Северни Варовнички Алпи
Северни Варовнички Алпи (германски: Nördliche Kalkalpen) — група планински венци во состав на Источните Алпи северно од Централните Источни Алпи сместени во Австрија и соседна Баварија во југоисточна Германија. Се одликуваат со посебен геолошки состав кој ги разликува од другите повисоки врвови од соседната група.
Северни Варовнички Алпи | |
---|---|
Nördliche Kalkalpen | |
Горното Езеро Кенигсзе кај Берхтесгаден | |
Највисока точка | |
Врв | Парзајершпице |
Надм. височина | 3.036 м |
Координати | 47°10′28″N 10°28′42″E / 47.17444° СГШ; 10.47833° ИГД |
Географија | |
Земји | Австрија и Германија |
Делови | |
Координати | 47°20′N 14°13′E / 47.34° СГШ; 14.22° ИГД |
Матичен венец | Источни Алпи |
Геологија | |
Период | перм и јура |
Вид карпа | варовник и доломит |
Географија
уредиГледо по оската запад-исток, Северните Варовнички Алпи се протегаат од долината на Рајна и Брегенчката Шума во Предарлска, Австрија на запад, долж границата на германската покраина Баварија со австриската покраина Тирол, низ покраините Салцбург, Горна Австрија, Штаерска и Долна Австрија, па на крај завршуваат во Виенската Шума во преградијата на Виена на исток.
Највисоки врвови се Парзајершпице (3.036 м) во Лехталските Алпи,[1] и Горен Дахштајн (2.996 м). Друг особено важен врвов во венецот е Цугшпице (2.962 м) на германско-австриската граница, кој е највисоката точка во Германија.
Класификација на Високогорскиот клуб
уредиСпоред класификацијата на Источните Алпи на Високогорскиот клуб, Северните Варовнички Алпи ги опфаќаат следниве венци и планини (од исток кон запад):
|
|
Наводи
уреди- ↑ Reynolds, Kev (2010). Walking in the Alps, Cicerone, ISBN 978-1-85284-476-9.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Северни Варовнички Алпи“ на Ризницата ? |
- Геолошки состав на Северните Варовнички Алпи Архивирано на 27 април 2015 г., www.ahabc.de — списание за почва и градинарство (германски)