Провлак

(Пренасочено од Превлака)

Провлак[1][2] — тесно парче земја што поврзува две поголеми копнени пространства кои се инаку одделени и опкружени со вода. Воопштено, провлакот е копнен теснец помеѓу две водни пространства[3].

Сателитска снимка на Суецкиот Канал, кој е прокопан низ провлак

Во географската терминологија на дијалектите на македонскиот јазик провлак означува место меѓу две реки[4], па од таа споредба географски терминот провлак се однесува на (потесно) копно помеѓу две водни пространства.

Провлакот помеѓу Големото и Малото Преспанско Езеро погледната од планината Баба

Најпознати провлаци во светот се Панамскиот и Суецкиот провлак, додека во Македонија провлак постои на разделот помеѓу Големото и Малото Преспанско Езеро, кој е создаван од дејството на ветровите и песочниот нанос од Стара Река (Германска)[5].

Каналите често се градат низ провлаците, поради особената поволност на кратење на поморскиот сообраќај. Така на пример Панамскиот и Суецкиот Канал се изградени на истоимените провлаци кои ги одвојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан и Средоземното и Црвеното Море. Поради оваа особина, провлаците се од особено значење во геополитиката и геостратегијата, што говори за посебниот статус кој го имаат или имале овие места со контрола на странските држави кои се големи светски сили.

Наводи

уреди
  1. „провлак“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „провлак“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Isthmus“. Britannica. Посетено на September 22, 2013.
  4. Видоески, Божидар (1999). Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: МАНУ. стр. 118. ISBN 9989-649-64-2.
  5. Јоновски, Кирил Ј. (2002). Преспа - историска енигма. Скопје. стр. 14.