Куќа на Ќитановци (Вевчани)
Куќа на Ќитановци, позната и како Куќа на Китановци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.[1]
Куќа на Ќитановци | |
---|---|
Поглед кон куќата | |
Општи податоци | |
Статус | Споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Место | Вевчани, Струшко |
Земја | Македонија |
Почната | 1904 |
Завршена | 1906 |
Нарачател | Андре Китаноски |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Подна површина | 193 м2 |
Историја
уредиЗаднина
уредиПретходниот дом на Ќитановци, поточна на Андре Ќитаноски, била веднаш над стариот среден јаз што тече низ Вевчани. Ќитановци тоа место го викале „Долни Ќитаној“. Од оваа куќа е сочуван камен од ќошот на кого е издлабена годината 1872 година. Истиот камен е сега во куќата на Андре.[2]
Изградба и почетоци
уредиКуќата почнал да ја гради Андре Ќитаноски со негови средства стекнати во градот Галати, Влашка,[3] денешна Романија, кој во 1898 година го купил плацот и почнал да го рамни местото.[2] Камен-темелникот бил поставен пролетта 1904 година. На свеченоста присуствувале охридскиот валија и чаушот со дваесетина војници. Куќата била завршена во 1906 година. Во целата градба (куќата, авлиите, просториите за стоката и економијата, плевната, куличето и подѕидувањето на јазот и целиот простор) се вградени околу 2.500 кубни метри камен. Тогаш, за прват бил употребен цемент во некоја куќа од Струшко-охридскиот регион.[2] Просториите во кои бил користен цемент служеле како простории за личната хигиена. Во периодот колку што траела градбата постојано биле ангажирани 25 работници, а греди и друг материјал се носеле од планината Јабланица.[2] Каменот, кој го делкале познатите дримколски мајстори, бил плаќал во злато. Биле воспоставени и пет варници. Подоцна, една од тие пет варници, служела како бунар. Дрвенаријата била правена на лице место од вевчански мајстори. Бил изграден и дрвен мост кој ја поврзувал куќата со дворот, авлијата и бавчата. Во 1906 година, Ќитановци се вселиле во куќата.[3]
Еден дел од дворот бил покриен (сулдерма) со ќерамиди, на крајот на двор имало чешма која постојано течела.[2] Во 1908 година, од Солун бил купен тросед, двосед, фотељи, огледало и пиштол со дрвена футрола.[3]
Постоела и семејна стражарница, за да ги чува децата и жените од арнаутските банди, чија цел на напади биле богатите печалбарски семејства.[4]
Во 1925 година, во оваа куќа е направен и првиот македонско-романски речник со 87 збора.[3]
Во 1941 година дел од имотнината на куќата бил одземен од албанските власти. Подоцна, тука била сместена и партизанската радиостаница. За време на НОБ, во 1944 година во куќата бил одржан првиот состанок на НОО за Струшко. Во неа е формиран и првиот Народен одбор на струшката околија. Во знак на заслуга, на 2 август 1954 година, на куќата е откриена и спомен плоча.[3][4]
Во 1946 година, за прв пат бил сменет покривот. Во 1994 година, повторно бил сменет покривот.[3]
Пролетта 2006 година бил поправан симсот на балконите.[3]
Во 2011 година, куќата бил прогласена за Споменик на културата.[3]
Архитектура
уредиКуќата на Ќитановци претставува високо развиена куќа со троделна поделба на основата и средиштно поставен чардак.[5]
Икона-заштитничка на куќата е Богородица, донесена од Одеса како подарок, која била вградена во еден од ѕидовите, во присуство на три попови.[3][4]
Мебелот во куќата бил донесен од европските средишта, а целиот приход кој семејството го заработил од ресторанот на брегот на Црното Море, го насочувале кон изградба на куќата во највисок стил.
Поистакнати лица кои живееле во куќата
уреди- Мишо Китаноски ― публицист и хроничар на Вевчани[4]
Познати лица кои влегле во куќата
уреди- Кузман Јосифовски Питу и Владо Малески престојувале за време на Втората светска војна[4]
Куќата во уметноста
уредиКуќата е спомената во песните „У Китаној“ од Сашо Бетоски, и „Куќата вевчанска китаноска“ од Васил Мукаетов.[4] Еден од сопствениците на куќата, Мишо Ќитаноски, ја напишал песната „Песна за Вевчани“ каде ја спомнува неговата куќа.[6]
Галерија
уреди-
Спомен-плоча за одржан состанок во НОБ
-
Влезот
-
Куќата во 2018 година
-
Куќата во 2018 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
-
Куќата во 2023 година
Наводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ќитаноски, Мишо. Куќата на Ќитановци во Вевчани, Македонија. стр. де факто 2 (нема наведено страници во брошурата).
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Ќитаноски, Мишо. Куќата на Ќитановци во Вевчани, Македонија. стр. де факто 3 (нема наведено страници во брошурата).
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Весникот „Нова Македонија" пишува: Во Вевчани Куќата на Китановци 110 години му оделева на времето“. publicitet.mk. 29 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 2023-02-10. Посетено на 10 февруари 2023.
- ↑ „Архитектура“. Vevcani info. Архивирано од изворникот на 2016-08-22. Посетено на 17 ноември 2018.
- ↑ Ќитаноски, Мишо. Куќата на Ќитановци во Вевчани, Македонија. стр. де факто 4 (нема наведено страници во брошурата).
|access-date=
бара|url=
(help)
Надворешни врски
уреди- Куќа на Ќитановци (Вевчани) на Ризницата ?
41°14′28.29″N 20°35′28.55″E / 41.2411917° СГШ; 20.5912639° ИГД