Ѓерѓ Фишта
Ѓерѓ Фишта (23 октомври 1871 – 30 декември 1940) бил албански францискански фратар, поет, просветител, политичар, преродбеник, преведувач и писател. Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20-от век поради неговото ремек-дело Горска гусла (Lahuta e Malcís) и уредник на две од најавторитетните списанија по независноста на Албанија, Posta e Shypniës и Hylli i Dritës.[1]
Ѓерѓ Фишта | |
---|---|
Портрет на Ѓерѓ Фишта, 1930-ти | |
Роден(а) | 23 октомври 1871 Фишта, Албанија |
Починал(а) | 30 декември 1940 Скадар, Албанија | (возр. 69)
Националност | албанец |
Образование | Католичка теологија |
Потпис |
Претседавал со Битолскиот конгрес, на кој била стандардизирана албанската азбука, и бил дел од албанската делегација на Версајската конференција, 1919. Во 1921 година бил член и станал заменик претседател на албанскиот парламент, а подоцна во 20-тите и 30-тите тој бил меѓу највлијателните културни и литературни фигури во Албанија.[2] По доаѓањето на комунистичкиот режим на власт, неговиот книжевен опус бил изваден од оптек и така останал до падот на комунизмот.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Fishta, Giorgio“. Treccani, Enciclopedia online. Посетено на 3 November 2019.
- ↑ Plasari, Aurel (1999). „Fishta meditans“. Fishta: Estetikë dhe Kritikë. Tiranë: Hylli i Dritës & Shtëpia e Librit. стр. 11. ISBN 9992764600.
- ↑ Hamiti 2013, стр. 13.