Исак Ково
Исак Аврам Ково (хебрејски: יצחק קובו; непознато, 1901 — Треблинка, март 1943) — македонски претприемач и трговец во Велес за време на владеењето на Кралството Југославија. Евреин по потекло, во 1928 година заедно со неговиот брат Илија Ково се преселиле во градот Велес. За време на Кралството Југославија тој бил сопственик на единствениот термоцентрал и најголемиот хотел во тоа време во Велес. Со почетокот на априлската војна и распаѓањето на Југославија тој си го губи имотот од новата антисемитска бугарска фашистичка власт. Во 11-ти април 1943 година заедно со неговиот брат и семејство биле пратени во логорот Треблинка и после бил стрелан.
Исак Ково יצחק קובו (he) | |
---|---|
Слика од германски документ со список на депортираните велешки евреи, меѓу нив е Исак Ково. | |
Роден(а) | Исак Аврам Ково 1901 непознато, можно место е Солун |
Починал(а) | март, 1943 (возр. 42) Треблинка, Третиот Рајх |
Народност | Евреин |
Активен | 1928 - 1943 |
Познат(а) по | Развивањето на киноматографијата во Велес |
Животопис
уредиРани години и Кралството Југославија
уредиКовоското семејство се Ашкенази по потекло. Не се знае многу за раните години на Исак Ково но според истражувањето на Ѓорѓи Малковски, браќата Исак и Илија Ково се преселиле во градот Велес во 1928 година за време на владеењето на Кралството Југославија.[1] Во тоа време во Велес биле документирани две еврејска семејства, првата била Битите кој имале големо влијание врз мединцинската индустрија во Велес и второто семејство било Ковотите. Велешкото население, со разлика со населението во други градови, немале антисемитски ставови кон еврејскиот народ и зарада тоа Ковотите и Битите имале голем успех во Велес.
Во 1925 година српските браќа трговци од Ниш Милан, Коста и Душан Стоиљковиќ добиле државна концесија и се првите сопственици на електроцентрала во Велес, што започнале да ја градат во 1925 година. После неколку години во 1930-тите години тие ја продале електроцентралата кон Исак и Илија Ково.[2] Во 1908 година велешкиот архитект Милан Ѓорев - Војницалија го отворил хотелот „Белград“. Хотелот бил најголемиот во Велес за време на Кралството Југославија, во нејзе се одржувале различни културни средби и помогнало со развитокот на националното движење меѓу велешаните. Низ нејзиниот период на постење престојувале Коле Неделковски, Венко Марковски, Георги Шоптрајанов, Кочо Рацин, Ганчо Хаџи Панзов, Стефан Гајдов, Живко Фирфов, Борис Бегинов и многу други.[3]
Помеѓу 1932 и 1933 година главните сопстевеници на хотелот Трајко Наков и Томе Ќерамитчиев почнале да го користат како место за претсави и кино. Заради нивната одлука местото станало многу популарно, постепено различни луѓе би го воделе киното во хотелот. Од периодот на 1933 година до 1936 година главниот сопстевеник на киното бил Исак Ково заедно со Славко Гајдов и фирмописецот Солев. После 1936 година киното би било откупено од страна на Никола Палеолог, кој го развил киното со донесувањето на киноапараторот „Антун Фајдига“ што го купил од Германија.[4] Исак Ково, како многумина други Евреи во Македонија, почнале да страдаат со потпаѓањето на Македонија под сурова бугарска фашистичка власт.
Бугарска окупација и смрт
уредиВо Бугарија било формирана комисија со цел да го решило така нареченото „еврејско прашање“ но брзо се претворило во орган кој ширело антисемитска беседништвa. Во 14 септември 1942 година, по наредба од главниот водач на новосоздадената бугарска фашистичка полициска станица во Велес, нагласиле полициски час за сите Евреи во градот. Исак страдал повеќе со неговиот бизнис заради новиот закон на Бугарија кои забранило купувањето на продукти и материјали произведени од еврејски трговци. Имотите на Исак Ково биле ликвидирани и хотелот Белград бил уништен со бомбардирањето на Велес во 1941 година.[5]
Во 11 март 1943 година за време на утрото Исак Ково заедно со неговиот брат Илија Ково кој имал жена и ќерка биле повикувани кон главниот плоштад на градот. Таму заедно со група на Евреи од Солун, Штип, Битола и други Евреи од странски градови како Будимпешта биле сместени во колички кон суровиот логор Треблинка. Во германски документи Исак Ково бил обележан со реден број 7141 и во документот бил обележан како шијач. Откако пристигнале Исак заедно со неговиот брат и семејство биле стрелани. После војната и со создавањето на Израел последните Евреи во градот би се иселиле во 1948 година.
Наводи
уреди- ↑ Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 65.
- ↑ Данов, Љупчо (30 септември 2018). „Деведесет години од електрификацијата на Велес – идејниот творец Тома Вук заслужува признание?“. Дума.мк.
- ↑ Данов, Љупчо (28 јануари 2018). „Првите кино проекции во Велес се одржале во 1906 година на Којник“. Дума.мк.
- ↑ Старите кина во Велес (1909 - 1944) (1992) од Илинденка Петрушева, објавено во списанието Кинопис, број 6, страна 11
- ↑ J. D. Bindenagel (1999). Washington Conference on Holocaust-era Assets, November 30-December 3, 1998. The Department. стр. 303.