Кокошка (Фабержеово јајце)

Фабержеово јајце „Кокошка“ (Прво кралско велигденско јајце) — украсено јајце кое било изработено од страна на рускиот златар и филигран Карл Фаберже по нарачка на руското царско семејство. Јајцето било порачено од страна на Александар III во 1885 година. Јајцето толку многу му се допаднало на царот, што овој чин го направил традиционален во следните години, подарувајќи по едно јајце секоја година на Велигден на својата сопруга Марија Фјодоровна.

Кокошка
Година на изработка1885
НарачателАлександар III
ПримателМарија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Виктор Векселберг
Година на стекнување2004
Дизајн и материјали
МастерЕрик Колин
Употребен материјалзлато, рубин, дијамант
Висина64 мм
Ширина35 мм

Денес, ова украсено јајце се наоѓа во Фабержеовиот музеј во Санкт Петербург.

Историја

уреди

Императорско велигденско јајце

уреди

Во XIX век, Руската православна црква ја сочувала традицијата на празнување на Велигден. Во врска со традиционалниот подарок наменет за тој ден, братот на императорот Александар III, големиот кнез Владимир Александрович, му нарачал на Петар Карл Фаберже да изработи подарок за императорката. Врз основа на писмата од 21 март[а] 1885 година, големиот кнез директно на Фаберже му ги пренел сите царски желби во врска со подарокот, а притоа самиот император не бил вклучен во процесот на изготвување на подарокот. По неколкуте обиди за убиство на царското семејство, императорот сакал неговата сопруга да се избави од грижните мисли на Велигден 1885 година. Фаберже создал јајце коешто требало да ја потсети императорката на накитен предмет што таа го видела во детството.[1] Тоа јајце било изработено во средината на XVIII век, а денес се чува во замокот Розенборг во Копенхаген. Данското јајце било изработено од слонова коска наместо злато и внатре имало прстен наместо приврзок. Фаберже безусловно го избрал дизајнот на подарокот. Податокот толку многу им се допаднал на императорот и неговата сопруга, така што Фаберже станал дворски јувелир.[2]

По врачувањето на царицата

уреди

Царицата била восхитена од велигденскиот подарок на нејзиниот сопруг. Јајцето се чувало во Аничковиот дворец сè до Руската револуција. Во тоа време, револуционерите ја земале целата збирка на императорски јајца и ја однеле во Палатата на оружјето во Московскиот Кремљ. Лондонскиот трговец Фредерик Бери званично се стекнал со сопственост на јајцето во 1920 година и го изнел од Русија веројатно во Париз или Берлин.[3] На 15 март 1934 година, на аукција на лондонската аукциска куќа Кристис, Бери го продал јајцето под реден број 55 за 85 £ (430 $) на Р. Суинсон-Тејлор, кој во 1955 година станал лорд од Гранчестер. По смртта на лордот и неговата сопруга во 1976 година, јајцето влегло во списокот на имот од нивната оставнина. Њујоршката галерија Во стара Русија се стекнала со јајцето при продажбата на имотот на лордот и заедно со јајцето Недела му го продала на списанието Forbes во 1978 година.[3] Виктор Векселберг го купил јајцето заедно со уште осум други од списанието Forbes пред истите да бидат ставени на аукција и сите ги вратил во Москва.

Опис

уреди

Честа за создавање на првото императорско јајце му припаднала на јувелирот Ерик Колин од фирмата Фаберже. Јајцето било изработено од злато покриено со слој на безбојни емајли налик на природна лушпа. По средината на јајцето минува тенка златна реса којашто го дели на две половини. Тоа е со должина од 64 мм и ширина од 35 мм.[4] Двете половини на јајцето се спојуваат со бајонетно навртување и при неговото отворање може да се забележи иненадувањето.

Изненадување

уреди

Внатре во јајцето се наоѓа жолчка изработена од бзбојно злато и којашто содржи златна кокошка со рубински очи. Кокошката има зглобен механизам којшто работи со помош на пердувите на опашката и на тој начин овозможува да се дојде до двете изненадувања. Првото од нив била минијатурна копија на императорската круна изработена од злато и брилијанти, а второто било синџирче со рубински приврзок.[4]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а Во XIX век, на 9 (21) март се празнувал денот на Четириесетте маченици (Младенци), на кој според рускиот народен обичај се пече колач во облик на чучурлига, којашто го симболизира денот на пролетната рамноденица и наближувањето на пролетта.

Наводи

уреди
  1. Faber, Toby (2008). Fabergé's Eggs: The Extraordinary Story of the Masterpieces That Outlived an Empire. New York, New York: Random House. стр. 14-15. ISBN 978-1-4000-6550-9.
  2. Faber, Toby (2008). Fabergé's Eggs: The Extraordinary Story of the Masterpieces That Outlived an Empire. New York, New York: Random House. стр. 15-16, 18. ISBN 978-1-4000-6550-9.
  3. 3,0 3,1 Lowes, Will; McCanless, Christel Ludewig (2001). Fabergé Eggs A Retrospective Encyclopedia. Lanham, Maryland: Scarecrow Press Inc. стр. 19. ISBN 0-8108-3946-6.
  4. 4,0 4,1 Lowes, Will; McCanless, Christel Ludewig (2001). Fabergé Eggs A Retrospective Encyclopedia. Lanham, Maryland: Scarecrow Press Inc. стр. 17. ISBN 0-8108-3946-6.

Надворешни врски

уреди