The Legend of Zelda: Ocarina of Time (јапонски: ゼルダの伝説 時のオカリナ, Зеруда но Денсецу Токи но Окарина; македонски: Легендата на Зелда: Окарина на времето) е видеоигра за Нинтендо 64 конзола. Таа е петта игра во серијата The Legend of Zelda и прва од серијата издадена за Нинтендо 64. Била издадена во Јапонија на 21 ноември 1998. Била следена од директното продолжение, The Legend of Zelda: Majora's Mask (Маската на Маџора). Ocarina of Time е фантастичка акциона РПГ игра каде што играчот ги игра улогите. Херојот и ликот којшто го контролира играчот се вика Линк. Тој мора да го запре лошиот Ганондорф кој сака да го добие легендарниот „Три Сили“ (Triforce), волшебен предмет составен од три златни триаголници, коишто можат да бидат користени за контрола на земјата Хирул, каде што е поставена играта. За да го запре Ганондорф, Линк патува низ времето користејќи окарина, комуницирајќи со населението на Хирул, вклучувајќи ја и Принцезата Зелда, која е член на кралското семејство на Хирул, опремувајќи се со оружја и предмети, борејќи се со чудовишта и решавајќи загатки во лавиринтите на пештерите. Само шест месеци од нејзиното издавање, Ocarina of Time се продаде во повеќе од пет милиони копии; од нејзиното идавање до сега, продадени се повеќе од 12 милиони копии. Во продолжение на овој комерцијален успех, Ocarina of Time е рангирана како најдобрата игра на сите времиња. Била прогласена за игра на годината 1999, од Академијата на Интерактивни Уметности и Науки (Academy of Interactive Arts and Sciences). Била прогласена за најдобра видеоигра засекогаш од магазинот Еџ (Edge magazine) [2].

The Legend of Zelda: Ocarina of Time
Легендата на Зелда: Окарина на времето

Изработувач(и) Нинтендо ЕАД
Издавач(и) Нинтендо
Дизајнер(и) Шингеру Мијамото[1], Такаши Тезука
Серијал Легендата на Зелда
Подлоги Нинтендо 64, „Nintendo GameCube“, „iQue“
Датум на издавање Нинтендо 64, 21 ноември 1998 во Јапонија, 23 ноември 1998 во Северна Америка, 11 декември 1998 во Европа
Жанр(ови) Акциона авантура
Режим(и) еден играч
Начин на
контролирање
Гејмпад

Игра

уреди
 
Линк се бори со Волфос

Ocarina of Time е 3Д авантуристичка игра во трето лице, којашто е поставена во измисленото кралство Хирул, голем и потполно поврзан свет.

Линк се контролира со користење на контролер (зависно од конзолата) и неговото главно оружје е неговиот меч, наместен на копчето Б (B) на Н64 контролерот. Уште три предмети можат да се стават на Ц (C)-десно, Ц (C)-долу и Ц (C)-лево од инвентарот на Линк. Линк почнува со релативно мал инвентар, но како што напредува во играта, тој собира предмети и оружја (вклучувајќи надградени мечеви) и така го зголемува својот инвентар.

Како во претходните игри на Зелда, светот содржи повеќе пештери, големи самостојни области со единствени влезови од надворешниот свет. Во повеќето пештери, Линк мора да се бори и да решава загатки низ неговото патување, наоѓајќи карти на пештерите, компаси и клучеви. Пештерата типично содржи специјално оружје, често потребно за да се победи Господарот во последната соба, а за чие отворање е потребен клуч.

Ocarina of Time вклучува и можност која се вика З-нишанење [3][4] . Ова овозможува да се држи камерата фокусирана на непријателот или на важен предмет и го остава Линк да се фокусира на нападот на тој предмет.

Заплет

уреди

Подесување и ликови

уреди

Играта е сместена во Хирул, кралство создадено пред многу години од три божици: Дин, божицата на Силата, која ја создала земјата и со оган ги обоила планините со црвена боја; Најри, божицата на Мудроста, ги создала науката и мудроста и донела закон и ред во природата; и Фарор, божицата на Храброста, ги создала животните коишто одат по земјата и птиците коишто летаат на небото. Кога тие ја оставаат земјата за да се вратат на небото, тие оставаат сила којашто може да ја исполни секоја желба на секој кој ќе го допре Трите Сили. Трите Сили е запечатен во друга димензија наречена „Света просторија“ (Sacred Realm), мистичен паралелен свет, што е осигуран со главниот меч во неговиот пиедестал во Храмот на Времето. Некое време по големата војна, приказната почнува кога момчето наречено Линк има кошмари во шумата Кокири, покрај Изгубената Шума, во југоисточниот дел на Хирул.

