Керол Кинг

американска пејачка и текстописец

Керол Кинг Клајн [3] (англиски: Carole King Klein; родена Керол Џоан Клајн (англ. Carol Joan Klein); 9 февруари 1942) ― американска пејачка, пијанистка и текстописец. Таа е меѓу најуспешните жени-текстописци во САД и во втората половина на 20 век била текстописец или котекстописец на 118 поп-хитови кои се пласирале на Billboard Hot 100.[4] Исто така, напишала 61 песна кои се нашле на топ-листите во Обединетото Кралство,[5] што ја прави најуспешна жена-текстописец на топ-листата за синглови во Велика Британија во периодот од 1962 до 2005 година.[6]

Керол Кинг
Керол Кинг во 2002
Роден(а)Керол Џоан Клајн[1]
9 февруари 1942(1942-02-09)(82 г.)
Њујорк, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • музичар
Активен период1958–денес
Сопружник
  • Гери Гофин
     (в. 1959; раз. 1968)
  • Чарлс Ларки
     (в. 1970; раз. 1976)
  • Рик Еверс
     (в. 1977; died 1978)
  • Рик Соренсон
     (в. 1982; раз. 1989)
Деца4
Потпис
Страница
caroleking.com
Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • пијано
Издавачи
Соработници

Големиот успех на Кинг започнал во 1960-тите кога таа и нејзиниот прв сопруг, Гери Гофин, напишале преку дваесет хитови на топ-листите, а многу од нив станале стандарди за многу пејачи. Откако доживеала комерцијално разочарување со нејзиниот прв албум Writer, Кинг се пробила како пејачка со албумот Tapestry, кој во 1971 година 15 недели бил на врвот на американската топ-листа за албуми и се задржал на топ-листата повеќе од шест години.[7]

Кинг објавила 25 соло-албуми, од кои најуспешен е Tapestry, кој повеќе од 20 години го држел рекордот за најмногу недели поминати на прво место од женски изведувач. Се проценува дека продала преку 75 милиони музички записи. [8] Освоила четири Греми награди и била примена во Куќата на славата на текстописците. Двапати била примена во Куќата на славните на рокенролот како изведувач и како текстописец.[9] Добитник е на Гершвиновата награда за популарна песна доделена од Конгресната библиотека во 2013 година; прва жена која ја добила оваа награда. Исто така добила Признание од Кенедиевиот центар во 2015 година.

Рани години и почетоци во музиката

уреди

Керол Џоан Клајн е родена на 9 февруари 1942 година, во Менхетен, Њујорк, во семејство на еврејски имигранти од Европа.[10][11][12][13]

Кинг студирала на колеџот „Квинс“, каде што се запознала со Гери Гофин, кој подоцна станал нејзин партнер во пишувањето текстови за песни. Кога имала 17 години, тие се венчале со еврејски обичаи на Лонг Ајленд во август 1959 година, откако Кинг забременила со нејзината прва ќерка, Луиз.[14][15] Тие го напуштиле колеџот и се вработиле, Гофин работел како асистент-хемичар, а Кинг како секретарка.[16] Навечер заедно пишувале песни.[17]

Нил Седака, кој бил во врска со Керол Кинг додека бил во средно училиште,[18] во 1959 година го имал хитот „Oh! Carol“, посветен на Керол Кинг. Како одговор, Гофин ја позајмил мелодијата и ја напишал песната „Oh! Neil“, која Кинг истата година ја снимила и ја издала како сингл. Синглот не бил успешен.[19] Откако во 1960 година за The Shirelles го напишале хитот „Will You Love Me Tomorrow“ кој завршил на прво место на Билборд (прв сингл кој се искачил на прво место изведен од група црни девојки),[20] Гофин и Кинг ги напуштиле нивните работни места за да се насочат на пишувањето.[21] [22] „Will You Love Me Tomorrow“ станал поп-стандард.[23] [24]

