Историја на Евреите во Велес

Историјата на Евреите во Велес почнало за време на владеењето на Римското Царство во Македонија. Најстарите докази за еврејско присуство во велешкиот реон е синагогот откопан во античкиот град Стоби. Историјата на евреите во Велес за време на стариот век е тесно поврзано и со историјата на еврејското малцинство во Стоби. Првата синагога во Македонија била отворена некаде околу II или III век н. е. во градот Стоби, било уништено за време на земјотрес после неколку децении.

Историја на Евреите во Велес
Евреите во Велес
יהודי מקדוניה בוולס
Слика од антички натпис за синагогата во Стоби, антички град којшто денес е дел од велешкиот реон. Еден од најстарите докази за евреиско присуство во Велес.
Вкупен број
1890 година - 220
1900 година - 0
1941 година - 8
1948 година - 4
1953 година - 0
Јазици
Македонски, хебрејски
Вероисповед
Јудаизам
Сродни народи
Евреите во Штип, Евреи

За време на Отоманското ропство на Македонија еврејското население во Велес било позитивно третирано меѓу населението во градот. Во 1890 година според пописот од Отоманското Царство имало 220 Евреи во градот, но за време на пописот од претставникот на бугарската пропаганда во Македонија Васил К'нчов во неговото дело „Македонија. Етнографија и статистика“ наведил дека во градот и во нејзината околина немало никакво присуство на еврејско население.

За време на владеењето на Кралството Југославија имало две евреиски семејства во градот Велес. Првото семејство биле Ковотите, составено од четири член со големо влијание врз градот, тие претежно биле трговци но исто така биле сопственици на неколку дуќани. Второто семејство биле Бититите, истакнати лекари во градот и еден од најдобрите во реонот, помогнале со развитокот на медицината во градот.

Во втората светска војна се одвивало суровиот Холокауст којшто го уништило еврејското присуство во Македонија и исто така во Велес, семејството Ковоти биле пратени за смрт во концетрацискиот логор Треблинка од бугарските фашистички окупатори којшто соработувала со Третиот Рајх. Додека Битите ги оставиле да работат во градот заради нивната вредност кон медицината. После војната и со формирањето на Израел Битите се преселиле во државата во првата половина на 1950-тите и за време на пописот на Македонија во 1953 година повторно немало присуство на еврејско население во градот.

Римска власт

уреди

Историјата на евреите во Велес за време на стариот век е тесно поврзано и со историјата на еврејското малцинство во Стоби. Помеѓу 1924 и 1934 година археолошкото наоѓалиште Стоби било анализирано од страна на историчари и научници од Кралството Југославија и меѓународни историчари. Помеѓу остатоците откриле стар натпис во латински и грчки јазик којшто тврди градбата на синагога во местото. Според преводот даден од многумина историчари, натписот истакнува како синагогата била изградена во 311 година н. е. од евреиот Клаудис Тибериус Полихрамос. Во натписот Клаудис е именуван како таткото на синагогата во Стоби.[1]

Сопстевникот на синагогата во Стоби според натписот не бил Клаудис туку неговиот син и сите други негови потомци. Многумина научници по откривањето на натписот во првата половина на 1930-тите биле сомнителни кон плочата. Натписот бил единствениот доказ за присуство на Евреите во Стоби и именуваната локација во натписот била црква. После неколку децении со нови истражувања било потврдено дека присуството на синагога во градот било точно но за време на V и VI век со прогонувањето на еврејското население од Стоби било претворено во црква.[1]

Отоманска власт

уреди

Со Алхамбраскиот декрет голем број на Евреи од Шпанија и Португалија биле прогонувани и почнале да патуваат низ Европа за нов дом, оваа евреиска група е исто така позната како Сефарди. Во 1450-тите тогашниот султан на Отоманското Царство Бајазит II им дозволил на еврејското население да се пресели во неговата држава и им дал одредено ниво на автономија. Голем дел од денешното еврејско население во Македонија потекнуваат од овие имигранти. Бајазит II исто така им го дадол правото да градат синагоги и да чуваат земјиште за трговија.[2] Со овие покани од Бајазит II некој Евреи се преселиле во градот Велес и нејзината околина заради повалните услови и нејзината местоположба.

 
Слика од градот Велес во 1863 година, четири години после независниот попис организиран од просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Според Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија условите на еврејското население во Велес било квалитетно, не биле дискриминирани и немало присуство на антисемитизам меѓу велешаните. Некој Евреи во Велес станале истакнати работници и некој имале голем број на имот.[3] Во 1890 година според попис од Отоманското Царство имало 220 Евреи во градот Велес, во пописот Велес имало отприлика ист брон на Евреи и колку што имало и градот Дојран во потписот, Дојран имале 225 Евреи.[4][5] Но резултатите на овој попис и бројот на Евреи во градот е сомнителен, сите пописи којшто се одвивале независно пред и после турскиот попис наведиле дека немало присуство на еврејско население во велешкиот реон.

Во 7-ми март 1859 година во весникот „Цариградски весник“ македонскиот просветител и велешанец Јордан Хаџи Константинов Џинот ги објавил неговите резултати од пописот којшто тој независно го организирал. Според Џинот отприлика имало 5.000 Македонци, 1.600 Турци, 185 Власи и 150 Роми.[6] Џинот не спомнал присуство на еврејско население во Велес, но истакнал како имало една синагога во Скопје. Во 1866 година според резултатите објавени од велешанецот Христо Чочков имало 12.592 Македонци, 4.960 Турци, 308 Власи и 274 Роми, повторно нема наведени материјали за еврејско присуство во градот. [7]

Во 1892 година, две години после пописот каде што било именувани 220 Евреи во градот, имало друг независен попис којшто наведило дека имало 31.642 Македонци, 1.860 Торбеши, 9.957 Турци, 2.693 Арнаути, 440 Власи и 1.350 Роми. Со разлика на претходните две пописи, пописот во 1892 година исто така го броеле и населението во велешкиот реон наместо самиот град.[7] Во 1900 година истакнатиот егзархиски претставник на бугарската пропаганда во Македонија Васил К'нчов си ги објавил неговите резултати на бројот на население во Велес и нејзината околија во неговата книга „Македонија. Етнографија и статистика“. Во неговата книга имал колона со името „Евреи“ за еврејското население во Македонија, при неговите истражувања за населението на Велес тој заклучил дека во градот и нејзината околина немало присуство на еврејско малцинство.[8]

Не е познато како и зошто турската власт за нивнот попис во 1890 година пријавиле присуство на 220 Евреи во градот, но според Васил К'нчов причината зошто еврејското население било сконцентрирано во јужниот дел на Македонија и не биле присутни во градови како Велес е следното:

Во внатрешноста на земјата, Евреите не можеле да имаат добар успех, бидејќи животот и имотот биле изложени на целосно самоволие од страна на владејачката класа на муслиманите. Подоцна, кога владееше релативно спокојство, Евреите најдоа големи конкуренти во трговијата и занаетчиството пред шпекулантите од Цинцари и претприемничките западни Македонци. Во некои градови од западна Македонија, како Велес, Прилеп и Охрид, тие целосно не можеа да се населат, а во други општини останаа прилично сиромашни. Само во југозападните градови еврејските заедници постигнале подобар успех.

Југославска власт

уреди
 
Слика од единствениот термоцентрал во Велес за време на Југославската власт (обележано со зелен круг), десет години по нејзината изградба паднала под сопственост на еврејското семејство Ковоти.

После Балканските војни бил потпишан Букурешкиот мировен договор којшто го поделиле македонскиот регион во три дела и тоа биле Вардарска Македонија, Егејска Македонија и Пиринска Македонија. Градот Велес бил дел од Вардарска Македонија којшто после војните паднала под склоп на окупација од страна на Српското Кралство. После краткотрајната окупација на Србија за време на првата светска војна од страна на Царството Бугарија и со запишувањето на Версајскиот мировен договор државата се претворила во Кралството СХС или Кралството Југославија. За време на владеењето на Кралството Југославија првите конкретни документи на еврејско присуство во Велес биле откриени.

За време на југославската власт во Велес биле документирани две еврејски родови во градот, првата и поистакнатата била Битите, тие биле четири члена во семејството, таткото бил Мордехај Бити, мајката била Хана Мордехај Бити, постариот син бил Јаков Мордехај Бити и ќерќата била Ана Мордехај Бити. Битите биле познати во градот заради нивниот придонес кон развитокот на медицината во Велес. Тие исто така служеле како единствените аптекари во градот за одреден период. За време на владеењето на Југославија многумина група од еврејското население биле создадени низ Македонија со цел на побарувајќи повеќе права за еврејското населние, вакви комитети биле формирани во Скопје, Битола и Штип. Имало планови за формирање комитет за еврејските права во Велес но заради малиот број на Евреи во градот иницијативата останала неуспешна.[10]

Родот Ковоти

уреди
 
Слика од хотелот „Белград“, најголемиот хотел во Велес за време на владеењето на Кралството Југославија, поранешното кино на Велес било задржано за откуп од страна на Исак Ково, после војната хотелот бил срушен.

