Изборен кнез

владетелска титула и член на изборниот колегиум на Светото Римско Царство
(Пренасочено од Кнез-изборник)

Изборен кнез (германски: Kurfürst, Курфирст; латински: Princeps Elector) — член на изборен колегиум на Светото Римско Царство.

Илустрација на средба на изборните кнезови каде што вршат избор царот Хајнрих VII. Потеклото на изборните кнезови може да се идентификува според грбот што се наоѓа над секој од нив (од лево на десно): Архиепископите на Келн, Мајнц и Трир, Крупфалц (Палатин на Рајна), Војводство Саксонија, Грофот на Бранденбург и кралот на Бохемија

Од XII век па натаму, изборните кнезови ја имале привилегијата да го изберат Кралот на Римјаните, кој подоцна бил крунисан од страна на папата како цар на Светото Римско Царство. Карло V бил последниот крунисан цар (избран 1519, крунисан 1530). Неговите наследници биле избирани за цари директно од страна на избирачкиот колегиум и секој избран цар ја носел титулата „избран цар на Римјаните“ (германски: erwählter Römischer Kaiser; латински: electus Romanorum imperator). Во пракса, сите освен еден цар по 1440 биле од австриската династија Хабсбурговци, па затоа историчарите сметаат дека поради тоа изборните кнезови само го ратификувале наследството во хабсбуршката династија.

Достоинството на изборниот кнез носело голем престиж и се сметало дека е второ по она на кралот или царот.[1] изборните кнезови имале ексклузивни привилегии коишто ги немале останатите кнезови во царството. Паралелно со титулата изборен кнез, тие исто така ја држеле и титулата кнез. Престолонаследникот на световните изборни кнезови бил познат како изборен принц (германски: Kurprinz).

Историја

уреди
 
Грбовите кои ги претставуваат оригиналните изборни кнезови прикажани заедно со Германија

Германската практика на вршење на избор на монарси започнала кога античките германски племиња формирале ад-хок коалиции и ги одбирале водачите на истите. Изборите биле нерегуларно извршувани од страна на франките чии земји-наследнички ги вклучувале Франција и Светото Римско Царство. Француската монархија со текот на времето станала наследна, но царевите на Светото Римско Царство останале одбирани, барем теоретски поради тоа што најголем број од монарсите произлегувале од Хабсбушката династија. Покрај тоа што слободните мажи на почеток го изразувале своето право на глас на избори, правото на глас постепено станало ограничено на владеачките фигури во царството. Во изборот на Лотар II во 1125, мал број на еминентни благородници го одбирале монархот, а потоа го доставувале нивниот избор на одобрување на останатите аристократи кои се наоѓале во повисоките слоеви од општеството.

Подоцна правото да се врши избор на монархот станало практика на ексклузивна група од кнезови, а процедурата за барање на одобрение од останатото благородништво згаснала. Колегиумот од изборни кнезови се споменувал во 1152 и повторно во 1198. Составот на изборни кнезови во тоа време бил нејасен, но се смета дека бил составен од претставници на црквата како и војводи од четирите нации на Германија: франките (Војводство Франконија), швабите (Војводство Швабија), саксонците (Војводство Саксонија) и баварците (Војводство Баварија).

1257 до Триесетгодишната војна

уреди

Во писмото на папата Урбан IV се вели дека од „памтивек“ традицијата се состоела во тоа што седум кнезови го имале правото да го одбираат кралот и идниот цар. Овие седуммина кнезови биле споменувани како личностите кои дале глас во изборот во 1257 што резултирал со избор на два крала.

Тројцата архиепископи ги надгледувале моќните престоли во Германија, додека другите четворица ги претставувале четирите војвотства. Грофот Палатин на Рајна владеел на поголемата територија од поранешното Војводство Франконија по смртта на последниот војвода во 1039. Грофот на Бранденбург станал изборен кнез кога војвотството Швабија се распаднало по обезглавувањето на последниот војвода на Швабија во 1268. Саксонија, и покрај намалената територија останала на својата еминентна позиција.

Палантин и Баварија на почеток биле под владетелство на една личност, но во 1253 г., тие се поделиле на две членки во склоп на династијата Вителсбах. Останатите изборни кнезови одбиле да дозволат двајца кнезови од една иста династија да имаат изборно право, па поради тоа настанало големо соперништво помеѓу војводата од Крупфалц и војводата од Баварија за тоа кој треба да го заземе столот на Вителсбах.

Во меѓувреме, кралот на Бохемија, кој ја бил на древната империјалистичка функција Главен пехарник, го потврдил неговото право на учество на изборите.

Рензенскиот договор кој бил склучен во 1338 го имал ефектот каде што мнозинството од изборните кнезови автоматски ја доделувале титулата и владеењето над царството, без папско одобрение. Златната була во 1356 г. конечно ги решила споровите меѓу изборните кнезови. Според оваа декларација, архиепископите од Мајнц, Трир и Келн како и кралот на Бохемија, грофот на Палатин на Рајна, војводата од Саксонија и грофот на Бранденбург го имале правото на избор на кралот.

 
Ратификација на договорот во Минстер, Џерард Терборк, 1648.

Составот на колегиумот останал непроменет до XVII век, иако изборното кнежевство Саксонија се трансформирало од поголема во помала гранка на династијата Ветин во 1547, како последица на Шмалкалдската војна.

Од Триесетгодишната војна до Наполеон

уреди

Во 1621 Фридрих V Палатински добил царска забрана поради учеството во бунтот во Бохемија (дел од Триесетгодишната војна). Местото на изборниот кнез Фридрих V Палатински било доделено на војводата на Баварија, челник на помлада гранка од неговата фамилија. Првентствено, со изборното кнежевство лично владеел војводата, но подоцна тоа станало наследно. Триесетгодишната војна завршила со Вестфалскиот мир во 1648 каде што бил воспоставен ново изборно кнежевство за грофот од Крупфалц. Поради тоа што изборниот кнез од Баварија го задржал своето место, бројот на избирачи се зголемил на осум. Двете линии од династијата Вителсбах биле доволно отуѓени меѓусебно што тоа не претставувало дополнителна опасност.

Во 1685, вероисповедниот состав во изборниот колегиум бил нарушен кога католичка гранка од династијата Вителсбах го наследила грофовството Крупфалц. Бил воспосавено ново протестантско изборно кнежевство во 1692 за војводата од Брауншвиг-Линебург, кој станал познат како изборниот кнез од Хановер (царскиот Рајхстаг официјално го признал формирањето во 1708). изборниот кнез од Саксонија се преобратил во католик во 1697 со цел да стане крал на Полска, но други дополнителни протестантски изборни кнезови не биле назначени. Иако изборниот кнез од Саксонија лично се сметал за католик, официјалната вероисповед во изборното кнежевство останала протестантството, а изборниот кнез останал и водач на протестантското тело во Рајхстагот.

Во 1706, на изборните кнезови од Баварија и архиепископот на Келн имале забрана за време на Војната за шпанското наследство но местата на двајцата изборни кнезови биле одново воспоставени во 1714 по Договорот од Баден. Во 1777, бројот на изборни кнезови бил намален на осум кога изборниот кнез од Крупфалц ја наследил Баварија.

Голем број на промени биле неопходни поради агресиите на Наполеон за време на раниот XIX век. Според Договорот од Линевил во 1801, вила отстапена територија на левиот брег на Рајна на Франција, што довело до укинување на архиепископии на Трир и Келн како и префрлање на останатиот духовниот изборен кнез од Мајнц на Рагенсбург. Во 1803 изборните кнежевства биле овозможени за војводата на Виртемберг, грофот на Баден, грофот на Хесен-Касел и војводата на Салцбург со тоа зголемувајќи го вкупниот број на изборни кнезови на десет. Кога Австрија го анексирала Салцбург според Договорот од Пресбург во 1805, војводата на Салцбург се отселил во Големото Војводство Вирцбург и го задржал своето изборно кнежевство. Ниеден од новите изборни кнезови немал прилика да гласа поради распадот на Светото Римско Царство во 1806, а новите курифрсти никогаш не биле потврдени од страна на царот.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди