Хатишериф[2][3] (турски hatt-ı şerîf) или хатихумајун (отомански турски خت همايون, турски hatt-ı hümayun или hatt-ı hümâyûn) — дипломатски назив на документ или ракописна официјална белешка составена од османлиски султан .

Хатишериф на султанот Абдулмеџид, пишуван водорамно со црвено мастило на врвот на меморандумот, а со црно во другиот дел, кој зборува за потребата од поправака на некоја џамија;[1] црвениот ракопис, пишуван косо (дијагонално) е резиме на изворниот меморандум што го напишал големиот везир; султановиот текст гласи: Известен сум. Зградите наведени во описот мора да бидат поправени за Бајрам.

Поимот доаѓа од арапскиот hatt - ракопис, ред и hümayun - царски и шериф - возвишен, величествен . Хатишерифите обично ги пишувал султанот лично или ги препишувал дворски писар.

Хатшерифите обично се пишувале како одговор на документ доставен до султанот од страна на големиот везир или друг член на османлиската влада. Тие содржеле, на пример, одобрувања или одбивања на жалби, одобрувања на различни дозволи, коментари на декрети или други владини документи. Хатшерифите, исто така, можеле да бидат напишани непотикнати, а не како одговор на поднесените документи. По реформите во танзиматските реформи (1856), кои имале за цел да го модернизираат Отоманското Царство, рутинските хатишерифи биле заменети со irâde-i seniyye, во кои писарите писмено ги документирале усните забелешки на султанот.

Во државните архиви во Истанбул има речиси 100.000 хатишерифи. Меѓу најпознатите се Гулхан хатишериф од 1839 година и Указот за реформа на Отоманското Царство од 18 февруари 1856 година. За првиот, називот танзиматски ферман би бил посоодветен, бидејќи е напишан како наредба од султанот до големиот везир да ја изврши неговата наредба.

Хатихумајун во поширока смисла може да биде каков било запис или дури и книжно дело напишано рачно од султанот.

НаводиУреди

  1. „Hatt-ı Hümâyun“. Посетено на 29. avgusta 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „хатишериф“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „хатишериф“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик