Воена академија на АРМ
Воената академија е основана со Законот за ВА донесен на 7 јуни 1995 година. На 25 септември 1995 примени се првите питомци во 1 година. На 11 октомври 1995 е одбележан почетокот на работата на академијата. Од 1996 година таа го носи името „Генерал Михаило Апостолски“. Во јуни 1996 е верифицирана во Министерството за образование и наука, додека на 29 јули 1999 заврши првата генерација питомци школувана таму. По учебната 2003/04 година немаше прием на питомци (мораториум) за додипломски студии. На 11 декември 2008 г. Владата на Македонија донела одлука за отпочнување на процес за продолжување на работата на Воената академија.
![]() | |
Основан | 7 јуни 1995 |
---|---|
Место | Скопје, ![]() |
www.ma.edu.mk |
Период по формирањето на Воената Академија
уредиНа 7 јуни 1995 година Собранието на Македонија донесе Закон за воена академија со кој е основана Воената академија на Република Македонија. Според овој Закон Установата за обучување на воени старешини се трансформира во Воена академија.
Воената академија е дефинирана како воена високообразовна и научноистражувачка установа која, според Законот, својата дејност ја врши согласно Законот за високото образование и Законот за научноистражувачката дејност во Република Македонија.
Во септември 1995 година на школување се примени првите питомци во 1 година на Воената академија.
Академската година почна во октомври, а почетокот со работа на Академијата свечено е одбележен на 11 октомври - Денот на востанието на македонскиот народ кога питомците од 1 година ја дадоа свечената обврска.
Воената академија го носи името „Генерал Михаило Апостолски“ по генерал-полковникот Михаило Апостолски кој бил командант на ГШ на Македонија во Народноослободителната војна (НОВ) од 1941 до 1945 година.