Италијански фудбалер на годината во Серија А
Италијански фудбалер на годината во Серија А (италијански: Migliore calciatore italiano) била годишна награда организирана од италијанската асоцијација на фудбалери, која се доделувала за најдобриот италијански фудбалер за кој се сметало дека се претставил најдобро во претходната сезона во Серија А.
Италијански фудбалер на годината во Серија А | |
---|---|
Се доделува за | Најдобриот италијански играч во Серија А секоја сезона |
Држава | Италија |
Доделена од | Италијанска асоцијација на фудбалери (ИАФ) |
Историја | |
Прва награда | 1997 |
Последна награда | 2010 |
Најмногу победи | Франческо Тоти (5) |
Наградата се доделувала за време на манифестацијата Оскар дел калчо. За прв пат наградата била доделена во 1997 година, а последен пат била доделена во 2010 година. Доколку добитникот на оваа награда, бивал избран и за најдобар фудбалер во Серија А, тогаш се бирал и најдобар странски фудбалер во лигата.
Од 2011 година па наваму, се доделува само награда за најдобар фудбалер во Серија А, а наградите за најдобар италијански фудбалер и најдобар странски фудбалер биле укинати.
Победници
уредиПо играч
уреди- 5 награди
- 2 награди
- 1 награда
По клуб
уредиКлуб | Играч | Вкупно |
---|---|---|
Рома | 2 | 6 |
Јувентус | 2 | 3 |
Интер | 1 | 1 |
Лацио | 1 | 1 |
Парма | 1 | 1 |
Сампдорија | 1 | 1 |
Удинезе | 1 | 1 |
По позиција
уредиПозиција | Играчи | Вкупно |
---|---|---|
напаѓач | 6 | 12 |
среден ред | 1 | 1 |
одбрана | 1 | 1 |