Кариера

уреди

1960-ти

уреди
 
Кинг, Гери Гофин и Литл Ева на насловната страница на Cash Box; 15 септември 1962 година

Во 1960-тите, кога Кинг ја компонирала музиката, а Гофин ги пишувал стиховите, тие напишале низа хит-песни за различни пејачи.[25] Кинг и Гофин ги продуцирале песните: „Chins“ (подоцна снимена од Битлси), „The Loco-Motion“, „Keep Your Hands off My Baby“ (и двете за нивната бејбиситерка Литл Ева) и „It Might as Well Rain Until September“, која Кинг ја снимила во 1962 година и која станала нејзина прва успешна песна, која се искачила на 22-ро место во САД и на 3-то место во Велика Британија (каде што бил нејзин најголем хит на сите времиња).[26] Кинг потоа снимила уште неколку синглови, но ниту еден од нив не поминал особено добро; до 1966 година, нејзината веќе спорадична кариера на снимање песни била целосно напуштена – иако привремено.

Други песни од раниот период на Кинг (до 1967 година) биле: „Half Way To Paradise“ за Тони Орландо (снимен од Били Фјури во ОК), „ Take Good Care of My Baby “ за Боби Ви, „Up on the Roof“ за Drifters, „I'm into Something Good“ за Earl-Jean (подоцна снимена од Herman's Hermits), „One Fine Day“ за the Chiffons и „Pleasant Valley Sunday“ за the Monkees, [27] и класиката „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“ за Арета Френклин.[28] Кинг и Гофин напишале неколку песни снимени од Дасти Спрингфилд, вклучувајќи ги: „Goin' Back“ и „Some of Your Lovin“.

Во 1968 година, Гофин и Кинг се развеле и не одржувале контакт.[14] Кинг, со нејзините две ќерки, се преселила во Лос Анџелес и ја рестартирала нејзината пејачка кариера со основањето на „The City“, музичко трио составено од басистот Чарлс Ларки (нејзин иден сопруг) и Дени Корчмар на гитара и како пејач, и самата Кинг на пијано и како пејачка.[25][29][30] The City издале еден албум, Now That Everything's Been Said (1968), но неподготвеноста на Кинг да настапува на концерти ја ограничило промоцијата и продажбата на албумот.[31] Групата се распаднала во 1969 година.[32]

1970-ти и 1980-ти

уреди
 
Кинг на корицата на Cash Box; 15 мај 1971 година

Додека живеела во Лос Анџелес, Кинг се запознала со Џејмс Тејлор, Џони Мичел, како и со Тони Стерн, со кого соработувала.[33] Кинг го издала нејзиниот прв соло-албум, Writer, во 1970 година.[34] Истата година, Кинг свирела на клавијатури на албумот од Би Би Кинг, Indianola Mississippi Seeds.

Во 1971 година, Керол Кинг го издала албумот Tapestry, кој содржел нови песни, но и обновени верзии на „Will You Love Me Tomorrow“ и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“.

Tapestry веднаш станал успешен. Со многу хит-синглови како: "It's Too Late", "I Feel the Earth Move", и "You've Got a Friend", Tapestry го држел првото место на топ-листата за албуми 15 последователни недели, а останал на топ листите скоро шест години и бил продаден во над 30 милиони примероци.[35][36] Албумот добил четири Греми награди: албум на годината, најдобра поп вокална изведба (женска), запис на годината („It's Too Late“, текст на Тони Стерн) и песна на годината, при што Кинг станала прва жена која ја добила таа награда (за „You've Got a Friend“). Албумот се наоѓа на листата од 500 најдобри албуми на сите времиња од Ролинг Стоун (36 место).[37] Покрај тоа, „It's Too Late“ била рангирана на 469-то место на листата од 500 најдобри песни на сите времиња на списанието.

Во текот на 1970-тите Кинг продолжила да снима и да објавува успешни албуми, како: Music (1971), Rhymes & Reasons (1972), Fantasy (1973) и Wrap Around Joy (1974). Иако ниеден од овие албуми не го достигнал успехот на „Tapestry“, нејзината популарност и статус како водечки текстописец останале непроменети.

Податотека:Carole King - Capitol.jpg
Керол Кинг ок. 1977 година

И покрај тоа што бил сертифициран со златен тираж, нејзиниот албум Simple Things бил прогласен за „Најлош албум за 1977 година“ од списанието Ролинг Стоун.[14] Албумите Welcome Home (1978) и Touch the Sky (1979) не се ни пласирале во Билборд 100. Pearls – The Songs of Goffin and King (1980) исфрлил хит-сингл, ажурирана верзија на „One Fine Day“.

Кинг се префрлила во Atlantic Records за албумите One to One (1982) и Speeding Time (1983), што било повторно обединување со продуцентот од ерата на Tapestry, Лу Адлер. По добро прифатената концертна турнеја во 1984 година, новинарката Кетрин Фостер од The Christian Science Monitor ја нарекла Кинг „кралица на рокот“.[38]

Во 1988 година, глумела во претставата „Мал инцидент“ . Во 1989 година, се вратила во Capitol Records и го снимила албумот City Streets, со Ерик Клептон на две песни и Бранфорд Марсалис на една.

1990-ти

уреди

Нејзината песна „Now and Forever“ била во најавната шпица на филмот „Сопствена лига“ (англ. A League of Their Own) од 1992 година и била номинирана за Греми награда.[39]

Во 1997 година, Кинг ја напишала песната и ги снимила придружните вокали на песната „The Reason“ од Селин Дион за нејзиниот албум Let's Talk About Love.[40] Двете пееле дует на првиот добротворен концерт на VH1 Divas Live. Кинг, исто така, ја извела нејзината песна „You've Got a Friend“ со Дион, Глорија Естефан и Шанаја Твен, како и „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“ со Арета Френклин и други, вклучувајќи ја и Мараја Кери.[41] Во 1998 година, Кинг ја напишала и ја извела „Anyone at All“ за филмот Те чека мејл, со Том Хенкс и Мег Рајан во главните улоги.[42]

2000-ти

уреди

Во 2000 година, од Кинг било побарано да сними верзија на нејзината хит-песна „Where You Lead“ како тематска песна за серијата Девојките Гилмор. Таа преработила неколку стихови за да одговара на приказната на серијата и често ја изведува оваа песна со нејзината ќерка Луиз Гофин.

Во 2001 година, извела нова песна, „Love Makes the World“, која станала насловна песна за нејзиниот студиски албум. Албумот содржел песни кои таа ги напишала за други музичари во средината на 1990-тите и ги вклучува Селин Дион, Стивен Тајлер, Бејбифејс и kd lang. Проширеното издание на албумот било издадено шест години подоцна наречено Love Makes the World Deluxe Edition.[43]

Во ноември 2007 година, Кинг била на турнеја во Јапонија со Мери Џеј Блајџ и Ферги од Black Eyed Peas. Јапонските издавачки куќи „Сони“ и „Виктор“ реиздале повеќе албуми од Кинг, вклучувајќи ги и делата од доцните 1970-ти, кои претходно биле недостапни на компактен диск.

2010-ти

уреди
 
Кинг и Џејмс Тејлор настапуваат за време на нивната турнеја „Трубадури Реунион“ во 2010 година

Во 2010 година, Кинг и Џејмс Тејлор биле на заедничка турнеја, потсетувајќи се на првиот пат кога настапиле во Трубадур, Западен Холивуд во 1970 година. Тие повторно се обединиле за да ја одбележат 50-годишнината на клубот две и пол години претходно во 2007 година со групата што ја користеле во 1970 година. Турнејата започнала во Австралија во март, а во мај се вратиле во САД. Забележале голем комерцијален успех, а Кинг свирела пред најголема публика во нејзината кариера. Вкупната продажба на билети надминала 700 000, а заработката била над 59 милиони долари, што ја прави една од најуспешните турнеи таа година.[44]

