Палихор (Солунско)
Палихор (познато и како Мало Палихор или Палеохор; грчки: Παλαιόχωρα или Παλαιοχώρα) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Палихор Παλαιόχωρα | |
---|---|
Координати: 40°35′N 22°30′E / 40.583° СГШ; 22.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Плати |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 392 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на пет километри југоисточно од градот Гида, на помалку од два километри северно од реката Бистрица, на надморска височина од 10 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
уредиПалихор уште од постаро време било населено со грчко население.[2]
По Првата светска војна, во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Палихор била мешана населба со 16 бегалски семејства со вкупно 51 жител.[3]
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство, а основни производи се памукот и шеќерната репка.[2]
Население
уредиВо пописот од 1913 година, селото било запишано со 103 жители, а во 1920 година со 173 жители, од кои 16 бегалски семејства со 51 жител, сместени тука од грчките власти непосредно по Балканските војни. Селото во 1928 година било попишано со 181, а во 1940 година со 188 жители. Според последните пописи, бројот на жителите се движел вака: во 1951 година 254, во 1961 година 243, во 1971 година 289, во 1981 година 274, а во 1991 година 282.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 463 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 393 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 188 | 254 | 243 | 289 | 274 | 282 | 463 | 393 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Корифи, во кој покрај Палихор влегува и селото Корифи.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.