Ласгуш Порадеци
Лазар Сотир Гушо (на албански: Llazar Sotir Gusho; роден на 27 декември 1899 година во Поградец, починал на 12 ноември 1987 година во Тирана), попознат под псевдонимот Ласгуш Порадеци[Белешка 1] (на албански: Lasgush Poradeci) — албански писател, поет, филолог, преведувач и пионер на модерната албанска книжевност.[1] Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20 век, чии дела се директно поврзани со романтизмот и реализмот.[2]
Роден во гратчето Подградец на брегот на Охридското Езеро, тогаш во османлиска Албанија, основното и средното образование ги завршил во Битола и Атина, а академското образование го стекнал на универзитетите во Букурешт и Грац. Тој развил и одржувал тесни врски со Асдрени, Ернест Колиќи, Ѓерѓ Фишта и Митруш Кутели, кои станале едни од најистакнатите албански писатели во тоа време.[3]
Порадеци е најдобро запаметен по неговите збирки поезија „Танцот на ѕвездите“ (Vallja e yjve) и „Ѕвездата на срцето“ (Ylli i zemrës), инспирирани од традициите и особеностите на албанскиот живот. Неговиот стил се одликува со стилско-техничко достигнување, форма и содржина, како и ангажман со природата, еротиката и филозофијата.[4][5] Тој на албански јазик има преведено повеќе познати англиски, германски, италијански, руски и француски дела.[6][7]
Наводи
уреди- ↑ Ласгуш е изведено од неговото име Лазар Сотир Гушо, а Порадеци од неговото родно место Поградец
- ↑ Robert Elsie. „5“. Albanian Literature: A Short History (англиски). I.B.Tauris, 2005. ISBN 9781845110314.
- ↑ Joachim Röhm. „Lasgush Poradeci“. joachim-roehm.de. Архивирано од изворникот на 3 August 2012. Посетено на 29 декември 2012.
- ↑ Robert Elsie. Historical Dictionary of Albania (англиски). Rowman & Littlefield, 2010. стр. 362–363. ISBN 9780810861886.
- ↑ Anton Logoreci. The Albanians: Europe's Forgotten Survivors (University of California. изд.). Gollancz, 1977. стр. 64.
- ↑ Jeta e re, Band 19 (University of California. изд.). стр. 446.
- ↑ Heine-Jahrbuch 2016 (Sabine Brenner-Wilczek. изд.). Springer-Verlag, 2016. стр. 189. ISBN 9783476043696.
- ↑ Robert Elsie. „Anthologie albanischer Lyrik vom 16. Jahrhundert bis zur Gegenwart“ (PDF). elsie.de. стр. 61. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-04-20. Посетено на 2020-09-26.