Есента 2011 година, Кинг го издала A Holiday Carole, албум со божиќна музика и нови песни напишани од нејзината ќерка Луиз Гофин, која била копродуцент на албумот. Албумот добил номинација за Греми за најдобар традиционален поп-албум.[45]

Автобиографијата на Кинг, A Natural Woman: A Memoir , била објавена во април 2012 година. Влегла во листата на бестселери на Њујорк Тајмс (на 6-то место).[46][47]

На почетокот од декември 2012 година, Кинг добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[48] Во 2012 година ѝ бил одржан добротворен концерт „Обоена желка – прослава на Керол Кинг“.[49] Кинг била на австралиска турнеја во февруари 2013 година.[50] По бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, заедно со Џејмс Тејлор настапила во Бостон за да им помогне на жртвите од бомбардирањето.[51]

Кон крајот на 2012 година, Конгресната библиотека објавила дека Кинг е лауреат на Гершвиновата награда за популарна песна во 2013 година [52] — прва жена што ја добила оваа награда што се доделува на текстописците за целокупното творештво. Претседателот Барак Обама и Мишел Обама биле домаќини на наградниот концерт во Белата куќа на 22 мај 2013 година, при што претседателот ѝ ја врачил наградата и го прочитал цитатот. [53] Во мај 2013 година, Керол Кинг добила почесен докторат по музика од колеџот за музика „Беркли“.[54]

Кинг ја добила наградата Личност на годината од MusiCares во јануари 2014 година.[55] На 6 декември 2015 година, добила Признание од Кенедиевиот Центар.

Во октомври 2018 година, Кинг објавила нова верзија на нејзината песна, „One“.

Во 2021, Кинг била примена во Куќата на славните не рокенрокот како соло-пејачка.[56]

Личен живот и семејство

уреди

Кинг се мажела четири пати: Гери Гофин, Чарлс Ларки, Рик Еверс и Рик Соренсон. Во нејзините мемоари од 2012 година, Кинг напишала дека Еверс редовно физички ја малтретирал.[57] Еверс починал од предозирање со кокаин неколку дена откако се разделиле во 1978 година.[57]

Нејзините деца се музичарите Луиз Гофин и Шери Гофин Кондор, уметникот Моли Ларки и Леви Ларки. [58]

Кинг живее во Ајдахо.[59]

