Вишен

поранешно село во Серско, Егејска Македонија

Вишен или Вишени (грчки: Βίσανη, Висани) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]

Вишен
Βίσανη
Поглед на местото на некогашното село
Поглед на местото на некогашното село
Вишен is located in Грција
Вишен
Вишен
Местоположба во областа
Вишен во рамките на Сер (општина)
Вишен
Местоположба на Вишен во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°7.51′N 23°30.14′E / 41.12517° СГШ; 23.50233° ИГД / 41.12517; 23.50233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСер
Општ. единицаКиспикеси
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Урнатините на селото се наоѓаат на 9 км северозападно од градот Сер, во пазувите на планината Шарлија. Лежи на 2 км западно од Долно Метох. Источно од селото е манастирот „Пресв. Богородица Вишенска“.[2]

Историја

уреди

Средновековие

уреди

На исток од селото се остатоците од доцносредновековната Вишенска тврдина. Во грчки извори името на селото се среќава како Βίσεν, Βίσανη, Βίσενη, Βίσιανη, Βήσ(ι)ανη, Βύσ(ι)ανη, Βίστανη, Βίσσιεν, Βίστανη.[3]

През октомври 1338 година Теодора Кантакузина (1332 - 1381), ќерка на царот Јован V и петта сопруга на султанот Орхан I, му го подарила манастирот на манастирот „Пресв. Богородица Елеуса“ на манастирот Кутлумуш како и други имоти како лозја на различни места, наречени Вишани (της Βήσσιανις), Кори (της Κόρης), Пигадин (του Πηγαδιού) и Нивишта (των Νηβίστων). Ова е првото спомнување на Вишен во историјата, кое најверојатно постоело од XIII век, а можеби и пред средновизантискиот период.[3]

Во Отоманското Царство

уреди

Селото се споменува како Vīsen во османлиски дефтер од 1454/55 г. со население од 170 жители. Се спомнува и во 1641 г. по повод смртта на 15-годишно девојче, „погребано таму во Вишани“ (ετάφη εκεί εις την Βήσανη).[3]

На крајот на XIX век Вишен било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишен (Vichène) имал 30 домаќинства сочинети од 92 жители Македонци.[4][5]

Во 1881-1889 г. селото имало 92 жители.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Вишен, на СЗ од Сер, чифлик кој му припаѓа на Зеки-бег; 1 час растојание. Патот е рамен; почва умерена. Пред стотина години ова село било доста големо. Има две цркви, подобрата е „Св. Димитар“. Куќи 30, со 120 жители Македонци.[6] Во црквата се служи на грчки.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Вишен живееле 200 Македонци христијани.[4][8]

Во ова време целото село веќе било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вишени (Vicheni) имало 80 Македонци егзархисти.[4][9]

Во 1910 г. селото имало 80 жители[3]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 25 жители, укажува на тоа дека селото настрадало во Втората балканска војна.[1] Мешто подоцна бројот се накачилна 30,[3] а во 1920 г. селото е попишано со 28 жители.[1]

Голем дел од преостанатите жители почнале да се иселуваат во Бугарија[1] во 1916 г. за време на Првата светска војна.[10] Во 1928 г. во Вишен останале 28 жители, но тие набргу биле прунудени да го напуштат, и потоа селото е избришано од евиденција.[1]

Во 1968 г. месноста е преименувана од Вишани (Βήσανη) во Халасмата (Χαλάσματα).[11]

На местото на селото во 1972 г. е изграден Вишенскиот манастир „Пресв. Богородица“.[10] Во 1984 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“, на местото на истоимен постар храм.[3]

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 248. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Οχύρωση Βύσσιανης“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 3 март 2024.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 840.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  10. 10,0 10,1 „Ιερά Μονή Παναγίας Βύσσιανης Σερρών“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
  11. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)