Клаудио Андрес Браво Муњос (роден на 13 април 1983 во Буин) — чилеански фудбалер, голман на Манчестер Сити и на чилеанската репрезентацијата.

Чиле Клаудио Браво
Лични податоци
Роден на 13 април 1983(1983-04-13)(41 г.)
Роден во Буин, Чиле
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 1
Агент Чиле Фернандо Фелисевич
Младинска кариера
Коло Коло Коло Коло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2006 Коло Коло Коло Коло 113 (0)
2006–2014 Реал Сосиедад Реал Сосиедад 229 (1)
2014–2016 Барселона Барселона 70 (0)
2016– Манчестер Сити Манчестер Сити 23 (0)
Репрезентација
2004 Чиле Чиле 23 7 (0)
2004- Чиле Чиле 119 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Коло Коло

уреди

Браво е роден во Буин. Неговиот татко го препознал талентот на својот син и го однел во младинската школа на Коло Коло каде што тој се развивал и станал професионалец. Браво го направил своето сениорско деби во 2002 година кога го добил и прекарот Кондор Чико, од поранешниот голман на клубот Роберто Рохас.

По повредата на првиот голман Едуардо Лобос, тренерот Хаиме Писаро му ја дал првата шанса на Браво да застане на голот, но таа шанса ќе биде краткотрајна, откако и тој се повредил, што предизвика клубот да го доведе ветеранот Жони Вокер.

Браво закрепнал од повреда во средината на 2003 година и бидејќи Лобос сè уште бил надвор од акција, тој ја презел позицијата на почетен голман која никогаш повторно нема да ја загуби, а неговите конкуренти на крајот биле продадени. Во 2006 година ја освоил својата прва титула, правејќи една акробатска одбрана во пенал-рулетот од финалето на Апертура во победата против главниот соперник Универсидад де Чиле.

Реал Сосиедад

уреди

За сезоната 2006-07 Браво потпишал пет-годишен договор со Реал Сосиедад во Шпанија,[1] за пријавени 1.200.000 договор.[2] Тој и Асиер Риезго го формирале најмладиот пар голмани, за таа година во Ла Лига. Тој ја започнал сезоната на клупата, но на крајот ја добил Битката за прв избор (одиграл 29 натпревари од 38), но баскискиот клуб испаднал од лигата. Своето првенствено деби го имал на 22 октомври 2006 година, во ремито без голови 0-0 против Мајорка.

Следната сезона (2007-08), Риезго ја вратил својата почетна позиција. Меѓутоа во сезоната 2008-09, откако Риезго отишол на заем во Рекреативо Уелва, Браво повторно бил стартер, но Реал останале во Втората дивизија. На 14 февруари 2010 година Браво го постигнал првиот гол во неговата кариера, со мајсторски изведен слободен удар против Химнастик, носејќи му победа на својот тим на домашен терен со 1-0.[3][4] Сепак, набргу потоа, тој се здобил со тешка повреда на коленото во текот на поразот на Реал Сосиедад од Кордоба со 0-2, кој го направила него недостапен за остатокот од сезоната.[5] Сепак вклучен во 25 натпревари и со еден постигнат гол, Браво имал голем придонес за клубот, помагајќи им да завршат како шампиони и да се вратат Ла Лига, по три години отсуство.

Во следната сезона 2010-11, Браво бил на голот на Сосиедад во сите 38 првенствени натпревари и со огромен придонес за опстанокот на клубот, а во сезоната 2011-12 пропуштил само еден првенствен натпревар (одиграл 37).

Сезоната 2012-13 беше најдобрата за Браво и за Реал Сосиедад. Баскискиот клуб се пласираше во европските турнири за првпат по сезоната 2003-04, освојувајќи го четвртото место во лигата кое ги носи во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите. Браво бранеше во 31 првенствен натпревар (во останатите 7 на голот беше Зубикараи) и ја одржа својата мрежа празна во 9 натпревари.

Следната сезона 2013-14, Браво беше на голот во двата плеј-оф двобои со Лион во кој Реал Сосиедад беше подобар со вкупен резултат 4-0 и обезбеди место во групната фаза. Своето деби во шампионската лига го имал против екипата на Шахтар Донецк во првото коло одиграно на 17 септември 2013, но неговиот тим загубил со 2-0 на домашен терен. Во 5 натпревари колку што бил на голот во Лигата на шампионите Браво примил 9 гола, а само еднаш ја сочувал својата мрежа сува во натпреварот со Манчестер Јунајтед на домашен терен што завршил 0-0. Браво забележал 37 настапи во Примера истата сезона, помагајќи му на својот тим да избори место во Лига Европа.

Барселона

уреди

Манчестер Сити

уреди

Репрезентативна кариера

уреди
 
Браво во акција во дресот на репрезентацијата на Купот на конфедерации во Русија 2017 година

Браво ја претставувал Репрезентацијата на Чиле во селекциите под 17 години, под 20 години и под 23. Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 јули 2004 година против Парагвај, на Копа Америка 2004, и го задржа своето место и во квалификациите за Светското првенство 2006 на кое чилеанците не се пласираа.

Браво повторно бил повикан во репрезентацијата за Копа Америка 2007 што се одржа во Венецуела, каде што тој започнал во четири натпревари. Тој станал капитен на националниот состав, откако Марсело Салас објавил дека се повлекува од репрезентацијата.

На СП 2010 во Јужна Африка, Браво ги започнал сите четири натпревари за Чиле (се разбира како капитен), примајќи пет гола на турнирот, а Чиле биле елиминирани во осминафиналето со 3-0 од Бразил.[6]

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Коло Коло

уреди

  Реал Сосиедад

уреди

Статистика

уреди

Клубови

уреди
Клуб Сезона Првенство Национален куп Континентален куп Вкупно
Наст Гол Наст Гол Наст Гол Наст Гол
 Коло Коло 2003 25 0 1 0 26 0
2004 40 0 5 0 45 0
2005 39 0 2 0 41 0
2006 19 0 2 0 21 0
Вкупно 113 0 10 0 123 0
  Реал Сосиедад 2006–07 29 0 1 0 30 0
2007–08 0 0 0 0 0 0
2008–09 32 0 0 0 32 0
2009–10 25 1 0 0 25 1
2010–11 38 0 0 0 38 0
2011–12 37 0 0 0 37 0
2012–13 31 0 0 0 31 0
2013–14 37 0 0 0 7 0 44 0
Вкупно 229 1 1 0 7 0 237 1
Вкупно во кариерата 352 1 1 0 17 0 370 1

Репрезентација

уреди
Чиле
Година Наст Голови
2004 1 0
2005 3 0
2006 5 0
2007 12 0
2008 10 0
2009 9 0
2010 8 0
2011 14 0
2012 4 0
2013 12 0
2014 1 0
Вкупно 79 0

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Official announcement: Initial agreement with Bravo“ (шпански). Real Sociedad. 28 June 2006. Посетено на 18 August 2013.
  2. „Real signs goalkeeper Claudio Bravo“ (шпански). Donostia San Sebastián. 21 June 2006. Посетено на 8 May 2013.
  3. „(Report) Goal by goalkeeper Bravo gives win to Real Sociedad against Nástic“ (шпански). Europa Press. 14 February 2010. Посетено на 29 May 2014.
  4. „Free kick goal from keeper Bravo – Real sociedad vs Nastic!“ (шпански). YouTube. 14 February 2010. Посетено на 8 May 2013.
  5. „Bravo: "I'm sad for not being able to help the team" (шпански). Marca. 30 March 2010. Посетено на 8 May 2013.