Клисурски манастир (Егејска Македонија)

манастир кај Клисура, Костурско

Клисурски манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ (грчки: Μονή Παναγίας Κλεισούρας, Μονή Γενεθλίου της Θεοτόκου Κλεισούρας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Сместен е во борова шума во источните падини на планината Мурик, на 3 км од селото Клисура, по патот кон Мокрени.[1]

Клисурски манастир
Рождество на Пресвета Богородица
Παναγίας Κλεισούρας
Портата на манастирот
Карта
40°32′2.98″N 21°29′4.21″E / 40.5341611° СГШ; 21.4845028° ИГД / 40.5341611; 21.4845028
МестоКлисура, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Стилтрикорабна базилика
Изградба1813
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска

Историја

уреди

Манастирот е основан околу 1314 г. од монахот Неофит од Клисура.[2]

Според натписот во црквата, манастирот е возобновен во 1813 година од монахот Исаија Плист од Клисура.[1] Сегашниот манастир веројатно е основан во втората половина на XVIII век на местото на постариот грам, бидејќи на натписот е укажано дека Исаија го основал на стари темели.[1] Манастирската црква е е трикорабна базилика со подоцна изградена купола фи со припрата. Внатре има богато украсен дрвен иконостас од 1772 г. Внатрешноста е живописана од зографот Георги од епирското село Кионат.[3][4]

Во текот на XIX век изградени се параклисот „Св. Јован Претеча“ и конаците кои ја обиколуваат црквата и на манастирот му даваат изглед на тврдина.[1] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот станал засолниште за грчките андарти кои војувале против четите на ВМОРО. Извесно време бил метох на Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“).[1]

Зачуваните градби на манастирскиот комплекс се од XVIII и XIX век. Манастирот постепено се запустил, но е возобновен е во 1992 г. како женски манастир,[2] иако Тодор Симовски во претходната 1991 г. во него забележал 27 жители.[5] Оттогаш бројот на жители е доста намален.

Во 1996 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.[1][3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Αρ. Ι. Τζιώγος, Συνοπτική ιστορία της Κλεισούρας Δυτικής Μακεδονίας και το ιστορικόν αυτής μνημείον της χριστιανωσύνης της Ιεράς Μονής Παναγίας – Γεννήσεως της Θεοτόκου, Θεσσαλονίκη 1962.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
  2. 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Γενεθλίου της Θεοτόκου Κλεισούρας Καστοριάς“. Μοναστήρια της Ελλάδας. 9 септември 2012. Посетено на 27 март 2016.
  3. 3,0 3,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 27 декември 2014.
  4. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 218. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-04-24.
  5. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.

Надворешни врски

уреди