Крушевачки Санџак
Крушевачки Санџак или Алачахисарски Санџак (турски: Alacahisar Sancağı, српски: Крушевачки санџак) — еден од санџаците во Отоманското Царство со Алачахисар (денешен Крушевац) како административен центар. Турското име Алачахисар значи шарена тврдина.[3]
Крушевачки Санџак Крушевачки санџак Alacahisar Sancağı | |||||
Санџак на Отоманско Царство | |||||
| |||||
Главен град | Крушевац | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1455[2] | |||
- | Последно отоманско заземање на Крушевац | 1830[1] | |||
Денес во | Србија |
Историја
уредиДеспот Стефан Лазаревиќ, кој немал деца, се договорил неговиот внук Ѓураѓ Бранковиќ да го наследи српскиот престол и да стапи во сојуз со Унгарија, но по неговата смрт, Мурат II ја нападнал Србија во 1428 година барајќи ја земјата за себе.[4] Мурат ја зазел српската престолнина Крушевац и го принудил Бранковиќ да го продолжи османлискито вазалство.[4] Во 1451 година, кога Мехмед II станал султан, деспотот Ѓураѓ повторно го зазел Крушевац и неговата околина.[5] Мехмед II организирал воени акции во Србија од 1454 до 1459 година, кога го освоил и анектирал Српското Деспотство. Крушевац (сега познат како турски Алачахисар) бил заземен во 1455 година и веднаш бил организиран во отоманска поддивизија.
Административна поделба
уредиЕјалети
уредиВо периодот помеѓу 1455 и 1541 година, Крушевачкиот Санџак му припаѓал на Румелискиот Ејалет. По формирањето на Будинскиот Ејалет во 1541 година, Крушевачкиот Санџак нему му припаднал заедно со неколку други санџаци меѓу кои Смедеревскиот, Пожешкиот, Вучитрнскиот, Зворничкиот, итн. Во 1558 година Крушевачкиот Санџак му бил додаден на Темишварскиот Ејалет [6] На почетокот на 17 век Крушевачкиот Санџак повторно бил дел од Румелискиот Ејалет.[7]
Нахии
уредиГрадот Алексинац за прв пат се споменува во 1516 година во дефтер на санџакот на Алача Хисар.[8] Истата година во Крушевац биле регистрирани 1.000 војнуци.[9]
Во 16 век санџакот на Алача Хисар ги имал следните нахии: Крушевац (Алача Хисар), Медвеѓа, Ургуп, Загрлата, Дубочица, Козник, Куршунлу, Петрус, Бован (близу денешниот Алексинац), Полјаница, Кислина и Из.[10] Во 17 век овој санџак ги имал следните кадилаци : Крушевац, Прокупље, Медвеѓа, Бован, Параќин и Козник.[11]
Санџак-бегови
уредиВо 1493 година крушевачки санџак-бег бил Исмаил-бег, кој учествувал во Битката кај Крбавското Поле.[12]
Дели Хасан-паша Суљобашиќ бил санџак-бег на Крушевац од 1720-тите до 1739 година.[13] Тој успеал да спои многу мали чифлици во еден голем имот убивајќи многу локални спахии и заими (водачи) без да биде санкциониран, и покрај многуте официјални истраги.[14] Во 1793 година бил префрлен во Призрен, а потоа во Охрид.[14]
Во 1789 година, за време на Руско-турската војна (1787–1792), Шехсувар Абди-паша од Ишкодра (Скадар) бил назначен за санџак-бег на Крушевачкиот Санџак.[15][16] Во периодот помеѓу 1794 и 1830 година санџак-бег бил Сашит-паша.[17]
Демографија во 15 и 16 век
уредиВо 1455 година, санџакот имал 170 тимари, од кои 27 биле во рацете на христијаните.[18]
Османлиските извори нагласуваат дека бран влашки овчари се населиле во Смедеревскиот Санџак и голем дел од Крушевачкиот Санџак и Видинскиот Санџак .[19] Откако Османлиите ги освоиле териториите во Панонската Низина, многу семејства од централниот дел на Балканот се преселиле во таа област што го зафатила влашкото население од Крушевачкиот и Смедеревскиот Санџак кои ги загубиле своите претходни привилегии. Од почетокот на 16 век, муслиманското население во Крушевац, Прокупље и Лесковац сочинувало 68% од вкупното население, додека до крајот на векот се зголемило на речиси 85% поради исламизацијата на Србите. Во помалите градски населби како Куршумлија, Параќин, Медвеѓа и Бован, христијаните го сочинувале мнозинството од населението до 1536 година. Овој сооднос се променил дури на крајот на векот, кога овие групи се изедначиле во однос на нивниот број.[20]
Во 1516 година, Крушевачкиот Санџак имал 320.000 жители, а во 1536 година поради депопулација имал 160.000-190.000 жители.[21]
Населби
уредиБрој на села според дефтерите; [21]
- 1516: 1.155 села
- 1536; 1.169 села
- 1570: 1.082 села
- 1583: 1.104 села
Број на населби во нахијата (1536); [21] [21]
- Кисилина: 12 села, 153 домаќинства
- Дубочица: 300 села, 7.000 домаќинства
- Крушевац: 216 села, 8.000 домаќинства
- Козник: 116 села, 1.500-2.000 домаќинства
- Бобан: 43 села, 2.200 домаќинства
- Петруш: 95 села, 1.300–3.000 домаќинства
- Прокупље: 264 села, 13.000 домаќинства
- Куршумлија: 63 села
- Изморник: 30 села
- Пољаница: 24 села
- Загратла: 74 села, 976 домаќинства
Наводи
уреди- ↑ Leskovački zbornik. 1973. стр. 27. Посетено на 8 March 2013.
