Кичевски манастир
Кичевски манастир (познат и како Манастир „Св. Богородица - Пречиста“ или Крнински манастир) — средновековен манастир во областа на градот Кичево.[1][2]
Поглед кон главната манастирска црква „Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста“ | |
Информации | |
---|---|
Други имиња | Манастир „Св. Богородица - Пречиста“ Крнински манастир |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1316 |
Посветен на | Мала Богородица |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Цркви | „Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста“ „Св. Никола“ |
Личности | |
Важни личности | г.г. Доситеј |
Место | |
Место | атар на село Манастирско Доленци, Кичево, Македонија |
Координати | 41°30′17″N 21°00′27″E / 41.50472° СГШ; 21.00750° ИГД |
Видливи остатоци | 2 цркви, конаци |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Втора кичевска парохија) |
Во минатото манастирот бил нарекуван Крнински манастир.[3], име кое и денес се употребува[4] Сместен e на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Иако манастирот се нарекува Кичевски, тој сепак се наоѓа во атарот на село Манастирско Доленци. До него се стигнува кога излегувате од Кичево и одите по магистралниот пат кон Битола, на 10 километри јужно од градот. Само петстотини метри под денешниот манастир, некогаш се издигал Крнинскиот манастир, кој заедно со манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија. Сепак, денес не се зачувани овие два манастири.
Историја на манастирот
уредиСпоред преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води, во 1316 година е изграден манастир посветен на Пресвета Богородица. Но ако чешмата и денес постои и ја гаси духовната жед на намерниците, манастирот во 1558 година го палат Османлиите (Сарацените), во времето кога во Кичевско се уништени голем број цркви и манастири.
Само неколку години подоцна, односно 1564 г., месното христијанско население, се обидува на старите темели да изгради нов манастир кој веднаш ја доживува истата судбина. Поминале векови, па дури во 1848 - година повторно да заживее овој простор. Легендата говори дека самиот Бог, го одредил местото за ѕидање на новиот манастирски комплекс, посветен на Мајката Божја. Кога месното население се собирало на едно друго место за да почне да гради храм, на истото место ја оставало иконата да преноќи. Утрото секогаш иконата ја немало, а ја наоѓале покрај еден извор на друго место[5]. Подоцна сфатиле дека тоа е Божја промисла и на истото место и го изградиле манастирот.
Старата сребрена икона на Богородица, која и денес се чува во еден мал олтар над светиот извор, внатре во манастирската црква го дала и сѐ уште го дава благословот на сите верници. Се вели, дека таа во голем пламен виор прелетувала од разрушените ѕидини на Кнежинскиот манастир, означуваќи го местото каде треба да се гради новата црква. Народот поверувал на тоа, прифаќаќи дека тоа е пророштво кое мора да се исполни, па ја изградил најголемата и најбавата црква во тоа време, чиј полупречник на сводот е најголем изграден на Балканот. Мијачките мајстори стрпливо работеле, а Дичо Зограф со своите ученици го направил чудото, во златните икони и резбаниот владички стол. Оваа икона е многу стара, а според натписот на неа кој го забележал Ѓорче Петров, таа била обновена со запазување на оригиналните бои од странан на Дичо Зограф во 1865 година, во време кога игумен на манастирот бил архимандритот Хаџи Симеон од селото Лазарополе[5].
Македонскиот револуционер Ѓорче Петров од својата посета на овој манастир покрај народните преданија за неговото осовнање, запишал и дека за историјата постоеле записи кои во манастирот се наоѓале во голем број, но како што кажувале манастирските старци, тие наеднаш со целата манастирска библиотека од рачно напишани црковни книги биле изгорени во фурна од полниот со адска злоба и фанатизам грчки дебарски митрополит Мелетиј во 1844/45 година[6].
Овој манастир по многу нешто е посебен. Тој всушност е свет храм на сите верници, без разлика дали се или не се Православни. Внатрешноста на црквата така е направена, зашто под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Делот посветен на муслиманските верници не е фрескоживописан. Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го собере на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин по еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.
Во рамките на манастирскиот комплекс, припиена на јужните ѕидови од црквата Воведение на Пресвета Богородица, се наоѓа малата манастирска црква посветена на Свети Никола. Иако се наоѓа во истиот комплекс, за многумина таа останува непозната, зашто величината на црквата посветена на Света Богородица во целост ја засенува.
Овој манастирски комплекс станува центар на преродбата на македонскиот народ. Во него живеат и работат Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ, и всушност по затворањето на Свети Климентовиот народен универзитет во Света Пречиста се раѓа и работи новото народно просветно училиште. Пред и за време на Илинденската епопеја во манастирот прибежиште наоѓале комитските чети кои делувале во овој регион.
Во овој манастир во дваесеттите години одминатиот век прибежиште наоѓа големо братство руски калуѓерки кои бегаќи пред налетите на црвено - армејците, својот духовен живот го продолжиле тука.
Колкаво е значењето на Света Богородица - Пречиста за Македонската православна црква, најдобро зборува фактот што во нејзините ќелии монашката одежда ја облекува првиот Архиепископ на возобновената автокефална Македонска православна црква, неговото блаженство Господин Доситеј.
На 21 септември секоја година се собира голема маса на народ кој го празнува празникот посветен на Мајката Божја. Краток одмор во манастирот може да си дозволи секој добронамерник. Снимање и сликање во внатрешноста на манастирските цркви не е дозволена, освен со дозвола од игуменијата.
Градби во манастирот
уредиЦрква „Воведение на Пресвета Богородица“
уредиГлавната манастриска црква е посветена на Пресвета Богородица, односно на Воведението на Пресвета Богородица во храм.[7]
Црква „Св. Никола“
уредиЦрквата посветена на св. Никола се наоѓа веднаш до главната манастирска црква и претежно служи за молитви на манастирските монањињи во зимскиот период, пред сè поради фактот дека оваа црква е малечка и побрзо се загрева.
Галерија
уреди-
Влезот во манастирот
-
Манастирската порта
-
Дел од манастирот
-
Дел од конаците
-
Дел од манастирот
-
Предниот дел од манастирот
-
Манастирските конаци
-
Гроб во манастирот
-
Спомен-плоча
-
Фреска надвор од црквата
-
Новоизграден објект до главната црква
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Vasmer, Max (1930). Zeitschrift für slavische Philologie (германски). Markert & Petters.
- ↑ Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. ст.342
- ↑ Ḱornakov, Dimitar (1995). Macedonian monasteries (англиски). Matica makedonska.
- ↑ 5,0 5,1 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.346
- ↑ Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.342
- ↑ „Кратки житија на светите Пречистански и Битолски преподобномаченици“. Премин. Посетено на 2012-08-02.
Надворешни врски
уреди„Кичевски манастир“ на Ризницата ? |