Лех (река)
Лех (лат.: Licus, Licca) е река во Австрија и Германија. Таа е десна притока на Дунав со 255 километри во должина со дренажен слив од 3.919 квадратни километри. Нејзиниот извор се наоѓа во австриската покраина Предарлска, каде што реката се издига од езерото Формаринзе во Алпите на надморска височина од 6,120 стапки (1,870 м). Се протега во насока север-североисток и ја преминува германската граница, формирајќи го водопадот Лехолд, висок 12 метри. Потоа реката влегува во тесна клисура. Оставајќи ги Алпите, влегува во рамнините на Алгој во Фисен на надморска височина од 2,580 стапки (790 м) во германската држава Баварија, каде што некогаш била локацијата на границата со Швабија. Реката поминува низ градот Фисен и преку Загензее, вештачко езеро кое е исушено во зима. Тука формира брзаци и водопад.
Лех | |
---|---|
Басенот на Лех | |
Местоположба | |
Земја | Германија, Австрија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Северни Варовнички Алпи |
• надм. вис. | 1,865 метарs (6,119 ст) |
Устие | |
• место | Дунав |
• координати | 48°44′6″N 10°56′11″E / 48.73500° СГШ; 10.93639° ИГД |
Должина | 255.3 kм (158.6 ми) [1] |
Големина на сливот | 3,919 km2 (1,513 ми) [1] |
Проток | |
• просечен | 115 m3/s (4,100 cu ft/s) |
Особености на сливот | |
Течение | Дунав→ Црно Море |
Реката тече понатаму кон север низ регионот наречен Лехреин и ги поминува градовите Шонгау, Ландсберг, Аугсбург пред да се влее во Дунав веднаш под Донаурот на височина од 1,330 стапки (410 м). Таа не е пловна, поради нејзиниот пороен карактер.
Потекло на поимот
уредиНаписи од 8 и 7 век п.н.е. докажуваат дека името на реката првпат се споменува во името на келтското племе Лицити. Самата река се нарекувала Ликиос или Ликија во 2 век. Околу 570 година името Личка се наоѓа во евиденција. Во 8 век се појавиле имиња како Леха и Лех. Поимот Лиус сè уште се користел во 1059 година.
Името стои аналогно на велшкиот збор llech ("камена плоча") и бретонскиот збор lec'h ("надгробен споменик"). Во овој контекст, значењето на зборот "Лех" се објаснува како "камениот".[2]
Историја
уредиВо повеќе од една прилика, на бреговите на оваа река се случиле историски настани.
- Во 278 римскиот цар Проб ја победил поголемата инвазиска сила на Бургундите и Вандалите, кои ја напаѓале римската провинција Реатија.
- Во Лехфелд, камената рамнина помеѓу Лех и Вертах во близина на Аугсбург, Отон I ги поразил Унгарците во август 955 година.
- Во Битката кај Лех во април 1632 година, Густав II Адолф од Шведска го поразил и смртно го рани Јохан Церклас, грофот од Тили.
Хидроелектрични централи
уредиВо моментов, на Лех има 33 хидроцентрали.
Галерија
уреди-
Лех во Аугсбург
-
Лех кај градот Ландсберг
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Complete table of the Bavarian Waterbody Register by the Bavarian State Office for the Environment (xls, 10,3 МБ)
- ↑ "Wolf-Armin Frhr. v.
Надворешни врски
уреди- Лех (река) на Ризницата ?
- Лех во Фисен