Кедруп Ѓацо

XI далај-лама

Кедруп Ѓацо (19 декември 1838 - 31 јануари 1856) — единаесеттиот далај-лама.

Кедруп Ѓацо
Единаесеттиот далај-лама
На престол18441856
ПретходникЦултрим Ѓацо
НаследникТринли Ѓацо
Династијадалај-лама

Роден е во ај месноста Гатар во Кам Мињак до Цетан Дондуп и Јунгдрунг Бути. Бил препознаен како единаесеттиот далај-лама во 1840. Тој бил донесен од истото село од коешто бил донесен и седмиот далај-лама,Келзанг Ѓацо во 1708 година. Во 1841 седмиот Панчен Лама Палден Темпаи Њима му го доделил орденот, му ја скратил косата и го нарекол Кедруп Ѓацо.

Во 1842 тој бил однесен во Потала ,а во 1846 ги земал обичаите за свештенство од четвртиот Панчен лама. Тој бил поставен на престолот на 25 мај 1842 година, а над владата добил моќ на 1 март 1855 година,но умрел само една година подоцна.

Тој напишал книга со морални станзи насловена Приказна за мајмуните и птиците.Таа претставува алегорија на војната помеѓу Тибеќаните и Гурците од крајот на XVIII век.

Низ својот живот Кедруп Ѓацо живеел во време на војната во Ладак,Опиумските војни и востанието Таипинг коишто ја намалиле моќта на далај-лама,но и кинеското влијание во Тибет со што се дала можност на сецесија на Тибет од Кина. Меѓутоа во тоа време западните колонијални сили биле активни во тој дел од светот,а желбата на далај-лама била да се сочува тибетската култура надвор од таквите колонијалистички сили.

Претходник
Цултрим Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Тринли Ѓацо