Второто семејство во градот биле Ковотите, тие исто како Битите биле многу познати во градот заради нивните придонеси, но со разлика на Битите, Ковотите немале влијание врз медицината и велешките аптеки туку велешката трговија. Семејството Ковоти било составено од четири члена и тие биле: Аврам Исак Ково (р. 1901 — 1943), Аврам Илија Ково (р. 1904 — 1943) којшто биле браќа, Буна Илија Ково (р. 1912 — 1943) којшто била жена на Аврам Илија и нивната ќерќа Солча Илија Ково (р. 1938 — 1943). Жената Буна Илија Ково претежно работела како домаќинка и ја чувала нејзината ќерќа Солча Илија Ково.[11] Додека двете браќа работеле во трговија и многумина други функции.

Меѓу најистакнатите и најстарите во семејството бил Аврам Исак Ково, тој заедно со неговиот брат биле сопственици на единствената термоцентрала во Велес за време на Југославската власт. Термоцентралот бил изграден од српските браќа Милан и Коста Стоиљковиќ, заедно со помош од Душан Стоиљковиќ од Лесковац. Тие почнале со нивната изградба откако добиле одобрување од Кралството Југославија во 1925 година. Во 1935 година после неколку договори со Југославија термоцентралот било под сопственост на Аврам Исак Ково.[12]

Во летото на 1923 година со одобрувањето од Управата на Офицерскиот дом велешкиот претприемач Трајко Ѕиков го отворил првото кино во Велес кај денешната населба Којник. После неколку години во 1930-тите киното било поделено помеѓу три сопственици, еден од нив биле и Исак Ково, освен Исак другите биле Славко Гајдов којшто бил еден од претците на истакнатиот македонски музичар во првата генерација на македонски повоени композитор Стефан Гајдов и Никола Палеолог. После неколку години Исак Ково добил повеќе моќ и заради тоа го држел киното за откуп во тогашниот најголем велешки хотел „Белград“, којшто исто така било под негов имот. Заради тоа што хотелот го носело името на главниот град на Кралството Југославија киното го добил прекарот „Капитал“.[13]

Холокаустот и после војната

уреди
 
Официјален документ од бугарската фашистичка власт, во документот прикажува како го платиле превозот на 4000 Македонски Евреи кон логорот Треблинка. Меѓу нив биле и Евреите од Велес. Документот прикажува како бугарската фашистичка власт активно соработувала со Третиот Рајх, нешто што денешната русофилска бугарска историографија негира претежно заради политички причини.

Во првите години на втората светска војна Кралството Југославија не биле учесници, но во април 1941 година со договор помеѓу Третиот Рајх и бугарската фашистичка власт се одвивала краткотрајната априлска војна којшто го поделило кралството помеѓу три фашистички држави, Третиот Рајх, Царство Бугарија и Кралството Италија под водство на Бенито Мусолини. Еден од главните ставови во нацистичката идеалогија била верата дека германскиот народ бил врховен народ и дека најголемите непријатели на Германија биле комуниститите и Евреите. Заради тоа за време на втората светска војна Адолф Хитлер го организирал Холокаустот. Евреиската заедницата во Велес исто така страдале за време на Холокаустот.

Во 14-ти септември 1942 година бугарската фашистичка власт во Велес нагласила полициски час за Евреите во градот и забраната на купувањето на одредени продукти.[14] Имотот на Исак Ково исто така бил ликвидиран, велешкото киино бил префрлано кај македонските претприемачи Ѓорѓи Ацев и Лазар Кртев.[13] Хотелот „Белград“ исто така бил уништен за време на германското бомбардирање на градот. Термоцентралата била предадена кон бугарски претприемач којшто соработувал со фашистичката влада.

За време на февруари 1943 година фашистичкиот комесар за еврејски работи за време на Втората светска војна Александар Белев заради непознати причини во едно писмо наведил дека имало околу 50 еврејски семејства во градот Велес. Но според тогашните податоци само биле присутни 2 семејства.[15] Во 11-ти март 1943 година во зората еврејското семејство Ковоти биле собрани во главниот плоштад на Велес, заедно со нив биле група од Евреи во Битола, Солун и Охрид. После неколку часа семејството Бити исто така биле донесени, биле сместени во возот и почнале да патуваат кон смртниот логор Треблинка.

Семејството Ковоти биле убиени во Треблинка додека за Битите ги вратиле повторно назад во Велес, главната причина зошто ги заштитиле бугарските фашистички окупатори е заради тоа што имале голема вредност кон медицината и голема вредност како аптекари. Бугарската фашистичка армија ги користеле како лекари за нивниот гарнизон во градот за време на народната ослободителна војна. Во јули 1943 година сите производи од еврејските трговци во велешкиот пазар биле отстранети и уништени.[10]

После војната

уреди
 
Слика од Шаки Бели, Унгарец со еврејско потекло од Будимпешта. За време на холокаустот тој бил во Македонија, кога нацистите го откриле го пратиле во Велес и после го пратиле кон Треблинка.

После втората светска војна и ослободувањето на Велес се формирала нова влада со Дончо Мирчевски како градоначалник на градот. Само едно семејство останало и тоа биле Битите со вкупно четири члена, во првиот попис на СР Македонија во 1948 година го има прикажано семејството. Но неколку месеци после пописот се формирала Израел, единствената еврејска држава. Заради тоа не само Битите туку и многумина Македонски Евреи се преселиле во Израел со надежот дека би имале подобар живот, после преселбата на Битите, немало документи за нивната иднина и нивните дејства. Со нивното преселување последните корени на еврејско население во Велес целосно исчезнува.[11]

Според некој наводи сѐ уште постоело еврејско малцинство во градот, но во резултатите на сите пописи еврејското население во градот Велес нема никакво присуство.[16] Неколку изложби биле организирале за велешките Евреи во градскиот ликовен салон, во 2010-тите имало иницијатива од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија за поставување на спомен плоча во чест на Евреите од Велес, но иницијативата никогаш не била исполнета.

Список на Евреи во Велес

уреди

Список на документирани Евреи којшто живееле во Велес.

Име Датум на раѓање Датум на смрт Работа
Илија Аврам Ково 1904 1943 Електричар
Буна Илија Ково 1912
Солча Илија Ково 1938
Исак Аврам Ково 1901 Кројач
Мордехај Бити Непознато после 1948
Јаков Мордехај Бити Раководител на општинската аптека
Хана Мордехај Бити
Ана Мордехај Бити

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Levine, Lee (2000). The Ancient Synagogue, The First Thousand Years. Yale University Press. стр. 270. ISBN 9780300074758.
  2. Hersowitz, Robert (11 април 2019). „Macedonia's Jewish heritage, Jews first arrived in the country during Roman times“. The Jerusalem Post.
  3. Евреите во Велес и Тетово
  4. Јордановски, Никола (2005). Албанија и Македонија, земја и луѓе. Менора. стр. 45. ISBN 9789989170041.
  5. Еврејските заедници во Македонија
  6. ВЕЛЕС — СТАТИСТИЧЕСКО ОПИСАНИЕ (1859) од Јордан Хаџи Константинов Џинот, објавено во Цариградскиот весник
  7. 7,0 7,1 Чочков, Христо (1929). Град Велес; Историко-географски и Народо-стопански очерк (PDF). Печатница на П. Глушков. стр. 27–29.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и Статистика. изд. Бълг. Книжовно Д-во. стр. 156–159.
  9. Македония. Етнография и Статистика (1900) од В. Кѫнчовъ, стр. 111
  10. 10,0 10,1 Jewish Communities In Macedonia Prior To 1941 од Жамила Колономос
  11. 11,0 11,1 Печков, Петар (11 март 2014). „Во Велес живееле 8 мина Евреи, четворица депортирани во 1943-та“. ТиРековМиРече.
  12. Данов, Љупчо (30 септември 2018). „Деведесет години од електрификацијата на Велес – идејниот творец Тома Вук заслужува признание?“. Дума.мк.
  13. 13,0 13,1 Петрушевска, Илинка (7 јануари 2014). „Киното во Велес низ годините“. ТиРековМиРече.
  14. J. D. Bindenagel (1999). Washington Conference on Holocaust-era Assets, November 30-December 3, 1998. The Department. стр. 303.
  15. Ragaru, Nadege (15 март 2017). „Contrasting Destinies : The Plight of Bulgarian Jews and the Jews in Bulgarian-occupied Greek and Yugoslav Territories during World War Two“. SciencesPo.
  16. Здружение на историчарите на Република Македонија (2003). Историја, списание на Сојузот на историските друштва на СР Македонија · Том 39. Сојуз. стр. 148.