Наводи

уреди
  1. „Legendary singer/songwriter Carole King looks back“. TODAY.com. October 4, 2012. Архивирано од изворникот на December 3, 2013. Посетено на December 2, 2013.
  2. Carole King pitchfork.com Retrieved 07 November 2023
  3. {{{title}}}.
  4. „Official Website of Carole King – Songwriter, Performer, Author“. Carole King. January 24, 2014. Архивирано од изворникот на August 3, 2016. Посетено на November 30, 2016.
  5. The People Who Created The Soundtrack To Your Life eBook: Stuart Devoy: Kindle Store. Архивирано од изворникот на March 29, 2021. Посетено на August 25, 2015.
  6. David Roberts, Guinness Book of British Hit Singles, 2005. ISBN 1-904994-10-5
  7. 'Tapestry' Jumps from number 15 to number 7 on Billboard's Top Pop Catalog Chart“. Carole King. October 12, 2001. Архивирано од изворникот на September 8, 2015. Посетено на August 25, 2015.
  8. King Bio at Allmusic.com
  9. „Jay-Z, Carole King, Tina Turner among Rock & Roll Hall of Fame 2021 inductees“. TODAY.com (англиски). May 12, 2021. Архивирано од изворникот на May 12, 2021. Посетено на May 12, 2021.
  10. Schrieber, Zachary (November 5, 2014). „Carole King and Alan Dershowitz Explore Their Jewish Roots“. Tablet Magazine. Архивирано од изворникот на November 21, 2018. Посетено на June 5, 2018.
  11. Gluck, Robert (November 24, 2012). „Carole King: Famous, yet 'haimische'. The Jerusalem Post. Архивирано од изворникот на July 2, 2018. Посетено на June 5, 2018.
  12. Heller, Karen (December 1, 2015). „Carole King's musical odyssey“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на November 21, 2018. Посетено на June 5, 2018.
  13. Thomson, Liz (April 19, 2012). „A Natural Woman: A Memoir, By Carole King“. The Independent. Архивирано од изворникот на November 21, 2018. Посетено на June 5, 2018.
  14. 14,0 14,1 14,2 Weller, Sheila (2008). Girls Like Us: Carole King, Joni Mitchell, Carly Simon-and the Journey of a Generation. New York: Washington Square Press. ISBN 978-0-7434-9147-1. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „weller-girls“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  15. Brown, Helen (April 22, 2009). „Carole King interview“. The Daily Telegraph. London. ISSN 0307-1235. OCLC 49632006. Архивирано од изворникот на December 28, 2012. Посетено на March 17, 2013.
  16. „Photo of King and Gerry Goffin with their baby daughter“. Girlslikeusthemusic.com. Архивирано од изворникот на October 13, 2015. Посетено на November 9, 2018.
  17. „Songwriters Hall of Fame – Gerry Goffin“. songwritershalloffame.org. Архивирано од изворникот на February 4, 2013. Посетено на March 18, 2013.
  18. Schleier, Curt (June 7, 2012). „Q&A: Neil Sedaka on Adele and Carole King – The Arty Semite – Forward.com“. The Jewish Daily Forward. Архивирано од изворникот на January 17, 2013. Посетено на March 19, 2013.
  19. Billig, Michael (June 1, 2001). Rock 'n' Roll Jews. Syracuse University Press. стр. 95. ISBN 9780815607052. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на March 18, 2013.
  20. Turner, Alwyn W. (2003). The Rough Guide to Rock. Rough Guides. стр. 426. ISBN 9781858284576. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на March 19, 2013.
  21. „Photo of King writing songs with Gerry Goffin“. Girlslikeusthemusic.com. Архивирано од изворникот на May 10, 2017. Посетено на November 9, 2018.
  22. Snyder, Rachel Louise (June 19, 1999). „Will you still love me tomorrow?“. Salon. Архивирано од изворникот на July 28, 2013. Посетено на March 18, 2013.
  23. Perone, James E. (2006). The Words and Music of Carole King. Greenwood Publishing Group. стр. 131. ISBN 9780275990275. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на March 18, 2013.
  24. „Photo of King and Gerry Goffin“. D3rm69wky8vagu.cloudfront.net. Архивирано од изворникот на May 10, 2017. Посетено на November 9, 2018.
  25. 25,0 25,1 Bio | Carole King. Архивирано од изворникот на April 2, 2013. Посетено на March 19, 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „caroleking“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  26. „Dimension Album Discography“. Both Sides Now Publications. Архивирано од изворникот на March 12, 2014. Посетено на November 24, 2013.
  27. La Gorce, Tammy.
  28. „Gerry Goffin and Carole King Biography | The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. rockhall.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2013. Посетено на March 19, 2013.
