Унгарска работничка народна партија

Унгарска работничка народна партија (унгарски: Magyar Dolgozók Pártja) или скратено УРНП (унгарски: MDP) — владејачка комунистичка партија во Унгарија во периодот од 1948 до 1956 година. Партијата била основана со спојувањето на Унгарската комунистичка партија и Социјал-демократската партија на Унгарија.[1] Ориентацијата на партијата била за тесен сојуз на Унгарија со СССР и истата ја поддржувала марксистичко-ленинистичката идеологија во нејзината сталинистичка варијанта. Партијата фактички се распаднала и била званично распуштена за време на Унгарската револуција од 1956 година. Нејзин наследник станала Унгарска социјалистичка работничка партија.

Унгарска работничка народна партија
Magyar Dolgozók Pártja
Прв водачМаќаш Ракоши
Последен водачЈанош Кадар
Основана14 јуни 1948
Распуштена31 октомври 1956
Спојувајќи гиУнгарска комунистичка партија и Социјал-демократска партија на Унгарија
НасленикУнгарска социјалистичка работничка партија
Идеологијакомунизам,
марксизам-ленинизам
Меѓународна припадностИнформбиро
Знаме
[[Политика на Унгарија]]
[[Список на политички партии во Унгарија|Политички партии]]
[[Избори во Унгарија|Избори]]

Раководители на партијата

уреди
Претседател
Генерален секретар на Централниот комитет
Прв секретар на Централниот комитет

Партиски конгреси

уреди

Партијата ги одржала следните конгреси:

  • Обединувачки конгрес (13—14 јуни 1948, Будимпешта) — партијата била основана;
  • II конгрес (28 февруари — 2 март 1951, Будимпешта) — одлучено било значително зголемување на контролните броеви во првиот петгодишен план (1950—1954); и
  • III конгрес (24—30 мај 1954, Будимпешта) — поднесени биле резултатите од првиот петгодишен план, биле одобрени контролните броеви во вториот петгодишен план(1955—1959) и било дискутирано прашањето за народниот фронт.

По создавањето на Унгарската социјалистичка работничка партија, конгресите продолжиле да се бројат како IV, V, VI итн.

Број на членови

уреди

Во 1948 година, вкупното членство на партијата изнесувало околу 1 милион, а во 1949 истото се намалило на околу 900 илјади членови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Neubauer, John, and Borbála Zsuzsanna Török. The Exile and Return of Writers from East-Central Europe: A Compendium. New York: Walter de Gruyter, 2009. p. 140