Кучкар (Правишко)

село во Правишко, Егејска Македонија

Кучкар или Кучкари (грчки: Ελαιοχώρι, Елеохори; до 1926 г. Κοτσκάρι, Коцкари[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 1.195 жители (2011). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци од исламска вероисповед.

Кучкар
Ελαιοχώρι
Музејот на маслинката и маслото во Кучкар
Музејот на маслинката и маслото во Кучкар
Кучкар is located in Грција
Кучкар
Кучкар
Местоположба во областа
Кучкар во рамките на Кушница (општина)
Кучкар
Местоположба на Кучкар во Кавалскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°49.14′N 24°14.36′E / 40.81900° СГШ; 24.23933° ИГД / 40.81900; 24.23933
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски
ОпштинаКушница
Општ. единицаЛевтера
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.195
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено југозападно од градот Правишта, недалеку од брегот на Тракиското Море (северниот дел на Егејското).[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кучкар:

Кочкар, муслиманско село; 1 џамија; жителите зборуваат македонски; од градот [Правишта] оддалечено е на 2 часа.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Кучкар се состоело од 500 Македонци-муслимани,[6][7] кои Симовски по грешка ги води како Турци.[3]

Во Грција уреди

Во 1918 г. писателот Антон Страшимиров од Пиринска Македонија го опишал селото како единствената оддалечена македонска населба во овој крај, која се зачувала бидејќи го примила исламот. Изразил восхит кон месниот македонски говор и напоменал дека денес овдешните жители се единствените приморски Македонци кои и денес се занимаваат со морски риболов. Според сопственото распрашување меѓу мештаните, секоја куќа имала свој „кораб“ (чамец) со „гребла“ (весла) изработени со резбарски украси. Нивните домашни разбои ги нарекувале „стануви за ткање“, а во риболовот користеле „ловидбени мрежи“ со „оловни гл’тки“ (тегчиња) кои самите си ги топеле.[4][8]

По Балканските војни, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешки договор. Истата година во него се попишани 396 жители, кои 1920 г. се намалиле на 359.[3] Во периодот помеѓу 1912 и 1927 г. селото постепено се празнело. Грчките власти вршеле репресии врз жителите на Правишко, прогонувајќи го сето негрчко население. Македонското население, како муслиманско, е иселено во Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Елеохори, што во превод значи „маслинарник“.[9] До 1928 г. на нивно место во Кучкар се населиле вкупно 544 грчки дојденци (138 семејства) од Источна Тракија.[10]

Во 1940 г. населението пораснало на 987 жители. Следната 1941 г. целото подрачје е окупирано од Бугарија, чии чиновници во Кучкар изброиле 962 жители.[3] Според пописот од 1951 г. селото имало 1.011 жители, а во 1961 г. тука живееле 1.072 лица. Во 1971 г. е забележан мал раст на 1.131 жител, кои во 1981 г. станале 1.204, а во 1991 г. се смалиле на 1.158 лица.[3] Во 2001 г. во селото се заведени 1.126, а во 2011 г. — 1.195 лица.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 987 1.011 1.072 1.131 1.204 1.158 1.126 1.195
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Населението на Кучкар се занимава со одгледување на тутун, овошје, грозје и маслинки.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κοτσκάρι -- Ελαιοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 228–229.
  4. 4,0 4,1 користејќи ги поимите „Бугари“ и „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда
  5. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 51.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. „Правишка Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 201.
  8. Страшимировъ, Антонъ (1918). Въ южните земи. София: Издава Благотворителния фондъ „Борис князь Търновски“ при щаба на Х п. Бѣломорска дивизия. стр. 180–181.
  9. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски уреди