Беровско-делчевска Котлина
Беровско-делчевска Котлина — котлинска целина во просторот на горниот тек на реката Брегалница до езерото Калиманци во Истибањската Клисура. Ограничен е со водоразделните линии по планините и разгранците на: Осогово, Влаина, Малешевските Планини, Плачковица, Обозна и Голак. Зафаќа вкупна површина од 1102,6 км2.[1]
Лежи на надморска височина од 400 до 2.100 м, но во најголем дел (над 85%) е на висина од 600 до 1.200 м. Просторот е сочинет од две посебни морфолошки целини. Едната е Беровската Котлина или како област, позната под името Малеш, а втората Делчевската Котлина, позната под името Пијанец. Двете се разделени со возвишението на Бејаз Тепе (1.348 м) и клисурата на Брегалница во непосредна близина.
Рамничарскиот релјеф е незначително застапен поради трајно присуство и смена на ниски ридови. Оттаму во Малеш 90% од ридестиот релјеф е сместен од 800 до 1000 м. Во Малеш превладува планинскиот, а во Пијанец ридестиот релјеф.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Беровско-делчевска Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 130. ISBN 978-9989-110-90-0.