Капошвар
Капошвар (унг: Kaposvár; германски: Kopisch, Ruppertsberg, Ruppertsburg, словенечки: Rupertgrad , турски: Kapoşvar) е значаен град во Унгарија, сместен во југозападниот дел од државата. Капошвар е главен административен центар на округот Шомоѓ.
унг: Kaposvár мак: Капошвар | |||
---|---|---|---|
Воздушен поглед | |||
Држава | Унгарија | ||
Округ | Шомоѓ | ||
Површина | |||
• Вкупна | 113,59 км2 (4,386 ми2) | ||
Население (2005) | |||
• Вкупно | 67.954 | ||
• Густина | 598,23/км2 (154,940/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 7400 | ||
Повик. бр. | 82 |
Градот има население од 67.464 луѓе, според податоците на пописот од 2008 год.
Географија
уредиГрадот Капошвар се наоѓа во југозападниот дел на унгарската држава. Од престолнината Будимпешта градот е оддалечен 186 километри југозападно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски (магистралната пруга Будимпешта - Загреб - Јадран и современиот автопат М7 поминуваат на само 20 километри северно од градот).
Капошвар се наоѓа во западниот дел Панонската низина и низ него не тече река. Околу градот има ридест предел, кој на јужната страна се издига во планината Мечек. Климата во градот е умереноконтинентална.
Историја
уредиНаселби на територијата на градот постоеле уште во 5-от милениум п.н.е. Првата населба ја изградиле Келтите во периодот околу 400-тата година п.н.е., а во 1009 година кралот Иштван I го споменува гадот под името Copus (Kapos).
Градот нема некое големо значење во средниот век и за време на отоманското владеење (1555-1686). Неколку децении по ослободувањето од Отоманците, градот станал главен административен центар на новооснованиот округ Шомоѓ во 1749 год. со што се довело до развитокот на градот. Во 19 век во градот започнала индустријализација.
Во 20-от век градот поминал без поголеми последици за време на војните и во втората половина на векот доживеал нагла урбанизација. После падот на комунизмот во државата и развојот на пазарот, градската економија наишла на тешкотии поради релативната оддалеченост на градот, поради што Капошвар и денеска го губи поголем дел од своето население.
Галерија
уреди-
Музејот во Капошвар
-
Фонтана со споменик на Иштван I Унгарски
Надворешни врски
уреди„Капошвар“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (унгарски) (англиски)
- Историја на градот Архивирано на 5 март 2005 г. (унгарски)
- Панорамски снимки на градот