Клеман Грение
Клеман Грение (роден на 7 јануари 1991) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Рома.
Клеман Грение | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 7 јануари 1991 | ||
Роден во | Аноне, Франција | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Рома | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Аноне | |||
Олимпик Лион | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009- | Олимпик Лион | 115 | (14) |
2017- | → Рома | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Франција 16 | 6 | (1) |
2007-2008 | Франција 17 | 16 | (8) |
2008-2009 | Франција 18 | 7 | (0) |
2009-2010 | Франција 19 | 13 | (1) |
2010-2011 | Франција 20 | 11 | (2) |
2012-2013 | Франција 21 | 5 | (0) |
2013- | Франција | 5 | (0) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Тој е поранешен младински репрезентативец на Франција во сите можни младински категории и активен репрезентативец на сениорската репрезентација.
Технички одлики
уредиМоже да игра по десната страна во средниот ред, како и на позицијата зад напаѓачот. Тој е познат по својата техничка способност, дриблинг, и одличното изведување на слободни удари.
Кариера
уредиРана кариера
уредиГрение ја започнал својата кариера во клубот од неговиот роден град ФК Аноне. Тој му помогнал на клубот да стигне до одделенското финалето на Националниот куп за играчи под-9 години[1] Грение подоцна го привлекол вниманието на професионалниот клуб Олимпик Лион чии скаути му препорачале на младото момче да продолжи да се развива придружувајќи му се на клубот. Конечно, во јули 2002 година, тој обезбедил трансфер во Лион и и се приклучил на младинската школа на клубот[2].
Лион
уредиГрение го продолжил неговиот развој, за да во Лион брзо стане еден од најдобрите таленти на клубот. Тој направил забележителни перформанси за време на сезоната 2007-08 играјќи многу добро во домашниот фудбал и на репрезентативно ниво, па така се здобил со интерес од шпанскиот великан Реал Мадрид, англиските клубови Арсенал и Челзи и италијански Интер, чии скаути го споредувале играчот со Бразилецот Кака[3][4]. И покрај интересот, на 15 мај 2008 година, Грение, заедно со колегата од младинската школа Јанис Тафер, го потпишал својот прв професионален договор со Лион и се согласил на три годишна верност кон клубот до 2011 година.[5] Тој бил унапреден во сениорскиот тим и го добил дресот со број. 22.
Иако Грение беше на сениорскиот тим и запишал неколку одлични претсезонски натпревари за клубот во пресрет на сезоната 2008-09, тој го поминал поголемиот дел од кампањата играјќи за резервниот тим на клуботво ЦФА, четвртата лига на францускиот фудбал. Грение одиграл 16 натпревари во лигата и постигнал само еден гол за тимот против Адге[6] Слично на претходната сезона, Грение ја започнал сезоната 2009-10, играјќи за резервниот тим на клубот. Тој постигнал гол во своето деби против Гап. На 24 септември 2009 година, Грение бил повикан за сениорскиот тим да игра во лигашкиот натпревар против Тулуза на 26 септември. Тој го направил своето деби во тој натпревар појавувајќи се како замена за Бафетимби Гоми. Лион го добил натпреварот со 2-1[7] На 17 април 2010 година, тој го направил своето враќање појавувајќи се како замена во ремито 2-2 со Бордо. Две недели подоцна, Грение направил уште едно појавување како замена во победата 1-0 над Монпелје.
Рома
уредиНа 28 јануари 2017, Грение се преселил во италијанската Рома на заем до 30 јуни 2017 година, со право на откуп.[8][9] Своето деби за новиот клуб го направил на 7 февруари 2017 година влегвајќи како замена во последните минути од натпреварот против Фјорентина на домашен терен во кој Рома победила со 4-0.[10]
Титули
уредиЛион
уреди- Куп на Франција (1) : 2011–12
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Фудбалски клуб Аноне“ (француски). 27 септември 2009. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „Фудбалски клуб Аноне“ (француски). 2 мај 2009. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „"El Madrid sigue los pasos de Clement Grenier"“ (шпански). април 2008. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „Арсенал, Челзи го следат детето на Лион, Грение“. Племенски Фудбал. 11 април 2008. Архивирано од изворникот на 2011-12-29. Посетено на 27 септември 2009.
- ↑ -les_article20888.html „Yannis Tafer - Clément Grenier, Les Nouvelles pépites de l'OL“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). нога Mercato (француски). 17 мај 2008. Посетено на септември 27, 2009.[мртва врска] - ↑ foot-national.com/fiche-match-football-11355.html „Лион против Адге извештај од натпреварот“ Проверете ја вредноста
|url=
(help) (француски). 8 февруари 2009. Посетено на септември 27, 2009. - ↑ „Лион против Тулуза извештај од натпреварот“ (француски). 27 септември 2009. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ „L'AS Roma perfeziona l'ingaggio di Clement Grenier“. www.asroma.com. Посетено на 29 јануари 2017.
- ↑ „Roma, UFFICIALE Grenier: i dettagli“. Calciomercato.com | Tutte le news sul calcio in tempo reale. Посетено на 29 јануари 2017.
- ↑ Sky. „Dzeko trascina la Roma: 4-0 alla Fiorentina“. Посетено на 8 февруари 2017. Укажано повеќе од еден
|surname=
и|author=
(help)