Втора кичевска парохија
црковна парохија на МПЦ-ОА
Втора кичевска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кичевското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во кичевската градска соборна црква „Св. Петар и Павле“. Покрај дел од градот Кичево, парохијата ги опфаќа и селата: Другово, Горно Добреноец, Долно Добреноец, Подвис, Лавчани, Јаворец, Долна Душегубица, Горна Душегубица, Кленоец, Попоец, Иванчишта, Малкоец, Ехлоец и Пополжани.

Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Петар и Павле“ | Кичево (парохиско седиште) |
почеток на XX век | |
Црква „Св. Недела“ | Другово | 1996 | |
Црква „Св. Никола“ | Горно Добреноец | 1938 | |
Црква „Св. Варвара“ | Долно Добреноец | 2000 | |
Црква „Св. Атанасиј“ | Подвис | XIX век | |
Црква „Св. Архангел Михаил“ | Лавчани | ||
Црква „Св. Никола“ | Јаворец | XX век | |
Црква „Св. Богородица“ | Горна и Долна Душегубица | 1936 | |
Црква „Св. Богородица“ | Кленоец | XIX век | |
Црква „Св. Никола“ | Попоец | 1860 | |
Црква „Св. Богородица“ | Попоец | ||
Црква „Св. Никола“ | Иванчишта | XIX век | |
Црква „Св. Недела“ | Малкоец | 2004 | |
Црква „Св. Пантелејмон“ | Ехлоец | 1850 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Втора кичевска парохија на Ризницата ?