Александар Ставре Дренова
Александар Ставре Дренова (11 април 1872 – 11 декември 1947), познат под акронимот Асдрени, е албански поет, преродбеник, преведувач, писател и автор на поемата која подоцна станала национална химна на Албанија.[1][2] Тој се смета за еден од највлијателните албански писатели на 20 век.
Александар Дренова | |
---|---|
Фотографија на Асдрени, 1938 | |
Роден/а | Александар Ставре Дренова 11 април 1872 Дреново, Османлиска империја (денешна Албанија) |
Починат/а | 11 декември 1947 Букурешт, Романија | (возр. 75)
Псевдоним | Асдрени |
Занимање |
|
Јазик | |
Жанр | |
Книжевно движење | Албанска преродба |
Роднини | Ставри Тимиу (татко) |
Потпис |
Биографија
уредиРоден е на 11 април 1872 во православно семејство во селото Дреново во близина на Корча, во тој период во рамките на Османлиската империја.[3][4] Учел во грчкото училиште во неговото родно село, а само што го продолжил образованието во Корча починал неговиот татко, Ставри Тимиу.[5]
Корчанскиот крај бил емигрантски, што дополнително се засилило после земјотресот во 1879.[3] Александар емигрирал во Букурешт во 1885 каде што биле неговите постари браќа.[3]
Во Романија, Асдрени се поврзал со други албански интелектуалци и писатели со кои започнал да ја јакне албанската дијаспора за борба за национално ослободување.[3] Пред тоа, тој бил силно инспириран од Јероним де Рада и Наим Фрашери како и од Албанската преродба во која Албанците се осознаа како нација која го заслужува правото на самоуправување.
Наводи
уреди- ↑ Robert Elsie. „MODERN ALBANIAN LITERATURE AND ITS RECEPTION IN THE ENGLISH-SPEAKING WORLD“ (PDF). elsie.de. стр. 6–7.
- ↑ „Himni kombëtar“. 26 October 2009. Архивирано од изворникот на 26 October 2009. Посетено на 25 March 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеElsie 2
. - ↑ Arshi Pipa (2014) [1978]. Trilogia Albanica III: Albanian Literature: Social Perspectives [Trilogjia Albanika III: Letërsia shqipe: Perspektiva shoqërore]. Преведено од Primo Shllaku. Princi. стр. 112. ISBN 978-9928-4090-9-6.
- ↑ Robert Elsie (1997). Histori e Letërsisë Shqiptare. Преведено од Abdurrahman Myftiu. Tiranë-Pejë: Dukagjini. стр. 179–180.