Чучурлиги

(Пренасочено од Чучурлига)
Чучурлиги
Alauda arvensis
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Подред: Песнопојни
Семејство: Чучурлиги
Vigors, 1825

Чучурлигите (научAlaudidae) се фамилија птици песнопојки. Сите видови го населуваат Стариот Свет, северна и источна Австралија, само еден вид алпската ушеста чучурлига се проширила и во Северна Америка. Сите живеат на различни места, но сепак најмногу сакаат да живеат во суви подрачја.

Опис

уреди

Чучурлигите се мали до средно големи птици, долги 12 до 24 см и тешки 15 до 75 гр.

Тие поубаво пеат од повеќето птици, а често пеат додека се во лет. Нивната песна, како и проширувањето на живеалиштата кои луѓето ги измениле, им обезбедуваат на чучурлигите истакнато место во литературата и музиката.

Мажјаците пеат во лет додека ја бранат својата територија за време на размножувањето и за привлекување на партнерката. Повеќето видови го градат своето гнездо на земја, обичо од трева, но кај некои видови е малку посложено и повдлабено. Неколку пустински видови се гнездат во ниски грмушки, можеби заради жештината. Јајцата им се обично точкести, а големината на леглото варира од 2 (особено кај пустинските видови) до 6 јајца во поумерените региони. Чучурлигите ги инкубираат јајцата 11-16 дена.

Како повеќето птици кои живеат на земја, чучурлигите имаат подолг заден прст кој им дава стабилност додека стојат. Повеќето од нив имаат кафено перје, прошарано со линии, во потемни и посветли нијанси, но некои имаат црно и бело перје. Нивниот изглед им служи за камуфлажа, особено додека лежат на гнездото.

Се хранат со инсекти и семиња; возрасните ја насочуваат својата исхрана кон семиња, но младенчињата речиси сите ги хранат со инсекти, барем првата недела по испилувањето. Многу видови со клунот ја копаат земјата за да најдат храна. Некои имаат поголем и заострен клун, погоден за отворање семиња, а други, пак, имаат подолг и закривен, кој е попогоден за копање.

Чучурлигите се единствени од редот на врапчевидните кои ги губат сите пердуви во текот на првото митарење. Се смета дека тоа се случува порадиот лош квалитет на првите пердуви.

Чучурлигите се слични на другите птици кои живеат на земја, со своето долго терцијално перје, но кај нив тарзусот (стапалото) има само едн ред крлушки на задната површина, а кај другите има обично два реда.

Чучурлигите во исхраната

уреди

Овие птици се сметаат за здрава и вкусна храна која лесно се лови.[1][2] Се користат на многу начини, варени, печени на скара, како фил во пита и сл. Особено е ценет нивниот јазик. Поради намалувањето на нивниот број, нивното месо тешко се наоѓа, но уште го има по рестораните во Италија и на други места во јужна Европа.[3]

Систематизација

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Фамилија: ALAUDIDAE

Чучурлигите како мотив во уметноста

уреди

Литература

уреди
  • Alström, Per; Ericson, Per G.P.; Olsson, Urban; Sundberg, Per (February 2006). „Phylogeny and classification of the avian superfamily Sylvioidea“. Molecular Phylogenetics and Evolution. 38 (2): 381–397. doi:10.1016/j.ympev.2005 мај 015 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 16054402.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • The American Ornithologists' Union (June, 1886). „The American Ornithologists' Union Check-List of North American Birds“. The American Naturalist. 20 (6): 539. doi:10.1086/274272. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • „Check-list of North American Birds“. American Ornithologists' Union. 1998–2006. Архивирано од изворникот 2008-03-15. Посетено на 2008-06-24.
  • Barker, F. Keith; Barrowclough, George F.; Groth, Jeff G. (2002). „A phylogenetic hypothesis for passerine birds: taxonomic and biogeographic implications of an analysis of nuclear DNA sequence data“ (PDF). Proc. R. Soc. B. 269 (1488) (1488): 295–308. doi:10.1098/rspb.2001.1883. PMC 1690884. PMID 11839199. Архивирано од изворникот (pdf) на 2008-05-11. Посетено на 2008-06-24.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Dudley, Steve P; Gee, Mike; Kehoe, Chris; Melling, Tim M.; THE BRITISH ORNITHOLOGISTS' UNION RECORDS COMMITTEE (BOURC) (2006). „The British List: A Checklist of Birds of Britain (7th edition)“. Ibis. 148 (3): 526–563. doi:10.1111/j.1474-919X.2006.00603.x. Посетено на 2008-06-24.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  • Kikkawa, Jiro (2003). Perrins, Christopher (ed.) (уред.). Firefly Encyclopedia of Birds. Larks. Firefly Books. стр. 578–583. ISBN 1-55297-777-3.CS1-одржување: излишен текст: список на уредници (link)
  • Patterson, Bob (2002). „The History of North American Bird Names in the American Ornithologists' Union Checklists 1886 - 2000“. Архивирано од изворникот 2003-09-05. Посетено на 2008-06-24.
  • Ridgway, Robert (1907). „The Birds of North and Middle America, Part IV“. Bulletin of the United States National Museum. 50: 289–290. Посетено на 2008-06-25.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Lark Pie (an Entree)“. Архивирано од изворникот на 2011-06-16. Посетено на 2013-04-17.
  2. „Larks And Lark Pies“.
  3. Hooper, John (2010-02-17). „Cat, dormouse and other Italian recipes“. The Guardian. London. Посетено на 2010-05-07.
  4. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 69-70.
  5. Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 59.