Неколку хуманоидни раси живеат во Хирул. Хилијаните се раса кои личат на луѓето, со таа разлика што нивните уши се зашилени нагоре како кај самовилите. Хилијаните најчесто се населени во градот Хирул, каде што се наоѓа и замокот Хирул. Некои живеат и во блиското село Какарико, а некои се распространети низ целата земја Хирул. Со нив владее крал (присутен, но надвор од самата игра), а негова ќерка е принцезата Зелда.

Расата Кокири се шумски деца создадени од духот на чуварот Големото дрво Деку. Тие никогаш не пораснуваат и не стареат и никогаш не ја напуштаат шумата. Сите деца Кокири имаат дух на самовила којшто ги прати низ нивните животи. Херојот на играта, Линк, живее меѓу нив од почетокот на играта. Негов најблизок пријател е Сарија. Линк не е вистински Кокири туку е Хилијан. Како бебе, Линк е пронајден во шумата и израснат од страна на Големото дрво Деку, кој почувствувал дека тоа е дете на судбината. Мидо се однесува како водач на децата Кокири (најчесто е во заблуда).

Гороните се големи, кафеави суштества што јадат камења. Тие живеат во градот Горон, на половина пат кон активниот вулкан на Мртвата Планина, и нивен водач е Дарунија. Од друга страна, Зораните се сребрени суштества слични на риби, што живеат на изворот на реката Зора, која го снабдува кралството со вода. Реката тече низ целиот Хирул до езерото Хилија, на другиот крај на кралството. Со Зораните владее кралот Зора, а негова ќерка е принцезата Руто. Духот-чувар на изворот на Зора е лордот Џабу-Џабу, огромна риба во која се наоѓа третата пештера во играта.

Чуварите на сенките Шеиках, кои го чуваат кралското семејство по секоја цена, се раса на Хилијани со црвени очи. Тие поседуваат многу волшебни способности и знаат да ги користат сенките. Импа ја чува Зелда уште кога таа била мала, и таа е последниот припадник на Шеикахните. Таа помага во основањето на селото Какарико, во подножјето на Мртвата Планина.

Расата Герудо е составена целосно од женски членови кои живеат во пустината на запад. Само еден маж се раѓа на секои сто години и тој секогаш станува нивен крал. Последен од нив е Ганондорф, човекот со црн оклоп и зли очи, кој се заколнал на верност кон кралот на Хирул, но во реалноста тој не е тоа. Ганондорф е главен негативец во играта. Но расата Герудо, изненадувачки ќе биде поведена од Набору, која одбива да го признае Ганондорф за нејзин крал.

Меѓу другите ликови во играта се самовилата Нави која го придружува на Линк, неговиот коњ Епона, вештерките близначки Коуме и Котаке, кои се сурогат мајки на Ганондорф, тајниот идентитет на Зелда (кога е маскирана, Шејк) и жителите на ранчот: Талон, Малон и Инго. Во продолжение се појавува мудриот був Каепора Гаебора, кој го советува Линк низ играта.

Приказна

уреди
 
Линк стои пред Големото дрво Деку

Играта се отвора со Линк, кој сонува како стои пред замокот, ноќе, со дожд и громови. Линк веднаш ќе ја види младата девојка која е ставена на грбот на коњ што е јаван од личност во црна облека. Додека Линк спие, Големото дрво Деку ќе и каже на самовилата Нави дека тој е проколнат и дека умира, и ѝ дава задача да го води Линк на пат за да го спаси Хирул. Нави го повикува Линк за да го види Големото дрво Деку, но пред тоа Линк мора да го убеди љубоморниот Мидо да го пушти да помине. Големото дрво Деку му дава на Линк мисија да го најде и уништи проклетството кое го крши од внатре. Линк влегува во масивното дрво и низ борби ја наоѓа и ја победува кралицата Гохма. Иако проклетството е уништено, Големото дрво Деку му кажува дека тој е уништен уште пред Линк да влезе внатре во него. Тој му кажува на Линк дека човекот со црн оклоп, кој фрлил страшна клетва врз него, го бара Трите Сили. Тој исто така му го дава на Линк Смарагдот на Кокири (Духовниот камен на Шумата) и ќе го прати да се сретне со принцезата Зелда во замокот Хирул. Потоа тој умира.

