Гоне Бегинин
Гоне (Гоно) Бегинин е македонски ајдук и револуционер.
Животопис
уредиРоден е во 1867 година во Кукуш. Стекнува основно образование. Работи како фурнаџија во Солун. Од 1896 година е четник во арамиската чета на Георги Латровалијата во Поројско, која му служи на Врховниот комитет. Подоцна е во четата на Васе Шуперлијата и заедно со Васе Пехливана пренесува оружје за Малешевијата. Привлечен е од ВМОРО и е дел од четата на Иванчо Карасулијата. Летото 1899 година е војвода на чета од 4 души во Кукушко, која го придружува Гоце Делчев.[1] Од 1901 до 1903 година е во четите на Христо Чернопеев и Крсто Асенов. Со Асенов тајно ривалствува за првенство меѓу четниците. На почетокот на Илинденското востание организира заговор за убиство на Крсто Асенов.[2] На крајот на востанието е фатен во Софија и од организацијата осуден на смрт, но казната не е извршена по барање на братот на Крсто, Јордан Асенов.[3] Во Балканските војни учествува во Македонско-одринското ополчение, во четата на Гоце Брдаров, а потоа и во 2-ра чета на 13-та кукушка дружина.[4][5][6]
Наводи
уреди- ↑ Петров, Тодор (2002). Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908). София: Военно издателство. стр. 25.
- ↑ Гоцев, Славе (1988). Национално-революционни борби в Малешево и Пиянец 1860–1912. София: Издателство на Отечествения фронт. стр. 170.
- ↑ Динев, Ангел (1946). Илинденската епопея: Развоя на макед. освободително движение. I. София: Печатница „Народен печат“. стр. 341–345.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. Архивни справочници № 9. София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново. 2006. стр. 81. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Николов, Борис (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 17. ISBN 954-9514-28-5.
- ↑ Пелтеков, Александър (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено. изд.). София: Орбел. стр. 45. ISBN 9789544961022.