Умро је 1830. године, таман када је догорело постојање халаџа хисарског санџака
- ↑ Nikola Konstandinović (1970). Beogradski pašaluk. стр. 6. Посетено на 8 March 2013.
Крушевачки санџак који је образован још 1455 г., пре Смедерев- ског санџака, ...
- ↑ Drustvo Istoricara Bosne i Hercegovine, Sarajevo (1950). Godisnjak. стр. 178. Посетено на 10 March 2013.
Санџак Крушевац (А1аса Шзаг) Град Крушевац, некадању престоницу кнеза Лазара, Турци су~ дефинитивно посјели г. 1455, дали му име Алаџа Хисар (Шарен град) и претворили га у средиште истоименог санџака.
- ↑ 4,0 4,1 Shaw 1976, p. 48
- ↑ Celâl Güzel 2002, "When Mehmed II succeeded to the throne in 1451, the Serbian Despot captured Alaca Hisar and its environs, but .
- ↑ Radovan Samardžić (1981). Istorija srpskog naroda. Srpska književna zadruga. стр. 51. Посетено на 10 March 2013.
Кад је 1541. основан Будимски ејалет, овој области је придружено неколико санџака Румелијског ејалета, »и то Вучитрн, Крушевац, Смедерево, Зворник, Срем, Пожега и др.« Санџак Крушевац је 1558. издвојен из Будимског
- ↑ Annuaire de la Société historique de Bosnie et Herzégovine. Istorisko društvo Bosne i Hercegovine. 1952. стр. 194. Посетено на 10 March 2013.
- ↑ NIN. nedeljne informativne novine. 2795-2806. Politika. 2004. Посетено на 6 March 2013.
„Алексинац се први пут спомиње 1516. године.у дефтеру за крушевачки санџак,
- ↑ Österreichische Osthefte. LIT Verlag Münster. 2005. стр. 148–. ISBN 978-3-8258-9539-6. Посетено на 8 March 2013.
- ↑ Zbornik Istorijskog muzeja Srbije. Muzej. 1975. стр. 51. Посетено на 6 March 2013.
- ↑ Владимир Бабић (1960). Историја народа Југославије. Просвета. стр. 65. Посетено на 6 March 2013.
- ↑ Starine. Akademija. 1937. стр. 139. Посетено на 10 March 2013.
- ↑ Leskovački zbornik. 1971. стр. 9. Посетено на 10 March 2013.
...може се открити да је њихов родоначелник Дели Хасан-паша, ко- ји је био крушевачки санџакбег до 1739. го- дине.
- ↑ 14,0 14,1 Milosav M. Đorđević (2000). Razbojna. Kulturno prosvetna zajednica Srbije. стр. 79. Посетено на 10 March 2013.
- ↑ Milosav M. Đorđević (2000). Razbojna. Kulturno prosvetna zajednica Srbije. стр. 79. Посетено на 8 March 2013.
У току рата 1789, Крушевачки санџак је додељен Шехсувар Абди паши, сину Арслан Али Паше Дели Хасанпашићу, унуку горе поменутог Дели Хасана. Управо тај Шехсувар Абди паша је у ствари Шашит паша лесковачки.
- ↑ Antonije Isaković; Srpska akademija nauka i umetnosti. Međuodeljenjski odbor za proučavanje Kosova (1998). Kosovsko-Metohijski zbornik. Srpska Akademija nauk i umetnosti. стр. 60. ISBN 9788670251052. Посетено на 8 March 2013.
...нарочито под крушевачким саниакбегом Шехсувар (Шашит пашом) пореклом из Скадра
- ↑ Ljubiša Đidić; Života Radojičić (1988). Kruševac. Bagdala. стр. 78. ISBN 9788670870673. Посетено на 10 March 2013.
У току руско-турског рата у Крушевцу се налази Шехсувар Абди паша. Године 1794. санџакбег је Сашит паша који на овом положају остаје до 1830. го- дине.
- ↑ Hamzaoǧlu 2004, p. 62: "1455 yılında Alacahisar Sancağı'nda varolan 170 tımardan 27'si Hıristiyanların elinde bulunuyordu"
- ↑ Balkan Studies. The Institute. 1986. стр. 10. Посетено на 10 March 2013.
Turkish sources declare that a wave of Vlah herdsmen flowed into Smederevo sandzak and a large part of Krusevac and Vidin sandzak
- ↑ Dragana Amedoski, Vladeta Petrović; (2018) Urban settlements of the Sanjak of Kruševac(15th–16th centuries) p. 251; Historical Institute Belgrade,
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 Vasić 2005.
Литература
уреди- Olga Zirojević: Kruševački sandžak u svetlosti turskog popisa 1530/31 godine [Sanjak of Kruševac in light of Turkish defter of 1530/31], Leskovački zbornik, VIII, 1968, 221—228
- Dragana Amedoski: Kruševac u osmanskom popisu iz 1536. godine Архивирано на 4 март 2016 г. [Kruševac in the Ottoman survey from 1536.], Miscellanea, XXIX (2008), Istorijski Institut, Belgrade
- Vasić, Milan (2005). Islamizacija na Balkanskom Poluostrvu (српски). Banja Luka: Narodna I Univerzitetska Biblioteka Republike Srpske. ISBN 99938-0-583-1.