Кара Мето Огулари

поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија

Кара Мето Огулари (грчки: Καρά Μέτο Ογουλάρι) — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.

Кара Мето Огулари
Καρά Μέτο Ογουλάρι
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКруша
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во подрачјето на планината Карадаг.[1]

Историја

уреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кара Мето Огулари имало 45 жители Турци.[2]

Селото се распаднало за време на Балканските војни и повторно не било обновено, поради што не се спомнува во подоцнежните пописи.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 97.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 168. ISBN 954430424X.