Бока Которска

(Пренасочено од Которски Залив)

Бока Которска или Которски Заливзалив на Јадранското Море во Црна Гора. Зафаќа површина од 87,33 км2.

Бока Которска
Географски регион на Црна Гора
Релјефна мапа
Релјефна мапа
Мапа на Орјен и регионот Бока
Мапа на Орјен и регионот Бока
Држава Црна Гора
ГрадовиКотор, Херцег Нови, Тиват, Будва, Рисан, Доброта, Пераст, Прчањ
Поглед кон Бока Которска
Поглед кон катедралата во Бока Которска

Географска положба

уреди

Заливот е длабоко навлезен под карпестиот Ловќен (1.654 m) и Орјен (1.894 m). Почнува со Херцеговски Залив, кој се провлекува низ Кумборски Проток, преку него преоѓа во Тиватски Залив, па низ Веригите влегува во Рисански и Которски Залив. Поголеми населби во Бока се: Њивице, Игало, Херцег Нови, Савина, Мељине, Зеленика, Кумбор, Ѓеновиќи, Баошиќи, Бијела, Каменари, Костањица, Морињ, Рисан, Пераст, Љута, Доброта, Котор, Шкаљари, Муо, Прчањ, Доњи Столив, Горњи Столив, Лепетане, Доња Ластва, Горња Ластва, Тиват, Кртоли, Луштица, Росе, а покрај нив има уште десетина мали населби.

Во Бока Которска постојат и девет острови: Превлака, Мамула и островот Ваведење на сам влез во заливот, Госпа од Милост, Свети Марко и Островот на Цвеќето, Зановетни Шкољиц во Тиватскиот Залив, а Госпа од Шкрпјела и Свети Ѓорѓи во Рисанскиот Залив.

Основни податоци

уреди

Основни морфометриски податоци за Бококоторскиот Залив се:

  • Вкупна површина: 87,33 км2
  • Вкупна зафатнина: 2.412,306.000 км3
  • Максимална длабочина: 60 м
  • Средна длабочина: 27,3 м
  • Должина на залив: 28,13 км
  • Должина на брег: 105,7 км
  • Разгранетост на брегот: (K) 3,07
  • Ширина на влез: 2,95 км.

Се претпоставува дека во создавањето на Бококоторскиот Залив имала влијание флувијалната ерозија во плиоценот. Овој регион е познат по најголемата просечна количина на врнежи во Европа - регионот на Црквице.

Историја

уреди

Бока Которска ја прославија храбри поморци, вешти мајстори, градители, многу истакнати мудри луѓе. Има славна историја — од грчки колонии, преку Илирите, Рим, Византија, српските средновековни држави (Дукља, Србија и Босна) до Турците, Млетјаните, Русите, Наполеон Бонапарт и Австрија. Сите тие имале амбиции да владеат со неа. Поморството било основа на животот и дало печат на големо културно наследство. Во 17-ти и XVIII век Бока имала преку 300 бродови за долга пловидба и до 300 помали, кои годишно заработувале 200.000 млетачки златници. Пераштаните во 16 век имале поморска школа (Наутика), а во неа ги подучувале морнарите за рускиот цар Петар Велики.

Од 1979, градот е под заштита на УНЕСКО поради огромното културно богатство и наследство.

Население

уреди

Во регионот на Бока Которска (под поимот се земени општините кои припаѓаат на заливот) релативното национално мнозинство го сочинуваат Србите, апсолутно мнозинство се зборува Српски јазик, и апсолутно мнозинство од населението припаѓа на Српската православна црква.

Етнички состав според пописот од 2003
Срби
  
9.969 49,28%
Црногорци
  
7.447 36,81%
Хрвати
  
2.441 12,07%
останати
  
372 1,83%
Етнички состав според пописот од 2011
Срби
  
26.435 39,17%
Црногорци
  
26.108 38,68%
Хрвати
  
4.519 6,69%
останати
  
10.434 15,46%

Надворешни врски

уреди