По тајното влегување во замокот Хирул, Линк ја наоѓа Зелда, која му објаснува дека сонувала за иднината на Хирул и дека го видела доаѓањето на Линк. Таа верува дека Ганондорф е тој кој го проколнал Големото дрво Деку и дека тој сака да го има Трите Сили. За да го зачуваат Трите Сили од Ганондорф, Зелда му објаснува на Линк дека мора да ги добие трите тајни камења пред Ганондорф да ги добие и да ги искористи за да влезе во Светата просторија, каде што лежи Трите Сили. Зелда планира заедно со Линк да го искористи Трите Сили за да го победат Ганондорф. Импа, чуварот на Зелда, безбедно ќе го извади Линк од замокот.

Линк оди во градот Горон, којшто лежи на Мртвата Планина, каде што се наоѓа Духовниот камен на Огнот. Дарунија му кажува дека Ганондорф ја блокирал пештерата Додонго, изворот на храна на Гороните. По влегувањето на Линк во пештерата и победувањето на Кралот Додонго, Дарунија и Линк стануваат браќа по оружје и му го дава Духовниот Камен на Огнот, Рубинот на Горон. За последниот камен, Линк патува во Изворот на Зора. Кога стигнува таму, тој дознава дека Принцезата Руто била проголтана од Лордот Џабу-Џабу, џиновската риба, што исто така била проколната од Ганондорф. Внатре во Џабу-Џабу, Линк ја спасува Руто и го победува Баринаде. За херојството на Линк, Руто му го дава Сафирот на Зора (Духовниот Камен на Водата), но бидејќи каменот бил свршенички, Линк е присилен да стане свршеник на Руто.

Кога Линк ќе се врати во замокот, ќе го види на Ганондорф кој на Зелда и Импа ќе ги има седнато на грбот на неговиот коњ, исто како во неговиот сон на почеток на играта. Зелда ќе го забележи на Линк, и ќе ја фрли Окарината на Времето, (уште еден артефакт потребен за влез во Светата просторија), пред градот. Кога Линк ќе ја земе Окарината, Зелда телепатски ќе го научи да ја свири Песната на Времето "Song of Time", која ќе ја отвори вратата кон Храмот на Времето. Потоа, Линк со камењата и Песната на Времето ќе ја отвори Вратата на Времето, ќе го извлече Главниот Меч од неговиот пиедестал, и забрзано ќе отпатува во Светата просторија. Но, Ганондорф ќе го следи на Линк во Светата просторија и ќе ги земе Трите Сили за себе. Како постар, Линк ќе се разбуди во вечната соба наречена Комора на Сагите и ќе сретне постар човек со име Раур. Раур ќе го информира на Линк дека тој бил замрзнат во времето неколку години сè додека не станал доволно стар за да може да го земе Главниот меч и да го победи на Ганондорф. Раур ќе се претстави себеси како древен Саг на Светлината, еден од седумте Саги кои ги чуваат Трите Сили. Тој ќе му каже на Линк дека ако тој може да ги најде останатите шест Саги, тогаш ќе биде во можност да го затвори на Ганондорф во Светата просторија. Во меѓувреме Ганондорф го освојува на Хирул и го претвора во земја на темнината. Линк мора да ги ослободи на петте Духовни Храмови од чудовиштата на Ганон, и во секој храм да биде разбуден адекватниот Саг. Линк се враќа во Хирул и се среќава со мистериозна личност со име Шејк, кој се појавува периодично за да го води на Линк во неговата потрага.

Шејк го наведува на Линк во Храмот на Шумата во Изгубените Дрвја, каде што врска ќе ја уништи куклата наречена Фантомот Ганон, и ќе го разбуди на Шумскиот Саг: неговата стара Кокири пријателка Сарија. Линк ќе се врати на местото каде што почива Големото дрво Деку, и ќе види дека почнало да расте ново дрво Деку. Тоа ќе го информира на Линк дека тој всушност е Хилијан, кој бил посвоен од страна на Големото дрво Деку кратко после смртта на неговата мајка. Ова објаснува зошто Линк расте, додека сите Кокири остануваат деца. Потоа, Линк оди во Храмот на Огнот на врвот на Мртвата Планина, каде што ослободува неколку Горони и го победува на змиоликиот змеј со име Волвагија. Дарунија се разбудува како Саг на Огнот. Линк оди во Изворот на Зора и го наоѓа целиот замрзнат. Тој го наоѓа Храмот на Водата во езерото Хилија, каде што се бори со сликата од себеси и го победува на водното чудовиште наречено Морфа. Принцезата Руто се разбудува како Саг на Водата (и дознава дека нејзината свршувачка со Линк е нереална).

Во Какарико, Линк го наоѓа на Шејк и дознава дека градот е во пламен. Линк дознава дека темна сила го скршил печатот во бунарот кој води во Храмот на Сенките, сместен зад гробиштата на Какарико. Внатре во Храмот на Сенките, Линк го победува на суштеството наречено Бонго Бонго, и ќе ја разбуди на Импа, Саг на Сенките. Во Храмот на Духот, Линк ќе дознае дека треба да се врати назад во времето на неговото детство за да го добие сребрениот фрлач на сајла (Silver Gauntlets) за да влезе во највисоките делови на храмот. Тој ја сретнува на Набору, но кога ќе го добие сребрениот фрлач на сајла, две вештерки ќе ја киднапираат на Набору. Линк се враќа како возрасен и со помош на сребрениот фрлач на сајла влегува во храмот. Тој ќе ги убие на вештерките во нивната форма на близначки позната како Твинрова, и ќе ја разбуди на Набору која е Саг на Духот.

Линк се враќа во Храмот на Времето, каде што Шејк се открива дека тоа е Принцезата Зелда-маскирана. Зелда исто така е седмиот Саг (Саг на Времето) и исто така водач на Сагите. Таа ќе му каже на Линк дека кога Ганондорф ги зел Трите Сили, тие станале нестабилни и се поделиле на три делови. Кога ова се случило Ганондорф го задржал делот на Силата, Зелда делот на Мудроста, а Линк делот на Храброста. Зелда ќе му даде на Линк магични Стрели на Светлината потребни за да се победи на Ганондорф. Средбата трае кратко бидејќи Ганондорф ќе ја зароби на Зелда и ќе ја затвори во неговата кула (која ќе го замени на замокот Хирул). Линк ќе влезе во кулата со помош на шестте Саги, ќе го победи на Ганондорф и ќе ја ослободи на Зелда. Линк и Зелда ќе побегнат од кулата која ќе се урне, но од урнатините, Ганондорф повторно ќе се издигне. Користејќи го делот на Силата, Ганондорф ќе се трансформира во екстремно силна форма наречена Ганон. Линк со помош на Зелда и останатите Саги, ќе го заклучат на Ганон во Светата просторија. Ганон извикува дека кога ќе се скрши печатот, тој ќе се врати за да ги уништи неговите непријатели.

Се прават големи веселби низ Хирул. Зелда свири на Окарината на времето за да го прати Линк назад низ времето за да стане дете. Како дете, Линк го враќа главниот меч во своето место и повторно, уште еднаш тајно влегува во замокот за да се сретне со младата Зелда. Играта завршува со сцена каде што Линк и Зелда се гледаат меѓу себе, водејќи во почетокот на The Legend of Zelda: Majora's Mask.

Создавање

уреди

Новата Зелда била претставена како техничко демо во 1995 [3] и оригинално била планирана за Нинтендо 64 ДД [5], но подоцна била ставена на пропишаните кертриџи [6]. Во создавањето бил вклучен тим од 120 луѓе, вклучувајќи статист кој ги имитирал движењата на Линк во борбите со меч [7].

Аудио

уреди
 
Линк свири на Окарината на Времето

Музиката за Ocarina of Time е компонирана од Коџи Кондо, долгогодишен композитор во Нинтендо. Музиката е инспирирана од целиот свет, од музиката за цртани филмови во шумата Кокири, па сè до шпанскоти фламенго во Долината на Герудо. Во некои локации, музиката е варијација од важни мелодии на окарина карактеристични за таа област.

Темата што свири на отворањето е ремикс на Забрзан свиреж (Warp whistle), тема од оригиналот The Legend of Zelda од 1986. Темата за светот на Хирул од претходните игри на Зелда, коишто обожавателите ја сметаат за официјална тема на Зелда, не е во потполност во Ocarina of Time, но нејзина фраза е присутна во темата за Хирул. Темата за Храмот на Огнот е инспирирана од исламска повикувачка молитва, со машки хор кој ритмички зборува во втората половина од песната. Но поради некои протести, Нинтендо во подоцните кертриџи го менува со грегоријанско ритмичко зборување.

