Дубровничко-неретванска Жупанија
Дубровничко-неретванската Жупанија (хрватски: Dubrovačko-neretvanska županija) — најјужната хрватска жупанија која што се наоѓа во јужна Далмација. Главен град е Дубровник, поголеми градови се: Корчула, Метковиќ, Опузен и Плоче. Општината Неум која и припаѓа на БиХ ја дели жупанијата на два дела, истата општина и овозможува излез на БиХ на Јадранското Море. Најјужниот дел од жупанијата се состои од Дубровник и околината, вклучувајќи го полуостровот Пељешац и островите: Корчула, Ластово, Мљет, Шипан, Лопуд и Колочеп. Северниот дел ги вклучува: делтата на Неретва, езерата Баќина (северно од Плоче), исто и планината Биоково со врвот Рујница. Деветкилометарскиот приморски појас кој му припаѓа на Неум ја дели жупанијата на два дела, правејќи ги Дубровник и околината ексклава, но Дубровник е поврзан со територијалните води со хрватското копно. Дубровник исто така е поврзан со хрватското копно со автопат. Во тек се преговори меѓу Хрватска и БиХ за слободно преминување на границата кај Неум. Хрватска во 2022 г. го изградила Пељешачкиот мост со кој Дубровник се поврзува непосредно со хрватското копно, без притоа да се помине преку БиХ. Северниот дел на Млет е национален парк. Најјужниот дел од жупанијата е демилитаризирана зона провлак во близина на границата со Црна Гора.
Дубровничко-неретванска Жупанија Dubrovačko-neretvanska županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
Дубровничко-неретванска Жупанија (светлопортокалово) Хрватска (светложолто) | |||
Главен град | Дубровник | ||
Управа | |||
• Жупан | Никола Доброславиќ ((ХДЗ)) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.782 км2 (688 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 122.870 | ||
• Густина | 69/км2 (180/ми2) | ||
тел.код | 020 | ||
ISO 3166 | HR-19 | ||
Мреж. место | edubrovnik.org |
Основни факти
уредиАдминистративна поделба
уредиНа локално ниво жупанијата е поделена на 5 градови и 17 општини.
- град Дубровник
- град Корчула
- град Метковиќ
- град Опузен
- град Плоче
- општина Блато
- општина Дубровачко Приморје
- општина Јањина
- општина Конавле
- општина Кула Норинска
- општина Ластово
- општина Лумбарда
- општина Мљет
- општина Оребиќ
- општина Појезерје
- општина Сливно
- општина Смоквица
- општина Стон
- општина Трпањ
- општина Вела Лука
- општина Зажабље
- општина Жупа Дубровачка
Жупаниска управа
уреди- Жупан Никола Доброславиќ (ХДЗ)
Жупаниско собрание е составено од 41 претставник од кои:
- HDZ-HSS-HSLS-HSU: 21
- SDP-HNS: 9
- независна листа - Стипе Габриќ-Јамбо: 8
- независна листа - Перо Виќан:3
Од изборите во 2009.
Заштитени подрачја
уреди- Национален парк Млет
- Природен парк на архипелагот Ластово
Надворешни врски
уреди- http://www.edubrovnik.org/ Архивирано на 24 февруари 2007 г.