Кралство Израел (Самарија)
Кралство Израел (библиски хебрејски: מַמְלֶכֶת יִשְׂרָאֵל) познато и како Кралство Самарија или Кралство Северен Израел ― еврејска држава на Блискиот Исток која постоела од крајот на X до крајот на VIII век п.н.е. Кралството ги опфаќало регионите Самарија, Галилеја и делови од Трансјорданската висорамнина. Главен град, во најголем дел од постоењето, била Самарија (денешна Севастија).
Кралство Израел 𐤉𐤔𐤓𐤀𐤋[1]
| |
---|---|
ок. 930 п.н.е.–ок. 720 п.н.е. | |
Статус | Кралство |
Главен град | |
Говорени јазици | Библиски хебрејски, Израелски хебрејски |
Уредување | Монархија |
King | |
Историски период | Железно време |
• Основана | ок. 930 п.н.е. |
• Асириски прогон | ок. 720 п.н.е. |
Денес дел од |
Според Стариот завет, по распаѓањето на Обединетото Кралство Израел на чие чело бил кралот Давид и неговиот син Соломон, се оформиле две држави: Кралство Израел на север и Кралство Јудеја на југ. Сепак, многу историчари и археолози не веруваат дека постоело Обединетото Кралство на начин како што е прикажано во Библијата.[Notes 1]
Кралството Израел, околу 720 г.п.н.е. било освоено од Новоасирското Царство.[2] Записите на Саргон II од Асирија укажуваат дека тој во Месопотамија[3]депортирал 27.290 Израелци - околу една петтина од населението од Кралството Израел.[4] Некои Израелци побегнале во јужното Јудејско Кралство,[5] а оние кои останале во Самарија, населени претежно околу планината Геризим, станале познати како Самариќани.[6] [7] На териториите од освоеното кралство исто така се населиле Асирци и други народи.[7]
Историја
уредиВо Обединетото Кралство Израел по смртта на кралот Соломон, на власт дошол неговиот син Ровоам (околу 931-913 п.н.е.). Библијата пишува дека поради преголемите даноци што ги барал новиот крал северните племиња од Обединетото Кралство се кренале на бунт. Набрзо, кралството било поделено на два дела: Јудејско Кралство на југ, каде што продолжила да владее Давидовата династија, и Кралство Израел на север, кое имало владетели од различни семејства.
Постоењето на израелска држава на север е документирано во натписите од 9 век.[8] Важен владетел на Израел бил Омри (876-869 г.п.н.е.). По доаѓањето на власт, Омри основал нов главен град - Самарија. Оттогаш Самарија била политички центар на Израел. За време на династијата Омри, односите со Јудеја биле добри поради династичките бракови. Асирските извори Израел го нарекуваат како „домот на Омри“[9] што сведочи за важноста и моќта на овој крал. Богатството на Израел се одразува и во сојузот што кралството го склучил со богатиот феникиски град Тир.(853 година п.н.е).
„Црниот обелиск“ на Шалманесер III го спомнува Јеху, синот на Омри; и кралот Адад-Нирари III од Асирија, кој тргнал во поход во Левант во 803 година, ги споменува „земјата Хати и Амуру, градовите Тир и Сидон, Филистеја, Едом, Арам и мат (земјата) на Ху-ум-ри“, или Омри.[9] Значајно е што Асирците воопшто не го спомнуваат Кралството Јудеја пред крајот на 8 век, кога тоа веќе било асирски вазал: веројатно не стапиле во контакт со него, или можеби го сметале за вазал на Израел/Самарија или на Арам, или евентуално јужното кралство не постоело во овој период.[9]
Самарија е едно од универзално најприфатените археолошки наоѓалишта од библискиот период.[10] Околу 850 пр.н.е., на Моавскиот камен е запишана победата на Моавското Кралство (во денешен Јордан), на чело со царот Меша, над Кралството Израел, со кое раководеле Омри и неговиот син Ахав.[11]
Археолошките наоди, древните текстови од Блискиот Исток и библиските записи сведочат дека во времето на династијата Омриди, Кралството Израел владеело со планинската Галилеја, со Хасор во горниот тек на Јордан, со големи делови од Трансјордан меѓу Арнон и Јармук и во крајбрежната рамнина на Шарон. [12]
Библиски извори
уредиТрадиционален извор за историјата на Кралството Израел е Taнах, напишана од автори од Ерусалим, главен град на соперничкото кралство Јудеја; инспирирана од идеолошки и теолошки гледишта кои влијаат на наративот.[12] Анахронизмите, легендите и книжевните форми исто така влијаат на приказната. Се верува дека некои од настаните се запишани долго време по уништувањето на Кралството Израел. Според Библијата, постоело Обединето Кралство Израел (Обединета монархија), управувано од Ерусалим од Давид и неговиот син Соломон, по чија смрт Израел и Јудеја се разделиле на две кралства.
Односите меѓу кралствата Израел и Јудеја
уредиСпоред Библијата, во првите шеесет години по расколот, кралевите на Јудеја се обидувале повторно да ја воспостават својата власт над северното кралство и меѓу нив имало вечна војна. Во следните осумдесет години, немало отворен конфликт меѓу нив, бидејќи, во најголем дел, Јудеја била во воен сојуз со Арам-Дамаск, отворајќи северен фронт против Израел.[13] Конфликтот меѓу Израел и Јудеја бил привремено решен кога Јосафат, крал на Јудеја, склучил брак жена од владејачката династија на Израел. Подоцна, синот и наследникот на Јосафат, Јорам од Јудеја, се оженил со ќерката на Ахав, Готолија, и го зацврстил сојузот. [13] Династијата на Омри била соборена со крвав бунт, веројатно потпомогнат од Асирците. Бунтот го започнал еден од генералите на Омри, Јуј, кој го убил целото семејство на Омри и основал нова династија која ќе владее со Израел следните сто години. Најважен настан за време на владеењето на оваа династија е конфликтот со Дамаск за трговските патишта.[13]
Династијата Јуј и слабеење на кралството
уредиПричината за падот на династијата на Јуј е најверојатно воената акција на асирскиот крал Тиглат-Пилесер III. Во периодот од 745 до 722 година п.н.е., Израел бил зафатен со внатрешни немири придружени со чести узурпации на кралскиот престол. Кралот на Израел, Менаим во ова време му плаќал данок на кралот на Асирија. За возврат, асирскиот крал му помогнал на Менаим да дојде до власт. Крвавите обиди на Менаим да собере пари за Асирија довеле до негов атентат. На престолот седнал Фекај кој стапил во сојуз со стариот противник на Асирија, Дамаск. Кон сојузот се приклучил и Едом. Нивна цел било да создадат антиасирски блок кој ќе ги контролира клучните точки на трговијата.[13]
Падот на кралството
уредиВо в. 732 пр.н.е., израелскиот цар Фекај, додека бил во сојуз со Резин, арамскиот цар, му се заканувал на Ерусалим. Ахаз, јудејскиот крал, побарал помош од Тиглат-Пилесар III, асирскиот цар. Откако Ахаз му платил на Тиглат-Палесер,[14] Тиглат-Палесер ги ограбил Дамаск и Израел, припојувајќи ги Арам[15] и територијата на племињата на Рувим, Гад и Манасија во Галад. Луѓето од овие племиња, како и водачот на Рувим, биле заробени и преселени во регионот на басенот на реката Хабур.( Chronicles%205:26&verse={{{3}}}&src=! 1 Chronicles 5:26 {{{3}}} ). Тиглат-Пилесер ја зазел и територијата на израелското племе Нафтали и градот Јаноа во Ефраим, а во областа Нафтали бил поставен асирски управител. Според Kings%2016:9&verse={{{3}}}&src=! 2 Kings 16:9 {{{3}}} и Kings%2015:29&verse={{{3}}}&src=! 2 Kings 15:29 {{{3}}}, населението од Арам и анектираниот дел од Израел било депортирано во Асирија.
Остатокот од Северното Кралство Израел и понатаму постоело како независно кралство до околу 720 г.п.н.е. Тогаш повторно било нападнато од Асирија, и остатокот од населението било депортирано. За време на тригодишната опсада на Самарија од страна на Асирците, Шалманесер V умрел, а него го наследил Саргон II, кој самиот вака го запишал заземањето на градот: „Самарија, ја погледнав, ја заробив; 27.280 луѓе кои живееја таму ги однесов“ во Асирија. Така, околу 720 година пр.н.е., по два века, завршило царството на десетте племиња. Некои од израелските заробеници биле преселени во регионот Хабур, а останатите во земјата на Мидијците, со што се формирале хебрејски заедници во Екбатана и Рагес. Во Книгата Товит пишува и дека Саргон однел други заробеници од северното кралство во асирскиот главен град Ниневија.
Хебрејската Библија наведува дека населението кое било протерано од Кралството Израел станало познато како Десетте изгубени племиња. Јудејското Кралство продолжило да постои како независна држава до 586 г.п.н.е., кога било освоено од Нововавилонското Царство.
Самариќанска верзија
уредиСамариќанските преданија велат дека мнозинство од населението на Северното Кралство Израел останало таму по прогонството, меѓу кои и племињата на Нафтали, Менасија, Венјамин и Леви - како родоначалници на современите Самариќани. Во книгата Откопаната Библија (The Bible Unearthed), израелските автори Израел Финкелштајн и Нил Ашер Силберман проценуваат дека само една петтина (околу 40.000) од населението од Северното Кралство Израел всушност биле исселени вон областа за време на двата периода на депортација од Тиглат-Пилесер III и Саргон II.[4] :221Многу израелски племиња од Северното Кралство исто така побегнале на југ во Кралството Јудеја; се чини дека Ерусалим петкратно се зголемил во овој период, и од царот Езекија било побарано да изгради нов ѕид и да обезбеди нов извор на вода за Силван.[5]
Запишана историја
уредиРелигија
уредиВо Кралството Израел во религиозна смисла имало два главни тренда. Еден тренд, обожавањето на Јахве. Но, Хебрејската Библија наведува дека дел од населението во Кралството Израел исто така го обожавале Вал - опишано во Библијата (Kings%2016:31&verse={{{3}}}&src=! 1 Kings 16:31 {{{3}}} ) и во Циклусот Вал откриен во Угарит.[19]
Хебрејската Библија исто така наведува дека Ахав го дозволил култнотото обожување на Вал. Неговата сопруга Језавела била ќерка на феникискиот цар од Тир и приврзаник на обожувањето на Вал ( Kings%2016:31&verse={{{3}}}&src=! 1 Kings 16:31 {{{3}}} ). [20]
Наводи
уреди- ↑
- Rollston, Chris A. (2010). Writing and Literacy in the World of Ancient Israel: Epigraphic Evidence from the Iron Age. Society of Biblical Literature. стр. 52–54. ISBN 978-1-58983-107-0.
- Compston, Herbert F. B. (1919). The Inscription on the Stele of Méšaʿ.
- ↑ Hasegawa, Levin & Radner 2018.
- ↑ Younger, K. Lawson (1998). „The Deportations of the Israelites“. Journal of Biblical Literature. 117 (2): 201–227. doi:10.2307/3266980. ISSN 0021-9231. JSTOR 3266980.
- ↑ 4,0 4,1 Finkelstein, Israel; Silberman, Neil Asher (2002) The Bible Unearthed : Archaeology's New Vision of Ancient Israel and the Origin of Its Sacred Texts, Simon & Schuster, ISBN 978-0-684-86912-4 Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „fink“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 5,0 5,1 Finkelstein, Israel (2015-06-28). „Migration of Israelites into Judah after 720 BCE: An Answer and an Update“. Zeitschrift für die alttestamentliche Wissenschaft (англиски). 127 (2): 188–206. doi:10.1515/zaw-2015-0011. ISSN 1613-0103. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:2“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Shen и др. 2004.
- ↑ 7,0 7,1 Finkelstein, Israel (2013). The forgotten kingdom : the archaeology and history of Northern Israel. Society of Biblical Literature. стр. 158. ISBN 978-1-58983-910-6. OCLC 949151323.
- ↑ Dever 2017.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Davies 2015.