  29. Ogg, Alex (November 1, 2003). The Rough Guide to Rock. Rough Guides. стр. 556. ISBN 9781843531050. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на March 19, 2013.
  30. „The City“. Allmusic. Архивирано од изворникот на August 26, 2021. Посетено на February 6, 2011.
  31. Perone, James E. (2006). The Words and Music of Carole King. Greenwood Publishing Group. стр. 22. ISBN 9780275990275. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на February 6, 2011.
  32. „Now That Everything's Been Said – The City“. Allmusic. Архивирано од изворникот на January 7, 2012. Посетено на February 6, 2011.
  33. „Carole King Biography – Facts, Birthday, Life Story“. Biography.com. Архивирано од изворникот на March 7, 2013. Посетено на March 17, 2013.
  34. „Photo of King with Lou Adler“. Blog.lightintheattic.net. Архивирано од изворникот на May 10, 2017. Посетено на November 9, 2018.
  35. 'Tapestry' at 50: How Carole King 'bet on herself' to record a singer-songwriter classic“. Los Angeles Times. February 4, 2020. Посетено на August 23, 2022.
  36. Rosen, James (April 19, 2012). 'A Natural Woman' by Carole King – Books“. The Boston Globe. Архивирано од изворникот на November 2, 2013. Посетено на March 20, 2013.
  37. Ankeny, Jason. „Carole King Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 9, 2015. Посетено на April 11, 2015.
  38. Празен навод (help)
  39. Perone, James E. (2006). The Words and Music of Carole King. Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-275-99027-5.
  40. „Let's Talk About Love“. AllMusic. February 17, 1999. Посетено на December 13, 2016.
  41. „VH1 Divas Live“. AllMusic. Посетено на August 17, 2023.
  42. „You've Got Mail [Original Soundtrack]“. AllMusic. Посетено на August 17, 2023.
  43. „Official Website of Carole King – Songwriter, Performer, Author“. Carole King. January 24, 2014. Архивирано од изворникот на February 29, 2012. Посетено на April 19, 2014.
  44. Празен навод (help)
  45. Rockingdale Records HRM-33267-02 UPC 8-88072-33267-6
  46. „A Natural Woman“. Carole King. Архивирано од изворникот на April 5, 2012. Посетено на March 28, 2012.
  47. „Carole King: A Natural Woman – A Memoir on-sale April 10“. The Troubadour Tribune. March 12, 2012. Архивирано од изворникот на March 16, 2016. Посетено на March 28, 2012.
  48. „Carole King receives Hollywood Walk of Fame star; ABC“. ABClocal.com. December 4, 2012. Архивирано од изворникот на December 6, 2012. Посетено на October 31, 2019.
  49. „A Celebration of Carole King And Her Music; Denver Post“. Denver Post. December 5, 2012. Архивирано од изворникот на December 7, 2012. Посетено на December 19, 2012.
  50. „Carole King Australian Tour, February 2013; MUsic Feeds“. musicfeeds (Australia). November 12, 2012. Архивирано од изворникот на December 3, 2013. Посетено на December 19, 2012.
  51. „Boston Strong – Carole King & James Taylor – "Up on the Roof" – LIVE“. YouTube. June 1, 2013. Архивирано од изворникот на October 28, 2021. Посетено на April 19, 2014.
  52. Desta, Yohana (May 21, 2013). „Carole King on Gershwin Prize: 'Do not make me cry'. USA Today. Архивирано од изворникот на July 9, 2015. Посетено на July 24, 2015.
  53. „The President and First Lady Host Concert Honoring Carole King: Recipient of the 2013 Library of Congress Gershwin Prize for Popular Song“. Carole King. May 23, 2013. Архивирано од изворникот на May 16, 2014. Посетено на April 19, 2014.
  54. „Berklee College of Music Honorary Doctorate Degree 2013“. Carole King. Архивирано од изворникот на December 21, 2016. Посетено на March 3, 2017.
  55. „Carole King Named 2014 MusiCares Person Of The Year“. GRAMMY.com. Архивирано од изворникот на January 6, 2014. Посетено на April 19, 2014.
  56. „Jay-Z, Carole King, Tina Turner among Rock & Roll Hall of Fame 2021 inductees“. TODAY.com (англиски). May 12, 2021. Архивирано од изворникот May 12, 2021. Посетено на May 12, 2021.
  57. 57,0 57,1 King, Carole (April 10, 2012). A Natural Woman. Grand Central Publishing. ISBN 9781405516723. Архивирано од изворникот на December 7, 2016. Посетено на March 22, 2013.
  58. Horsburgh, Susan. „Harmonic Emergence“. People.com. Архивирано од изворникот на December 3, 2013. Посетено на December 2, 2013.
  59. The Last Word with Lawrence O'Donnell, August 11, 2018, MSNBC, Interview

Надворешни врски

уреди