Кеплер-22
Кеплер-22 — ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, која во орбита има планета во животопогодниот појас. Нејзината местоположба ги има следниве небесни координати: ректасцензија 19ч 16м 52,2с и деклинација +47° 53′ 4,2″.[6] Со привидна величина од 11,7,[3] со што е премногу темна за да се забележи со голо око. Може да се набљудува со телескоп кој има отвор од најмалку 4 ин (10 cм).[7] Проценетото растојание до Кеплер-22 е 638 светлосна годинаs (196 парсекs).[2]
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед[1] |
Ректасцензија | 19ч 16м [2] | 52,1904с
Деклинација | +47° 53′ [2] | 03,948″
Прив. величина (V) | 11,664[3] |
Особености | |
Спектрален тип | G5V[4] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −39,717 ± 0,052[2] млс/г Дек.: −66,687 ± 0,046[2] млс/г |
Паралакса (π) | 5.1088 ± 0.0242[2] млс |
Оддалеченост | 638 ± 3 сг (195,7 ± 0,9 пс) |
Апсолутна величина (MV) | ~5,27 |
Апсолутна болометриска величина (Mbol) | ~4,98 |
Податоци | |
Маса | 0.970 ± 0.060[3] M☉ |
Полупречник | 0.979 ± 0.020[3] R☉ |
Сјајност | 0.79 ± 0.04[3] L☉ |
Сјајност (болометриска) | 0,8 L☉ |
Сјајност (виизуелна, LV) | ~0,67 L☉ |
Температура | 5518 ± 44[3] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 0.6 ± 1.0[3] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Кеплер-22 е малку поладна и помала ѕвезда од Сонцето,[8] со ниско присуство на елементи со поголема маса од хелиумот.[3] Ѕвездата е од спектрален тип G5V, додека пак сјајноста останува неопрределена.[4] Оваа ѕвезда зрачи 79%[3] of од Сончевата сјајност од нејзината надворешна атмосфера при делотворна температура од 5.518 K,[3] со што има жолтеникаво обоен блесок на ѕвезда жолто џуџе.[9] Со предвидена вртежна брзина од 0,6 км/с[3] се добива впечаток на ѕвезда со спор период на вртење.
Планетарен систем
уредиНа 5 декември 2011 година, научниците од Кеплеровата мисија објавија дека е можно Кеплер-22b да биде можна земјовидна планета во орбита во животопогодниот појас.[10] Ова беше значително, бидејќи ова е првата вонсончева планета со големина слична на Земјата (двојно поголема)[10] за која е потврдено дека е во животопогодниот појас.[11]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | < 0,11 MJ | 0,849 ± 0,018 | 289,8623 +0,016 −0,02 |
— | — | 2,4 R⊕ |
Наводи
уреди- ↑ „Cygnus – constellation boundary“, The Constellations, International Astronomical Union, Посетено на 2011-12-15
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Kepler-22b, NASA Ames Research Center, Архивирано од изворникот на 2017-03-31, Посетено на 2011-12-06
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Schneider, Jean, „Star: Kepler-22“, Extrasolar Planets Encyclopaedia, Paris Observatory, Архивирано од изворникот на 2012-01-19, Посетено на 2011-12-06
- ↑ „GSC 03546-02301 -- Star“, SIMBAD, Centre de Données astronomiques de Strasbourg, Посетено на 2011-12-08
- ↑ „Kepler Discoveries“. 2011-12-05. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 2019-07-12.
- ↑ Sherrod, P. Clay; Koed, Thomas L. (2003), A Complete Manual of Amateur Astronomy: Tools and Techniques for Astronomical Observations, Astronomy Series, Courier Dover Publications, стр. 9, ISBN 0486428206
- ↑ „Kepler Confirms First Planet in Habitable Zone of Sun-Like Star“. Universe Today. 2011-12-05.
- ↑ „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2013-12-03, Посетено на 2012-01-16
- ↑ 10,0 10,1 Boyle, Rebecca (December 5, 2011). „Kepler Team Confirms First Earth-like planet in a habitable zone, And Finds 1,094 More Worlds“. Popular Science. Посетено на December 5, 2011.
- ↑ „NASA Telescope Confirms Alien Planet in Habitable Zone“. Space.com. 2011-12-05.
Координати: 19ч 16м 52,2с, + 47° 53′ 4,2″