Колочеп (дубровничко име: Каламота) е остров кој му припаѓа на Елафитскиот Архипелаг, и е најјужниот населен хрватски остров. Се наоѓа западно од Дубровник, од кој е оддалечен 3 километри. На запад од Колочеп се наоѓа островот Лопуд, а на југ островот Свети Андрија. Од копното островот е одделен со Колочепскиот канал, кој е широк околу еден километар.[1] Според пописот од 2011 година, на островот живеат 163 жители.[2]

Колочеп
Kalamota
Географија
МестоЈадранско Море
АрхипелагЕлафитски Острови
Површина2,44 км2
Брегова линија12,9 км
Највисоко место125 м
Највисока точкаКриз
Држава
ЖупанијаДубровничко-неретванска жупанија
Демографија
Население163
Местоположба на островот Колочеп во Јадранско Море
Поглед на островот Колочеп од Орашац

Потекло на поимот

уреди

Колочеп е единствениот остров во Јадранско Море кој има две имиња. Месното население, речиси исклучиво, го користи неформалното, локално име Каламота, а самите себе се нарекуваат Каламотези. Овој остров во минатото се нарекувал Каламота. Во најстарите записи на парохиската архива на островот, кои датираат од 1497 година, островот бил запишан со името Каламота. Името на островот потекнува од старогрчкиот збор Kalamos, што значи рибарска трска. Месното население, Каламотезите, и денес рибарската трска ја нарекуваат каламуќа.

Флора

уреди

Од дрвенестите растителни видови на островот преовладуваат маслиновите дрва и боровите.

Сообраќај

уреди

На островот нема патишта, а единствен пат е бетонската улица која ги поврзува двете населби и чија широчина е доволна само за пешаци, но не и за автомобили. Двете населби на островот се оддалечени со околу 15 минутна прошетка низ напуштени земјоделски имоти. Островот е поврзан со копното преку само една бродска линија до Дубровник.

Стопанство

уреди
 
Хотел на Колочеп

Главната стопанска гранка на островот е туризмот. На островот има хотел, кој денес е во сопственост на компанијата Karisma Adriatic Hotels. Освен хотелите, со туризам се занимаваат и бројни приватни изнајмувачи.

Порано населението се занимавало претежно со маслинарство и лозарство, но денес тоа е многу запуштено.

Сточарството, исто така, денес е толку запуштено да речиси и не постои.

Иако некогаш постоела рибарска задруга, денес на островот никој не се занимава со професионален риболов.

Население

уреди
 
Светилник на Колочеп

Месното население на островот се Хрвати. Каламотезите живеат во две населби. Едната населба, наречена Горно Чело, е свртена поблиску до Дубровник, а другата населба, наречена Долно Чело, се наоѓа во длабок залив, свртен во правец запад-северозапад.[3] Во 14 и 15 век, островот бил населен со околу 2000 жители, кои поседувале 37 големи бродови кои пловее низ Јадранско Море, дури до Сицилија. Во 15 век бројот на бродовите се зголемил на 65 (постоело и бродоградилиште), но по отворањето на бродските линии низ Атлантскиот Океан, бродските линии низ Јадранското и Средоземното Море го изгубиле своето значење и дел од населението емигрирало поради економски причини. Вадењето на корали со специјани мрежи од Јадранското и Егејското Море била значајна економска дејност на месното население во минатото, затоа што коралите биле продавани на пазарите во Италија и Дубровник. Во 1571 година, Турците го опустошиле островот и одонеле голем број на жители во ропство, но Дубровничката република ги ослободила така што платила висока откупнина.

Познати личности

уреди

Култура

уреди
 
Црквата Свети Никола на Колочеп

На островот има околу 17 вредни споменици на културата, претежно мали цркви и капели, кои потекнуваат од периодот до 16 век. Покрај тоа, повеќето од станбените и фортификациски објекти се привлечни примери на старата архитектура. Во предниот дел на пристаништето во Долно Чело се наоѓа тврдината Каштио, во чии подруми можеле да се сокријат и неколку стотина луѓе. Горниот дел на тврдината Каштио бил целосно уништен, но се сочувани визбите долги 30 метри и широки 3 метри. До црквата се наоѓа кулата Торета, висока околу 14 метри и широка околу 4 метри. Над влезот од кулата има мал прозорец од кој врз напаѓачите било фрлано врело масло, смола, итн. Летниковци, ниви и лозја на островот поседувале благородничките семејства Ѓорѓиќ, Замањи, Рањини, Држиќи, Сорго и други.

Најголемата и најважна црква на островот е посветена на Пресвета Богородица, а потекнува од 12 или 13 век. Од внатре црквата, без апсида, е долга 13 метри, а широка 5 метри. Најдобро сочувани капели се: капелатата на Св. Антун, која се наоѓа кај тврдината Каштио; Св. Троица, во Мачус спроти главното пристаниште во Долно Чело; Св. Никола, кај гробиштата и Св. Антун Падовски во Горно Чело. Во областа која денес се нарекува Под Св. Петар некогаш постоела капела посветена на св. Петар. Капелан на оваа капела бил познатиот дубровнички комедиограф Марин Држиќ.

Интересни факти

уреди

Се претпоставува дека двајца членови на посадата на Кристофер Колумбо, на бродот Санта Марија, биле Коломатезите, Мато и Доминик Кондјевиќ.

Еден од најбогатите хрватски иселеници во Чиле, Паско (не Пашко, како што погрешно го нарекуваат) Бабурица е роден и израснат на островот Колочеп.

Наводи

уреди
  1. „KOLOČEPSKI KANAL :: peljar.cvs.hr“. peljar.cvs.hr. Посетено на 2018-12-21.
  2. „Central Bureau of Statistics“. www.dzs.hr. Архивирано од изворникот на 2021-04-16. Посетено на 2018-12-21.
  3. Foster, Jane (2004). Croatia (англиски). Footprint Handbooks. ISBN 9781903471791.
  4. 4,0 4,1 „Gradoplov :: HRT – Radio Dubrovnik“. radio.hrt.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2020-10-23. Посетено на 2018-12-21.

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди

1. Zbornik Dubrovačkog primorja i otoka IX., "Kulturno-prosvjetno društvo Primorac", Dubrovnik, 2006.