Црква „Св. Ѓорѓи“ - Каваклија (Серско)

црква во Каваклија, Серско
Ова е објавената верзија, проверена на 21 септември 2022. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Каваклија, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува парохиски храм на селото.[1]

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Карта
41°6′13.0″N 23°29′45.4″E / 41.103611° СГШ; 23.495944° ИГД / 41.103611; 23.495944
МестоКаваклија, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1920-ти
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја

уреди

Црквата е сместена во маалото Горна Каваклија. Изградена е во 1920-тите. Денешниот изглед го добила во 1938 г. Градбата е трикорабна базилика со купола, а подоцна е придодадена припрата. Во 2006 г. е живописана со фрески.[1]

Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Илија“ и „Св. Тодор“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 1 ноември 2018.