Гласини

уреди
 
Трите сили се појавуваат пред Линк. Ова го нема во играта.

Трите Сили (The Triforce) се појави пред Линк во првото промоционално видео на Ocarina of Time.

Во првите слики додека уште се создаваше играта, покажано е како Линк го зема Трите Сили од ковчегот со богатство. Ваква сцена никогаш не се појавува во конечната верзија на играта, и заплетот на дозволува Линк да го има комплетно Трите Сили во ниедно место. Трите Сили е многу важен елемент во заплетот на играта, но не е предмет што Линк би можел да ги има. Во екранот што го прикажува статусот на потрагата, има слика на Трите Сили во средината од Духовните Медаљони. Оваа слика е само за декорација и не може да се полни со Трите Сили.

Ocarina of Time содржи програмерски код и текст што не е искористен во конечната верзија на играта. Во јапонскиот текст кај предметите стои дека има уште два екстра медаљони, наречени „медаљонот на Ветрот“ и „медаљонот на Мразот“ (се појавуваат во екранот за селекција на предмети во поинакви слотови). За сите шест елементни медаљони постои можност за користење, но без ефект. Неколку првични слики ги покажуваат медаљоните ставени на Ц (C) копчето на контролерот. Постојат и Арвинг (Arwing) непријатели, но не се искористени во финалната верзија на играта. Непријателите пукаат врз Линк со ласери со оригинални звучни ефекти. Кога се уништени, тие се уриваат на земја резултирајќи во експлозии и огнени ефекти слично како во играта Старфокс 64. Исто така има слики каде што Линк во рацете го држи главниот меч додека е на грбот на Епона, и можноста да се користат предметите со Ц копчињата, додека во конечната верзија нема можност за користење на предметите додека е на грбот на Епона.

Издавање

уреди

Првите две игри на Зелда издадени за НЕС (NES) имале златни кертриџи, поинакви од стандардните сивообоени кертриџи користени речиси за сите игри за конзолата. Продолжувајќи ја традицијата, претпродажните копии на Ocarina of Time исто така биле златни. Исто така, на обвивката на кутијата имало тенка пластична картичка залепена на оригиналната обвивка. Но ова не било случај во Европа, каде што игрите биле на стандардни сиви кертриџи од Нинтендо Европа (иако и во Европа имало златни кертриџи, но биле достапни некое време). Можна причина за тоа е економската исплатливост, затоа што сивите кертриџи се многу поевтини од рачно изработените златни кертриџи. Треба да се напомене дека во Австралија (која исто како Европа е дел од ПАЛ (PAL) регионот) имало златни кертриџи. Исто така продолжението на Ocarina of Time, Majora's Mask, има златни кертриџи во Австралија и Европа (и во Северна Америка).

Кертриџите на ПАЛ се многу поинакви од НТСЦ (NTSC) кертриџите. ПАЛ има златна слика на Ocarina of Time со црна позадина на сивите кертриџи, а НТСЦ има нормална слика во боја на Ocarina of Time на златна позадина на сивите кертриџи или златни кертриџи. Австралиските ПАЛ верзии се на златни или сиви кертриџи. The Legend of Zelda: The Wind Waker (Легендата на Зелда: Разбудувач на Ветрот) и Legend of Zelda: Twilight Princess (Легендата на Зелда: Принцезата на Самракот), исто така имаат златни дискови, следејќи ја традицијата од постарите игри на Зелда.

Прифаќање

уреди

И покрај фактот дека била достапна само последните 39 дена од годината [8], Ocarina of Time станува најдобро продавана игра за 1998, со продадени 2,5 милиони копии. Вкупно се продадени 7,6 милиони копии во целиот свет [9].

