Лахлан Мортон
Лахлан Дејвид Мортон (англиски: Lachlan David Morton; р. 2 јануари 1992) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]
Мортон на Тур де л’Ен 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Лахлан Дејвид Мортон | ||
Прекар | Лахи | ||
Роден | 2 јануари 1992 Порт Мекгвари, Нов Јужен Велс, Австралија | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 62 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | ЕФ Едукејшн-ИзиПост | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2010 2011 2012 | Холовеско Партнерс Чипотл-Гармин Дивилопмент Тим Гармин-Шарп | ||
Професионални клубови | |||
2013–2014 2015-2016 2017-2018 2019- | Гармин-Шарп Џели Бели-Максис Тим Дименжн Дата ЕФ Едукејшн Фирст | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 26 октомври 2022 |
Кариера
уредиМортон ги поминал сезоните 2011 и 2012 во развојната екипа на Гармин-Шарп, Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим.[2][3]
По успешната сезона 2016 во која освоил етапа и крајните победа на Трка Џила и на Трката околу Јута, во септември 2016 година Тим Дименжн Дата потврдиле дека ќе им се приклучи за 2017 година. Потегот го споил со поранешниот колега од Гармин, Бен Кинг.[4] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[5] Во октомври 2020 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2020.[6]
Трки на ултра далечини
уредиМортон учествувал во бројни настани и предизвици во ултра далечини. Во 2014 година го заокружил возењето од 2.500 километри од Порт Меквари до Улуру со неговиот брат Ангус Мортон. Браќата направиле документарен филм околу возењето со наслов „Thereabouts“.[7][8][9] Во 2015 година, „Thereabouts Reprise“ бил објавен за возењето од 600 милји низ Колорадо, кое Мортон го завршил со неговиот брат и професионалните велосипедисти Тејлор Фини и Камерон Вурф.[10] Во 2017 година, браќата Мортон објавиле трет документарец насловен „Thereabouts Colombia“ за велосипедизмот во Колумбија.[11][12]
Во 2019 година, Мортон учествувал на велокрос-трките Дирти Канза, Лидвил 100, ГБДуро и Три Врва како дел од алтернативниот календар со неговата екипа.[13][14] Тој бил го завршил ГБДуро 2019, предизвик од 2.000 километри во Обединетото Кралство.[15] Во мај 2020 година поставил нов рекорд од 11 часа и 14 минути за 142 милји на патеката Кокопели во САД.[16] Во септември 2020 година го освоил Бадландс, трка од 700 километри низ Пиринејскиот Полуостров.[17]
Еверестинг
уредиМортон поставил светски рекорд за еверестинг, завршувајќи го подвигот за 7:29:57 на 20 јуни 2020 година. Подвигот собрал значаен публицитет, бидејќи Мортон го направил обидот само неколку дена претходно откако бил дисквалификуван од Хелс 500, кои изјавиле дека не го достигнал прагот за да се брои како еверестинг.[18][19][20][21] Оттогаш, Алберто Контадор и три други возачи го надминале времето на Мортон.[22]
Алт Тур 2021
уредиВо 2021 година, Мортон го завршил „Алт Тур“, возејќи ја целата рута на Тур де Франс 2021, вклучувајќи ги трансферите во чест на World Bicycle Relief. Започнал во Бретања истиот ден како регуларниот Тур, но направил водство во однос на главната група возејќи по 12 часа на ден. По 5.510 километри и 16 дена, го завршил возењето во Париз околу 5 дена пред главната група на Тур.[23]
Достигнувања
уреди- 2009
- 5. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 2010
- 1. Краен пласман Тур де л’Абитиби
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 1. Етапа 6
- 7. Краен пласман Трка околу Јута
- 2011
- 2. Краен пласман Класик Каскад
- 3. Краен пласман Трка Џила
- 6. Краен пласман Тур де Лангкави
- 7. Краен пласман Џиро до Интериор де Саун Пауло
- 2012
- 6. Краен пласман Тур де ла Гваделуп
- 8. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
- 2013
- Трка околу Јута
- 5. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 2015
- 1. Маунт Еванс Хил Клајмб
- 5. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 9. Краен пласман Тур де Бос
- 10. Краен пласман Трка околу Јута
- 2016
- 1. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 7
- 1. Краен пласман Трка Џила
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4 Тур де Хокаидо
- 4. Краен пласман Тур де Бос
- 2017
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 8. Краен пласман Трка околу Оман
- 2019
- 1. ГБДуро
- 1. Етапа 5 Трка околу Јута
- 3. Лидвил Трејл 100 МТБ
- 4. Дирти Канза 200
- 2021
- 1. Телурајд 100 МТБ
- 2. Лидвил Трејл 100 МТБ
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | 111 |
Тур | — | — | — | — |
Вуелта | 90 | — | — | — |
— = не учествувал; СО = се откажал
Наводи
уреди- ↑ „EF Education - Nippo“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
- ↑ „Lachlan Morton Interview: Big name to watch“. VeloNation. VeloNation LLC. 16 декември 2012. Посетено на 3 март 2013.
- ↑ „Morton signs with Garmin-Sharp“. SBS One. Special Broadcasting Service. 23 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2015-04-07. Посетено на 14 август 2014.
- ↑ О’Ши, Садб (29 септември 2016). „King, Thwaites and Morton join Dimension Data for 2017“. cyclingnews.com. Посетено на 29 септември 2016.
- ↑ „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 17 август 2017.
- ↑ „103rd Giro d'Italia: Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabouts“. CyclingTips. April 2014. Архивирано од изворникот на 2022-10-26. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabouts – the doco“. CyclingTips. 17 August 2014. Архивирано од изворникот на 2022-10-26. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabout (2014)“. IMDb. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabouts Reprise (2015)“. IMDb. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabouts 3: Discovering Colombia“. CyclingTips. 30 January 2017. Архивирано од изворникот на 2022-10-26. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Thereabouts Colombia (2017)“. IMDb. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Lachlan Morton - EF Pro Cycling“. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „No Borders - EF Pro Cycling“. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Lachlan Morton wins unassisted 2,000km Land's End to John O'Groats endurance race“. Cycling Weekly. 29 June 2019. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Lachlan Morton smashes Kokopelli Trail record“. Cycling News. 31 May 2020. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Lachlan Morton Wins Badlands 2020 in Just Over 43 hours“. BIKEPACKING.com. 8 September 2020. Посетено на 2 October 2020.
- ↑ „Morning Ride“. Strava.com. Посетено на 21 June 2020.
- ↑ „We never intended for there to be Everesting records...“. Instagram.com. Hells 500. Архивирано од изворникот на 24 December 2021. Посетено на 21 June 2020.
- ↑ „Everesting Hall of Fame - Lachlan Morton“. everesting.cc. Архивирано од изворникот на 2022-07-14. Посетено на 15 June 2020.
- ↑ „Everest (apparently there's some data lag with the elevation, I'll leave that to the experts) 42 laps of rist was hell“. Strava.com. Посетено на 15 June 2020.
- ↑ „Alberto Contador breaks Everesting record with time of 7:27:20“. cyclingtips.com.
- ↑ „Lachlan Morton has finished his Alt Tour five days early“. CyclingTips (англиски). 2021-07-13. Посетено на 2021-07-13.
Надворешни врски
уреди- Лахлан Мортон на Ризницата ?
- „Достигнувања на Лахлан Мортон“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Лахлан Мортон“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Лахлан Мортон“. ProCycling.