
Место | Гребенско (Ег. Македонија) и Коница (Епир) |
Матичен венец | Пинд |
Планината Василица е важно живеалиште за мечки, видри и диви кози,[4] и има вкупна површина од 13.562,9 хектари.[5]
Вегетација
уредиПреовладувачката вегетација е особена за екосистемите на бука и средоземни четинари (црн бор , ела), ладнокрвни четинари (роболо) и воншумски екосистеми (субалпски ливади). Вековните роболи во зима прават формации со маглата во снегот, додека во лето си играат со сенки во алпската трева на Василица. Климата во областа на Василица е помеѓу континентална и средоземна.
Жичарници и скијачки патеки
уреди- Филип (1642-1825 м), со две среднолесни патеки и една многу лесна патека.
- Александар Велики (1800–2113 м), со две тешки и две средни патеки.
- Елимеја (1788–2060 м), со една средна, три среднолесни и една многу лесна патека.
- Мидганис (1810–2034 м), со една средна патека.
- Тимфаја (1744–2040 м), со две тешко-средни патеки и една средна патека.
- Два бебешки лифта
Две од патеките се означени од МСФ како олимписки патеки.
Историја
уредиПрвата жичарница била изградена во 1975 година (Елимеја). Оттогаш, ски-центарот имал две големи проширувања, едното во 1993 година и второто во 2000 година.
Наводи
уреди- ↑ „Τμήμα Πολιτικών Μηχανικών του Δημοκριτείου Πανεπιστημίου Θράκης, Νομός Ιωαννίνων“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 13 јануари 2012. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ „Εθνικό Χιονοδρομικό Κέντρο Βασιλίτσας“. Архивирано од изворникот на 2010-01-08. Посетено на 2016-01-17.
- ↑ „Πίστες“. Εθνικό Χιονοδρομικό Κέντρο Βασιλίτσας (грчки). Архивирано од изворникот на 2022-01-08. Посетено на 8 јануари 2022.
- ↑ Πίνδος Περιβαλλοντική[мртва врска], Όρος Βασιλίτσα (GR 1310001)
- ↑ Όρος Βασιλίτσα, Κωδικός Τόπου AB3080061, Φιλότης, Βάση Δεδομένων για την Ελληνική φύση.
Надворешни врски
уреди„Василица (планина)“ на Ризницата ? |
- Мрежно место на Василица (на грчки) Архивирано на 14 јануари 2016 г.
- Snowguide.gr
- Временска прогноза за Василица
40°03′35″N 21°11′59″E / 40.0597° СГШ; 21.1998° ИГД
Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |