Историја на Суринам
Индијанското племе Суринени, биле едно од најстарото население во регионот каде денеска се наоѓа државата Суринам. Во текот на 16 век ова племе било потиснето од страна на други јужноамерикански племиња, како што биле Араваците и Карибјаните. На 12 октомври 1492 година Кристофер Колумбо го открил Новиот Свет. Во текот на 1499 година Америго Веспучи го открил северниот брег на Јужна Америка. Во текот на 17 век имало неколку обида Холанѓаните и Англичаните да го колонизираат регионот на денешната држава Суринам.[1] На крајот од тој период, Холандија успеала да наметне своја контрола. Холандија целосно го искористувала трудот на робовите кои по потекло биле од Африка. Поради лошиот однос на претпоставените, голем број на робови успевале да побегнат низ џунглите. Тие робови, кои често се нарекувале како џуки, честопати се враќале и ги напаѓале позициите на Холанѓаните[2][3] . Во текот на 1863 година било укинато ропството, со кое Холандија станала меѓу последните земји кои го сториле тоа. Но сепак робовите биле ослободени дуги во 1873 година. Во текот на 1954 година Суринам добил можност сам да управува со својата земја, но Холандија си ја зачувала својата контрола над нејзината одбрана и надворешни работи. Во 1973 година локалните власти предводени од NPK започнале преговори со холандские власти за давање и признавање на независноста на Суринам, која била овозможена на 25 ноември 1975 година.
Дел од темата Суринам |
Портал:Суринам |
Прв претседател на земјата бил Јохан Фериер заедно со Хенк Арон, водач на Сунирамската национална партија. Сепак околу една третина од вкупното население на земјата емигрирало во Холандија, плашејќи се главно дека новата држава нема да може самостојно да опстане. Денеска, една третина од фудбалската репрезентација на Холандија по потекло е токму од Суринам. Во текот на 1980-тите се случиле редица од воени преврати и удари кое довело до прекинување на односните со Холандија. Во текот на 1987 година биле спроведени првите избори и изгласен првиот устав. Во 1990 година повторно бил направен државен удар кој пак траел само една година зада во 1991 година повторно се спроведат избори. Денеска Холандија повторно одржува добри односи со Суринам. Главни проблеми на земјата се слабата економија.
Наводи
уреди- ↑ „Encyclopedia Britannica: A Dictionary of ARTS, SCIENCES, and General LITERATURE, Volume XI“ (Ninth Edition—Popular Reprint. изд.). Посетено на 2008-05-04.
In 1614 the states of Holland granted to any Dutch citizen a four years' monopoly of any harbour or place of commerce which he might discover in that region (Guiana). The first settlement, however, in Suriname (in 1630) was made by an Englishman, whose name is still preserved by Marshal's Creek.
- ↑ The Boni Maroon Wars in Suriname by Wim S.M. Hoogbergen
- ↑ Stedman, John Gabriel (1962) The Journal of John Gabriel Stedman, 1744-1797, soldier and author, including an authentic account of his expedition to Surinam in 1772 Mitre Press, London, OCLC 924217