Кралство Галисија

Кралство Галисија (шпански: Reino de Galicia) — историска држава која се наоѓала во северозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Неговата престолнина била Сантјаго де Компостела. Кралството било основано во 410 година од страна на германското племе Шваби, кои стекнале независност од Западната Римското Царство на територијата на римските провинции Галисија и Северна Лузитанија. Во 585 година, кралството на Швабите било претпено односно присоединето кон кралството на Визиготите. Визиготското кралство пак опстојувало до 701 година, а неговите територии влегле во составот на Кралство Астурија. Во времето на Алфонсо III во 910 година, провинцијата била разделена помеѓу Кралство Астурија и Кралство Леон. Во 1065 година, кралството било разделено на синовите на Фердинанд I Кастилиски.

Кралство Галисија
Reino de Galicia
410 — 584
910 — 1833
Flag of Галисија
Flag
Royal coat of arms of Галисија
Royal coat of arms
Motto: Hoc hic misterium fidei firmiter profitemur  (Latin)
"Here, with great faith, we confess this mystery"
Местоположбата на  Кралство Галисија  (red) во Europe  (camel) in the XI century.
Местоположбата на  Кралство Галисија  (red)

во Europe  (camel)

in the XI century.
Главен градSaint James of Compostela¹
Говорени јазицигалисиски
Вероисповед
христијанство
УредувањеМонархија
Крал 
• 910-924
Ордоно II од Леон
• 925-929
Санчо I
• 1111-1157
Алфонсо VII од Леон и Кастиља
LegislatureХунтас до Реино де Галисија
Историја 
• Основана
410
• Престанала да постои
1833
Претходници
Западна Римското Царство
¹ By the early modern era established at Saint James of Compostela, and before that Lugo & various.

Галисија паднала под власта на Гарсија II, и тој бил објавен за крал на Кралство Галисија и Португалија. Во 1072 година, по повеќегодишната војна помеѓу синовите на Фердинанд I довело да Кралството Галисија и Португалија биде зазедено од страна на Алфонсо VI, кој станал и крал на Кастиља. Унијата помеѓу Португалија и Галисија била уништена во 1128 година од страна на Алфонсо I Португалски, кој се оделил како самостоен и независен владетел на Португалија. Во 1525 година, Галисија била присоединета кон Кралство Шпанија. Во нејиниот состав, Кралството Галисија имала определена автономија до 1833 година.