- ↑ See Yohanan Aharoni, et al. (1993) The Macmillan Bible Atlas, p. 94, Macmillan Publishing: New York; and Amihai Mazar (1992) The Archaeology of the Land of the Bible: 10,000 – 586 B.C.E, p. 404, New York: Doubleday, see pp. 406-410 for discussion of archaeological significance of Shomron (Samaria) under Omride Dynasty.
- ↑ 2 Kings 3
- ↑ 12,0 12,1 Finkelstein, Israel (2013). The forgotten kingdom: the archaeology and history of Northern Israel. стр. 74. ISBN 978-1-58983-910-6. OCLC 949151323. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 Roberts 2016.
- ↑ 2 Kings 16:7-9
- ↑ Lester L. Grabbe (2007). Ancient Israel: What Do We Know and How Do We Know It?. New York: T&T Clark. стр. 134. ISBN 978-05-67-11012-1.
- ↑ Kuan, Jeffrey Kah-Jin (2016). Neo-Assyrian Historical Inscriptions and Syria-Palestine: Israelite/Judean-Tyrian-Damascene Political and Commercial Relations in the Ninth-Eighth Centuries BCE (англиски). Wipf and Stock Publishers. стр. 64–66. ISBN 978-1-4982-8143-0.
- ↑ Cohen, Ada; Kangas, Steven E. (2010). Assyrian Reliefs from the Palace of Ashurnasirpal II: A Cultural Biography (англиски). UPNE. стр. 127. ISBN 978-1-58465-817-7.
- ↑ Delitzsch, Friedrich; McCormack, Joseph; Carruth, William Herbert; Robinson, Lydia Gillingham (1906). Babel and Bible;. Chicago, The Open court publishing company. стр. 78.
- ↑ Miller, Patrick D. (2000). The religion of ancient Israel. London: SPCK. ISBN 978-0-664-22145-4. OCLC 44174114.
- ↑ „JEZEBEL - JewishEncyclopedia.com“. www.jewishencyclopedia.com.
Извори
уреди- Davies, Philip (2015). The History of Ancient Israel. Bloomsbury Publishing. ISBN 978-0-567-65582-0.
- Dever, William (2017). Beyond the Texts: An Archaeological Portrait of Ancient Israel and Judah. SBL Press. ISBN 978-0-88414-217-1.
- Hasegawa, Shuichi; Levin, Christoph; Radner, Karen, уред. (2018). The Last Days of the Kingdom of Israel. Walter de Gruyter GmbH & Co KG. ISBN 978-3-11-056660-4.
- Mazar, Amihai (2010). „Archaeology and the Biblical Narrative: The Case of the United Monarchy“. Во Kratz, Reinhard G.; Spieckermann, Hermann (уред.). One God – One Cult – One Nation: Archaeological and Biblical Perspectives. Walter de Gruyter. ISBN 978-3-11-022358-3.
- Roberts, J. J. M. (2016). „The Divided Monarchy“. Во Niditch, Susan (уред.). The Wiley Blackwell Companion to Ancient Israel. John Wiley & Sons. стр. 197–212. ISBN 978-0-470-65677-8.
- Shen, Peidong; Lavi, Tal; Kivisild, Toomas; Chou, Vivian; Sengun, Deniz; Gefel, Dov; Shpirer, Issac; Woolf, Eilon; Hillel, Jossi (2004). „Reconstruction of patrilineages and matrilineages of Samaritans and other Israeli populations from Y-Chromosome and mitochondrial DNA sequence Variation“. Human Mutation. 24 (3): 248–260. doi:10.1002/humu.20077. ISSN 1059-7794. PMID 15300852.
Надворешни врски
уреди- За Израел - Информативниот центар за Израел
- Библиска историја . Ресурсен центар за еврејска историја - проект на Центарот Динур за истражување во еврејската историја, Хебрејскиот универзитет во Ерусалим
- Комплетна библиска генеалогија Синхронизирана табела на кралевите на Израел и Јуда
Предлошка:Ancient states and regions of the Levant
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „Notes“, но нема соодветна ознака <references group="Notes"/>
.