Ocarina of Time е наградена од многу магазини за игри како една од најдобрите игри на сите времиња. Рангирана е втора после Браќата Супер Марио (Super Mario Bros), во ИГН Топ 100 игри на сите времиња. Во списокот на читателите, Ocarina of Time е втора во 2005 (после Resident Evil 4 (Присутно зло 4)) и прва во 2006. Нинтендо Пауер (Nintendo Power) ја нарекува Ocarina of Time „најдобра игра засекогаш“ кога се појавила за Нинтендо конзола. Корисниците на „GameFAQ“ (често поставувани прашања за игри) ја одбираат Ocarina of Time како втора најдобра игра на сите времиња во 2005 (после Крајна фантазија VII (Final Fantasy VII)). Како резултат на овие и другите високи оценки, Ocarina of Time се пласира на највисоките места на Метакритик (Metacritic) и на Гејм ренкингс (Game Rankings)[10], сајтови кои ги рангираат игрите според средните вредности на бодовите од повеќе извори. Во продолжение, кога британскиот Н64 магазин (N64 Magazine) ја прегледуваат Ocarina of Time, тие изнесуваат целосен преглед за еден месец за сè што има играта. На крај, по исцрпниот преглед со покривање на сите аспекти на играта, таа е наградена со 98% од тимот на Н64. Играта се пласира на второ место во Официјалниот Нинтендо Магазин - "100 најдобри игри од Нинтендо на сите времиња" [11]. Прегледот на "Master Quest" бил со различен резултат; некои публикации сметале дека некои аспекти од играта, графиката и звукот биле застарени [12]. ИГН (IGN), на пример на Master Quest му дава рејтинг од 9/10, а пред тоа имале дадено рејтинг од 10/10. Во ноември 2006 година, на презентацијата на продолжението The Legend of Zelda: Twilight Princess, главниот уредник на тимот на ИГН Нинтендо Matt Casamassina напишал, "Окарина, твоето време помина!" и ја пофали Twilight Princess за заземање на новите играчки механизми и дизајн за "новите височини" во серијата на Zelda.[13]. Музиката од Ocarina of Time е наградена за квалитет и имплементација во играта.

Некои биле разочарани од играта. Критикувале дека играта едноставно се префрлила од 2Д на 3Д и дека имало многу детали од претходната игра Zelda: A Link to the Past (Зелда: Врска со минатото).

Продолженија

уреди

Ocarina of Time е следена од три дирекни продолженија: The Legend of Zelda: Majora's Mask (Легендата на Зелда: Маската на Маџора), којашто го следи Линк во времето на неговото детство. The Legend of Zelda: The Wind Waker (Легендата на Зелда: Разбудувач на Ветрот) и The Legend of Zelda: Twilight Princess (Легендата на Зелда: Принцезата на Самракот).

Наводи

уреди
  1. „A Link to Zelda's Future“. GameSpy Articles. IGN Entertainment, Inc. 6 јуни 2004. Посетено на 18 ноември 2010.
  2. „Legend of Zelda: Ocarina of Time review“. Edge. Bath: Future Publishing: 84–87. Christmas 1998.
  3. 3,0 3,1 „The Essential 50 Part 40: The Legend of Zelda: Ocarina of Time“. 1UP.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-10-23.
  4. So named because it was executed by the Z button, Z-targeting is referred to as L-targeting in the GameCube re-releases. See The Legend of Zelda: Collector's Edition instruction booklet. USA: Nintendo. 2003. стр. 16–17. and The Legend of Zelda: Ocarina of Time/Master Quest instruction booklet. USA: Nintendo. 2003. стр. 14–15.
  5. Vestal, Andrew; Cliff O'Neill and Brad Shoemaker. „The Legend of Zelda: Ocarina of Time“. History of Zelda. GameSpot. Архивирано од изворникот на 2013-02-04. Посетено на 2008-05-08.
  6. „Zelda Officially Goes to Cart“. IGN. 1997-03-07. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2008-04-23.
  7. „The Legend of Miyamoto“. Nintendo Power. 111: 52–55. 1998.
  8. „Zelda Breaks All Records“. IGN. 1999-01-07. Архивирано од изворникот на 2007-11-28. Посетено на 2007-09-20.
  9. „GDC 2004: The History of Zelda“. IGN. 2004-03-25. Архивирано од изворникот на 2012-02-19. Посетено на 2008-04-29.
  10. „The Legend of Zelda: Ocarina of Time reviews“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2009-01-19.
  11. East, Tom. „100 Best Nintendo Games - Part Six“. Official Nintendo Magazine. Future plc. Архивирано од изворникот на 2009-03-03. Посетено на 2009-03-02.
  12. Liu, Johnny (2003-02-03). „The Legend of Zelda: Ocarina of Time Master Quest review“. Game Revolution. Посетено на 2007-10-27.
  13. Matt Casamassina. "IGN: The Legend of Zelda: Twilight Princess Review". IGN. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2009-11-17.

Надворешни врски

уреди