Битка на Крбавско поле
Битката на Крбавско поле (хрватски: Krbavsko polje, унгарски: Korbávmezei csata) се одвила на 9 септември 1493 година помеѓу Османлиското Царство од една страна и Кралство Унгарија и Кралство Хрватска од друга страна. Битката се одвила на Крбавско поле, денешна Хрватска.
Битка на Крбавско поле | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-унгарски војни Стогодишна османлиско-хрватска војна |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Османлиско Царство | Кралство Унгарија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хадим Јакуп Паша, *Санџак бег Исмаил *Мехмед Бег | Ерерик Деречин † *Иван Франкопан Цетински † *Фердинанд Бериславиќ † |
||||||
Сила | |||||||
8,000 | 2,000-3,000 heavy cavalry 8,000 infantry |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
? 1,000 убиени | 8,000-10,000 убиени 1,500 POW[2] |
Во битката, христијанската војска бикла поразена од страна на муслиманската. На чело на христијанската армија биле Ерерик Деречин, Иван Франкопан Цетински и Фердинанд Бериславиќ. Турските војски пак биле под команда на Хадим Јакуп Паша, Санџак бег Исмаил и Мехмед Бег.
По падот на Кралство Босна во 1463 година, јужните и централните делови од Кралство Хрватска останале незаштитени. Османлиите во меѓувреме стигнале до реката Неретва, каде ја освоиле Херцеговина во 1482 година, по кое се упатиле кон Хрватска. Со цел да ја запрат таквата инвазија на Османлиите, Хрватите се обидиле преку Ерерик Деречин да им го попречат патот. Така, на Крбавско поле, во централниот дел од Хрватска, поставиле заседа за Турците. Во меѓувреме османлискиот санџак на чело со Хадим Јакуп Паша со околу 8.000 војници се враќал од војната во Загорје. Хрватската армија броела околу 8.000 војници. Во текот на битката, Кралство Хрватска претрпела голем пораз, каде биле убиени сите три челници на христијанската армија. По битката, голем дел од христијанското население побегнало кон Австрија, а имало и такви кои мигрирале кон Италија.
Наводи
уреди- ↑ Eastern Europe: An Introduction to the People, Lands, and Culture By Richard C. Frucht, pg. 422
- ↑ Battle of Krbava field (хрватски)