Карлос Алкарас (фудбалер)

Карлос Хонас Алкарас Дуран (роден на 30 ноември 2002, во Ла Плата) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Фламенго.

Карлос Алкарас
Лични податоци
Роден на 30 ноември 2002(2002-11-30)(22 г.)
Роден во Ла Плата, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Фламенго Фламенго
Број 37
Младинска кариера
Расинг Клуб Расинг Клуб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2017 Расинг Клуб Расинг Клуб 38 (4)
2023–2024 Саутхемптон Саутхемптон 41 (7)
2024Јувентус Јувентус 10 (0)
2024– Фламенго Фламенго 1 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Расинг Клуб

уреди

Својте први фудбалски чекори Алкарас ги направил во Депортес Инфантилес де Виља Елиса,[1] пред да се приклучи на младинската академија на Расинг Клуб во 2017 година.[2][3] Откако израснал во младинскиот сектор на Расинг, тој го направил своето деби за првиот тим на 26 јануари 2020 година, играјќи го натпреварот од Примера Дивисион против Атлетико Тукуман што завршил нерешено 1-1; последователно, на 16 март тој го постигнал својот прв гол, и тоа во 97-мата минута од натпреварот против Алдосиви во Копа де ла Суперлига добиен со 4-3.[4] На 17 септември 2020 година, го одиграл својот прв натпревар во Копа Либертадорес, во поразот со 1-0 од Насионал.

Саутхемптон

уреди

На 9 јануари 2023 година, Алкарас потпишал четири ипол годишен договор со Саутхемптон, во трансфер од Расинг кој англискиот клуб го чинел 14 милиони евра.[5][6] Своето деби го имал пет дена подоцна, во натпреварот од Премиер лигата против Евертон.[7] На 11 февруари, го постигнал својот прв гол за Светците, против Вулверхемптон во лигата во поразот на домашен терен (1-2). Својот втор гол, го постигнал во следниот натпревар на домашен терен, победата со 1-0 над Лестер Сити. Сезоната ја завршил со 21 настап и 4 гола, но не успеал да му помогне на клубот да избегне испаѓање.

И покрај испаѓањето на Саутхемптон од Премиер лигата, Алкарас останал во клубот и следната сезона играјќи во Чемпионшип. На 6 октомври 2023 година, Алкарас потпишал продолжување на договорот со Саутхемптон до јуни 2028 година.[8][9] Својот прв гол во Чемпионшип го постигнал на 28 октомври во победата со 3-1 на домашен терен над Бирмингем Сити.[10]

Јувентус

уреди

На 31 јануари 2024 година, тој пристигнал во Јувентус, на позајмица со право на откуп.[11][12] Своето деби со бјанконерите го направил на 4 февруари, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Интер, заменувајќи го Вестон Мекени во последните минути од натпреварот.

Репрезентативна кариера

уреди

На 5 октомври 2023 година, Алкарас бил повикан во аргентинската репрезентација за прв пат, за натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026 против Парагвај и Перу.[13]

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 25 февруари 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-2020   Расинг Клуб ПД 1 0 КА+КДЛС+КМ 1+1+8 0+1+1 КЛ 5 0 СА 0 0 16 2
2021 ПД 18 1 ЛКА 6 0 КЛ 1 0 - - 25 1
2022 ПД 19 3 КА+ЛКА 1+14 0+4 КС 6 1 СА 2 1 42 9
Вкупно Расинг Клуб 38 4 31 6 12 1 2 1 83 12
јан.-јун. 2023   Саутхемптон ПЛ 18 4 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - 21 4
2023-јан. 2024 ФЛЧ 23 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0+1 - - - - 26 4
Вкупно Саутхемптон 41 7 6 1 - - - - 47 8
јан.-јун. 2024   Јувентус А 3 0 КИ - - - - - - 3 0
Вкупно во кариерата 82 11 37 7 12 1 2 1 133 20

Титули

уреди

  Јувентус

уреди
2023-2024

Наводи

уреди
  1. „Carlos Alcaraz, de Racing al Southampton: el producto del predio Tita que le dio el último título y se convirtió en una transferencia histórica“. Clarín (шпански). 9 January 2023.
  2. "Fue todo lo que había soñado". Racing Club - Sitio Oficial.
  3. „Alcaraz habló del amor por su mamá y dejó un sorpresivo mensaje: "El día que se vaya, me quiero ir con ella". tn.com.ar (шпански). 8 November 2022.
  4. „#CopaSuperliga AGÓNICO TRIUNFO DE RACING“. TNT Sports Argentina. 16 март 2020. Посетено на 2 март 2024. Занемарен непознатиот параметар |platform= (help)
  5. „Se va Alcaraz: Racing aceptó la nueva oferta“ (шпански). Посетено на 31 јануари 2024. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  6. „Saints seal Alcaraz transfer“ (англиски). 9 јануари 2023. Посетено на 31 јануари 2024.
  7. „James Ward-Prowse leads Southampton comeback at spiralling Everton“. The Guardian. 14 January 2023.
  8. „Alcaraz signs five-year deal“. Southampton FC. 6 October 2023. Посетено на 6 October 2023.
  9. House, Alfie (6 October 2023). „Alcaraz signs Southampton contract extension after Argentina call“. Southern Daily Echo. Посетено на 6 October 2023.
  10. „Southampton beat Wayne Rooney's Birmingham City in Championship“. Daily Echo. 28 октомври 2023. Посетено на 2 март 2024.
  11. „Accordo con il Southampton per l'acquisizione del calciatore Carlos Alcaraz Duran“ (PDF). 31 јануари 2024. Посетено на 31 јануари 2024.
  12. „Alcaraz completes Juventus loan move“ (англиски). 31 јануари 2024. Посетено на 31 јануари 2024.
  13. House, Alfie (5 October 2023). „Southampton's Alcaraz set to play with Messi after Argentina call-up“. Southern Daily Echo. Посетено на 5 October 2023.

Надворешни врски

уреди