Алгој
Алгој (германски: Allgäu) — регион во областа Швабија, јужна Германија. Го зафаќа јужниот дел од Баварска Швабија и југоисточниот дел на покраината Баден-Виртемберг. Се протега од предалпскиот крај, па сè до Алпите. Позначајни реки што течат низ регионот се Лех и Илер. Алгој не претставува администратицна единица.
Се дели на следниве подрачја:
- Горен Алгој (Oberallgäu) во Швабија, Баварија)
- Долен Алгој (Unterallgäu) во Швабија, Баварија)
- Источен Алгој (Ostallgäu) во Швабија, Баварија)
- Западен Алгој (Westallgäu) претежно во Горна Швабија, Баден-Виртемберг
Регионот е познат по убавите предели и ужива популарност кај туристите и оние што се лекуваат. Истакнат е и по своите млечни производи, како што се сирењата „Хиртенкезе“ („овчарско“) и „Бергкзе“. Покрај туризмот и земјоделството, стопански гранки е производството на индустриски постројки и машини. Тука особено се издвојуваат тракторите „Fendt“ (Фент).
Алпските предели на Алгој се издигаат на висина над 2.000 метри и имаат мошне посетени скијачки центри. Во источниот дел на регионт се наоѓа славниот замок Нојшванштајн.
Географија
уредиНајистакната географска одлика на јужниот дел на регионот се Алгојските Алпи, кои сепак не се дел од него. Пределите се создадени од некогашни ледници и наносни остатоци. Остатоци од тој период се многубројните ридови и езера.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Алгој на Ризницата ?
- Портал на Алгој
- Туристички портал на Алгој
- Информации за Алгој Архивирано на 25 јули 2013 г.