Кочо Битољану
Кочо Битољану (Крушево, 8 јануари 1924 – Скопје, 19 јуни 2015)[1] — македонски комунист, првоборец и повоен општествен работник. Бил носител на Партизанска споменица 1941.[2]
Животопис
уредиРоден е во Крушево во 1924 година, а во 1933 се преселил во Скопје каде што завршил основно училиште и запишал гимназија. Како член на Месниот комитет на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Во август 1942 година ја предводел диверзантската група која извршила атентат врз бугарскиот агент Мане Мачков. Осуден е на 15 години затвор од бугарската окупаторска власт, а кон крајот на август 1944, на десетина дена пред капитулацијата на Бугарија, избегал од затворот во Идризово и заминал во партизани. Учествувал во ослободувањето на Прилеп, а потоа пак илегално се вратил во Скопје каде што ги организирал младинските групи за заштита на клучните објекти во градот од диверзиите на германската окупаторска власт.
По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен потсекретар и секретар за внатрешни работи на СРМ (до 1967 година),[3] потпретседател на Собранието на град Скопје до 1969 година и пратеник во Собранието на СРМ.
Наводи
уреди- ↑ „Почина Кочо Битољану“ Архивирано на 13 ноември 2016 г., „Утрински Весник“
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 162 стр.
- ↑ „Службен весник на СРМ, 25/67, 5 стр.
Надворешни врски
уреди- Разговор со Кочо Битољану - седумдесет години по атентатот врз бугарскиот полицаец Мане Мачков Архивирано на 13 август 2013 г., „Република“, 12.08.2013.
- Бојан Шашевски, „Градот се сеќава на оние што го носеа отпорот против фашизмот“[мртва врска], „Утрински Весник“, 12.11.2014.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |