Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика


Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика — директорат-институт во рамки на Министерството за надворешни работи на Македонија насочено кон истражувањата од областа на геостратегијата, геополитиката, надворешната политика, дипломатија и соработка.

Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика
Лого на Институтот
Податоци за органот
Основан 2012
Надлежност Министерство за надворешни работи на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 8
Надлежен министер Никола Димитров
Раководител Абдулкадар Мемеди (директор)
Мрежно место
mfa.gov.mk//institut-za-geostrateski-istrazuvanja

Историјат

уреди

Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП), како засебен Директорат во рамки на Министерстовото за надворешни работи, е формиран со одлука на Владата на Република Македонија во август 2012 година[1]. Поточно, институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во рамки на Министерството за надворешни работи на Република Македонија започна со работа на 1 август 2012 година, по претходно усвоен заклучок на Владата на РМ од 3 јули 2012 година[2]. За релативно кратко време, Инстутот се профилира како сериозно истражувачко, аналитичко и оперативно тело во рамките на Министерството за надворешни работи и пошироко, како единствена институција од ваков вид во Република Македонија[2].

Раководители

уреди

Во досегашното работење на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика, негови раководители биле:

  • Емилија Гелева (2012-2014)
  • Абдулкадар Мемеди (2014- )

Дејности

уреди

Една од основите дејности на Институтот е да придонесе во дефинирањето на стратешките цели и приоритети на Република Македонија, преку следење, анализа и истражување на локалните, регионалните и глобалните геополитички прилики и текови[2]. Значаен сегмент на работењето на Институтот е изготвувањето на сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали, со цел навремено и редовно информирање на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија[2]. Воедно, Институтот придонесува кон продлабочување и интензивирање на севкупната билатерална, регионална и меѓународна соработка на Република Македонија, преку заедничко организирање на конференции, тркалезни маси, дебати, трибини и истражувања, со цел размена на идеи, мислења, ставови и искуства[2]. Во своето работење, Институтот покрај промовирање на официјалните политики на Република Македонија, се раководи и од принципот на академска слобода на изразување[2]. Меѓу другото, ИГИНП воспоставува партнерства и соработува со голем број на сродни реномирани меѓународни Институти, невладини организации и think-tank-ови, со што придонесува за промовирање на Република Македонија на меѓународен план.

Визија, мисија, цели

уреди

Своето работење и делување, Институтот го засновува и темели врз основа на пропишаните визија, мисија и цели кои се во двигател и во скалд на неговите надлежности.

Визија

Градење на надворешната политика, што ќе биде насочена кон давање значаен придонес за активно учество на Република Македонија во меѓународните и глобалните политички текови и дебати.

Мисија

Генерирање на стратегиските насоки од државен интерес и нивно промовирање пред домашната и странската јавност, како и промовирање и поттикнување ставови, гледишта, позиции во рамките на експертско-дебатните форуми и конференции, кои би биле од полза во процесот на создавање политики и носење решенија во сферата на надворешната политика.

Цели
  • Континуирано градење на капацитетите на Институтот согласно стандардите на европските, меѓународните и глобалните сродни институти;
  • Вложување и стратегиски развој на човечките ресурси преку нивно соодветно профилирање;
  • Развој на истражувачките капацитети и анализа на теми и прашања од интерес на Министерството за надворешни работи и од поширок општествен интерес;
  • Организирање дебати, презентации, конференции и тркалезни маси, со цел размена на идеи, ставови, гледишта помеѓу домашни и меѓународни експерти, дипломати, аналитичари, како и научни соработници од различни области;
  • Воспоставување соработка и реализација на заеднички проекти со други сродни национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, невладини и “think-tank“ организации, во чии рамки се третираат теми и прашања од регионално, европско и глобално значење[2].

Надлежности

уреди

Врз основа на пропишаната визија, мисија и цели на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во неговите надлежности спаѓаат:

  • Генерира стратешки насоки од државен интерес и врши нивна промоција пред домашната и странската јавност, како и меѓународно етаблирање на Институтот преку воспоставување на соработки, реализација на проекти и давање на соодветни препораки на делување;
  • Изготвува и евалуира документи од стратешко значење за Република Македонија, каде што се третираат актуелни политички, економски, регионални и меѓународни текови, како и нивното влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика;
  • Длабински ги истражува политичките, економско-социјалните и безбедносните прилики, надворешно-политичките збиднувања на билатерален, регионален и глобален план, со фокус на нивното влијание врз меѓународната позиција на Република Македонија и заштита на нејзините национални интереси;
  • Изготвува соодветни документи и материјали - сеопфатни геополитички истражувања, анализи, прегледи, вести и други документи/материјали (policy papers, position papers, information papers, и сл.), со цел навремено и редовно информирање на Министерството за надворешни работи, на највисокото државно раководство, други надлежни и специфични институции, како и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
  • Изготвува проценки, препораки и сценарија околу можниот развој на регионални и глобални настани и ситуации и на нивното можно влијание врз Република Македонија и нејзината надворешна политика. Во таа насока предлага стратегии и алатки за имплеменатција на соодветни политики;
  • Координира и реализира проекти за заедничка соработка со други национални и меѓународни институти, научно-истражувачки центри, „think-tank“ организации, академската заедница, државни институции, како и со научни соработници, експерти и аналитичари од Република Македонија и странство;
  • Врши јавно популаризирање и отворање на теми поврзани со регионот, Европа и светот, кои се од стратешко значење за Република Македонија и нивна соодветна обработка;
  • Организира настани во форма на конференции, дебати, трибини, тркалезни маси, семинари, работилници и други активности, чија основна цел е дискусија, размена на мислења и јавно популаризирање на регионални и глобални теми, кои се од стратешко значење за Република Македонија;
  • Организира издавање и публикување на трудови на истакнати поединци, научни соработници, експерти и аналитичари, во кои се третираат прашања од национално и стратешко значење за Република Македонија, како и на аудио визуелна продукција на Институтот;
  • Континуирано соработува со академската заедница во Република Македонија и други државни институции[2].

Соработка и партнерства

уреди

Во рамки на досегашното работење се воспоставени партнерства и остварена е успешна соработка помеѓу Институтот за геостатешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) и :

Сродни Институти од воневропски држави: Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), Мароко, Алжир и Египет; како и соработка со државни и приватни универзитети во Република Македонија[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Дамовски, Александар (10 август 2012). „Влада: Ќе се отвори институт за геостратешки истражувања и надворешна политика“. Скопје: МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2014-02-21. Посетено на 31 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика“. Скопје: Министерство за надворешни работи на Македонија. 2016. Посетено на 31 октомври 2016.