Климатски елементи и модификатори

Физичките карактеристики на атмосферата се одредуваат со низа на величини, некои се променливи, додека другите се релативно стабилни, т.е. тие многу бавно се менуваат (во споредба со просечниот човечки животен век). Величините кои влијаат на климата на одреден простор се делат на: климатски елементи и климатски модификатори.

Климатски елементи

уреди

Климатските елементи постојано се менуваат под влијание на климатските фактори, па затоа климатските фактори се нарекуваат и модификатори. Ниту еден дел од површината на Земјата нема исти климатски фактори. На пример, ако зрачењето на одредена површина е со ист интензитет, климатските елементи ќе зависат од бројни карактеристики на таа површина. Поточно, колку е поголем аголот на паѓање на сончевите зраци, толку е поголем интензитетот на зрачењето на Сонцето.

Некои климатски елементи можат периодично и непериодично да се менуваат, од тоа зависи и промената на времето. Периодични промени на климатските елементи се промени кои имаат релативно редовна промена на вредностите во одреден период, на пр. во текот на денот или годината. Според тоа, климатските елементи имаат релативно исти дневени и годишни вредности.

Непериодичните промени на климатските елементи се неправилни. Просечните дневни и годишни вредности може значително да се променат поради нагли промени на воздушните маси и појава на циклонски и антициклонски нарушувања и други нарушувања и катастрофи. Непериодичните промени се особено чести во умерените географски широчини, па точната временска прогноза (синоптичка метеорологија) е од особено значење во оној дел од површината на Земјата каде што има најголема концентрација на население и социо-економски активности.

Климатските елементи се променливи, а пак климатските фактори се (релативно) стабилни.

Климатски елементи се следниве:

  1. зрачење
  2. температурата на воздухот и земјината површина
  3. притисокот на воздухот
  4. насоката и брзината на ветерот
  5. влажноста на воздухот и испарување
  6. облачност и времетраење на сонцето
  7. врнежи од дожд
  8. снежна покривка

Нови климатски елементи може да се добијат со комбинирање на некои од гореспоменатите климатските елементи.

Климатски модификатори

уреди

Климатските фактори (модификатори) се од географска и космичка природа. Најважни се следниве климатски фактори:[1]

1. ротација на Земјата

2. револуција на Земјата

3. географска ширина

4. атмосфера

5. дистрибуција на копно и море на Земјата

6. Релјеф: надморска височина, наклон, изложеност на наклон

7. оддалеченост од морето (поморско и континентално)

8. морски струи (топли и ладни)

9. видови почви

10. растителна покривка

11. езера

12. човечки (комплексни антропогени влијанија)

Кога не би постоеле бројни копнени модификатори на климата, туку само космички, климата ќе зависела исклучиво од аголот на паѓање на сончевите зраци. Таквата клима би била математичка или соларна. Старите Грци сметале дека климата на Земјата е таква, па оттука и самиот термин klíma од грчкиот збор klínō (наклонет, од аголот на паѓање на сончевите зраци). Според овој хипотетички модел, би можело да се пресметаат и предвидат вредностите на поединечните климатски елементи, што значи дека би можело да се прават долгорочни временски прогнози, но и да се одреди климата во минатото.

Атмосферските процеси се под влијание на бројни климатски модификатори, па затоа се сложени и во голема мера непредвидливи. Постојат значителни регионални разлики, без оглед на географската широчина, речиси секој см2 од површината на Земјата има своја клима. Вистинската клима на Земјата затоа се нарекува реална.

Колку е помала површината на Земјата, толку повеќе климата отстапува од хипотетичкиот модел на соларна клима.

Наводи

уреди
  1. Gavranović, Danijel. „KLIMATSKI MODIFIKATORI“ (PDF).