Крсто Асенов

(Пренасочено од Крсте Асенов)

Крсто Хаџи Петров Асенов (бугарски: Кръстьо Хаджипетров Асенов) наречен Мечката, Огнениот даскал и Черкесија — револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, еден од поистакнатите револуционер на Македонската револуционерна организација, раководител и војвода во Ениџе Вардарско, социјалист по убедување[1].

Крсто Асенов
Роден 1877
Сливен, Бугарија
Починал 1903
Корнишор
Познат војвода на ТМОРО

Животопис

уреди

Крсто Асенов е роден во 1877 година во Сливен. Внук на легендарниот војвода Хаџи Димитар и е помал брат на револуционерот Јордан Асенов исто така член на Организацијата.

Завршил гимназија во Варна за потоа да стане учител. Подоцна се вработил во Високото училиште во Софија (денес Софиски универзитет Свети Климент Охридски).

Се вклучува во борбата за ослободување на Македонија и Одринско под влијание на Гоце Делчев.

Се запознава со Јане Сандански, додека учителства во селото Лешко, Горноџумајско по барање на Сава Михајлов, претходно учителствувал во село Влахи.

Учествува во аферата Мис Стон. Во 1902 година дејствува во областа на десниот брег на Струма, против врховистичките чети.

Илинденско востание

уреди

На Илинден во селото Корнишор четите на Асенов од Кукушкиот крај и ениџевардарските чети на Апостол Петков и Иван Орџанов Карасулијата се обединуваат.

Тука пред 250 четници било кршевано знамето на четата. Во Илинденското востание во 1903 година е војвода на зборната Кукушката чета и води борби при Арџанското Езеро на 6 јуни, каде што загинува Милан Делчев (помалиот брат на Гоце Делчев), како и кај селото Постол на 16 јуни.

На 25 јули во ениџевардарското селото Корнишор (денес Кромни) Асенов се оженил со Ана Малешевска, ќерка на Никола Малешевски, но за време на венчавката бил убиен од своите четници, незадоволни од тоа дека војводата прави свадба за време на востанието.

Гоне Бегинин го потикнал убиството на Крсто Асенов [2][3][4].

Извори

уреди
  1. Кукуш и неговото минало", София, второ допълнено издание 1969 година, 205
  2. Гоцев, Слави. Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912, Издателство на Отечествения фронт София, 1988, стр. 170.
  3. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 47.
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 12.