Јелабуга ( руски: Елабуга, тат. ) е град во Русија во Република Татарстан. Сместена е на десниот брег на реката Кама, на устието на реките Тојма и Кама. Според пописот во 2010 година, во градот живееле 70 750 жители.

Спаската црква во Јелабуга

Центар е на Јелабушката област од 1930 година. Од Казањ е оддалечен 215 км.

Грб на Јелабуга

Историја

уреди
 
Ѓаволската кула

Основана е во втората половина на XVI век, како гранична тврдина на Волгошка Бугарија. Урнатините на таа тврдина се зачувани до денес - Чёртово городище / (читај :, во превод: „Ѓаволска градба“).

Добила статус на град во 1780 година.

Култура

уреди

Во Jeлабуга, има педагошки институт (Јелабушки државен педагошки институт), медицински и културно-образовни училишта, средно специјално полициско училиште, како и 14 други средни училишта.

 
Улица Казанскаја

Меѓу културните знаменитости, се наоѓаат музејот на Иван Шишкин, музеј-селскиот имот на Надежда Дурова и музејот на Марина Цветаева .

Индустрија

уреди

Од индустријата, во Јелабуга се производство на нафта („Прикамнефт“), фабрики за автомобили (ЈелАЗ), ковиноарматури, железнобетонски конструкции, цигли, фабрики за училиштен мебел, компании за лесни (конфекција) и прехранбени индустрии (конзервирање месо, млечен комбинат, пекарница, пиварници).

 
Улица Гассара

Население

уреди

Според прелиминарните податоци од пописот, во градот живееле 70 750 жители во 2010 година, 2 087 (3,04%) повеќе отколку во 2002 година.

Движење на бројот на жителите
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година
14 963 21 992 31 728 35 574 53 537 68 663 70 728

Партнерски градови

уреди

Познати граѓани на Јелабуга

уреди
 
Местото каде Тојма се влева во Кама

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди